Девојки дали некоја од вас го има користено овај сапун или е некоја лага и измама на ФБ? Еве што пишува за него Сапун За Лице oд Белката На Јајцето – ВИКТОРИА, ШВЕДСКА Создаден од природни состојки овој сапун: - Ги затегнува порите на кожата - Ги отстранува непотребните масти - Помога да се отстрануват акните - Ја храни кожата ја негува и ја прави многу мека - Држи контсатна свежина на вашето лице Богат е со протеини од белката на јајцето кои ги отстрануват црните мали акни од порите на вашата кожа. Начин на употреба : Нанесете пена од сапунот на лицето и вратот, изедначете ја пената и оставете ја да седи за 5 минути. Нечистотиите природно ќе бидат повлечени од порите. По испирање, чист и здрав сјај се појавува на кожата. За секој ден третманот со овој сапун ги отстранува малите непотребни и мртвите честички од кожата , jа носи циркулацијата на крвта на површината на кожата и го стимулира малите мускулни влакна. Практикувајте го овој третман за долго време , после две недели или 10 дена вашата кожа ќе биде значително подобрена. Ветување за чиста, свежа и убава кожа што носи сапунот за лице Ланолин Агг Твал користејќи го секој ден.
^Каде може да се набави и цена ако знаеш, по тоа прво ќе можеме да видиме колку е веродостојно, па ако е со ок цена може и да се проба.
Го гледав и јас на фб https://www.facebook.com/pages/Victoria ... 33?fref=ts еве линк цената му беше околу 200ден. Пробано- не го имам
Да и јас на ФБ го видов, како марка и како производ вистина постои проверив го има, ама некако ми изгледа многу добро за 200 ден...баре што с однесува до рекламите на кои што не му верувам баш
За 200 денари вреди да се проба Иако има неколку што искометирале дека се задоволни. Спојлер This soap really works fine on the neck and face. I am highly recommending it to the people with greasy skin prone to acne. I use it 2 times per week and it makes my skin soft and clean. Since I started using this soap, I have no acne and my skin turned from greasy to normal. Thank you for making this soap this useful. Lookig forward for other great products for hair. Е сеа има наведено дека е од природни состојки белка од јајце и розова вода, ама колку е баш природен не се знае Само сепак мислам дека нема да одговара за сува кожа повеќе е за мрсна- комбинирана кожа
Сакам да почнам да го користам кремот Здраве прочитав дека сте задоволни од кремот,но од каде можам да го купам?
Кремот Здраве го има во Зегин аптеките и чини 50 денари. Јас сум доста задоволна од кремов бидејќи дејствува брзо,а верувам дека на сите ни се има случено да ни се направи мозолче пред некој важен настан. Е сега за некое долгорочно решение не е значи од него нема да престанат да ти се прават мозолчиња и од него кожата нема да ти стане почиста или помека на допир, па ако истовремено користиш некој лосион за помека,почиста или поубава кожа не престанувај и немој да го заменуваш со кремов. Но доколку итно ти треба некое да ти помине тогаш е добро решение. Но внимавај кога ќе го ставиш кремот ставај само на местата каде што имаш мозолчиња односно директно на нив, не на целото лице или кожата околу мозолчето само дирекно на мозолчето. Бидејќи јас ставив на целото мое лице и кожата ми ја исуши премногу, започна да ми се лупи и беше ужасна на допир. (а имам мрсна кожа така да можеш да замислиш колку суши кремов)
а има ли некој некакво искуство со алое вера,не креми и гелови од алое вера,туку течноста (сокот) од листот на алоето?
Девојки, по препорака на дерматолог земав биодерма мицеларна вода, и две креми за лице. Sébium AKN за третрирање на комедони и акни и Photoderm AKN Mat за заштита од сонце. Уште од првото нанесување на двете креми осетив пецкање на лицето и црвенило ама не се потресував нешто посебно мислев нормално е. Утрдента го исчистив лицето со мицеларната вода и пак нанесов од Sébium AKN кремата и за 5 минути, лицето ми се вжари ми стана црвено, ми потекоа очните капаци и целото лице ми се поду. Од памет се извадив, дека никогаш не сум имала осетливо лице и од ништо што сум пробувала не сум имала реација. Одма го измив со ладна вода и нанесов малце маст од невен да ми го смири.Малце ми се подсмири црвенилото ама отоците никако да се повлечат еве од вчера. Дали имате совет што да правам? Не ми се верува дека дадов 3000 ден за козметика што ќе морам да ја фрлам. Дали можеби некој имал слично искуство?
Можеби си алергична на некоја од состојките која ги има во кремите. За да ти се повлечат отоците, свари си чај од камилица, олади го, натопи памукчиња во него и наложи ги на отечените места. Оставај ги некое време на лицето и повторувај ја постапката 2-3 пати во текот на денот. Ќе се повлечат со сигурност, но во секој случај извести го дерматологот за реакцијата.
Здраво, да ве прашам денеска го правев тој третманот со дермоабразија и фореза па ме интересира дали денес може да го мијам лицето и да се намачкам со Далацин зашто Нина ми рече тоа да користам овие денови, само не знам дали денес може да употребам антибиотик или нема врска тоа?? Благодарам однапред.
Не знам колку ти е од помош сега ама сепак да си знаеш за понатаму. Без разлика што си правела на лицето, антибиотик мораш да имаш 24/7 Бидејќи веќе си започнала со третмани претпоставувам дека акните ти се локализирани. Значи ставај далацин само на нив ама постојано. Плакни го неколку пати лицето со ладна вода, и ставај си од антибиотикот. Доколку се шминкаш, исто мораш да нанесуваш антибиотик на акните, па крема со заштитен фактор па потоа пудра и се останато. Без антибиотик и без крема со повисок СПФ (30 или 50) никако не излегувај надвор И во случај да е нешто итно, како ова, подобро јави се на Нина и прашај ја, додека на форумов види некој што знае да ти одговори можат да поминат неколку дена А докторкава е многу фина, нема да ти се испонаша по телефон, туку сигурна сум дека ќе ти помогне. И уште нешто, каде и се наоѓа сега ординацијата? Колку што сум упатена, сега веќе не е во Дебар маало на истото место, преместена е. Ако и го имаш мобилниот или новиот број од ординацијата прати ми го по лп, бидејќи јас откако си го решив проблемот немам отидено веќе Баш сакам некој третман да ми направи за освежување
Како до чисто лице?-Прашање што многумина го поставуваат ,а малку добиваат вистински одговор.Затоа што не на секој му одговараат исти креми,лосиони и слично.Некој има масно лице некој суво .... Јас до сега имам забележано колку пудрите за лице се големи виновници за тоа.И секако нередовното чистење на лицето. Пудрите за лице ја гушат кожата,ги затвараат порите и како да не се ствараат бубулици и нечисти наслаги.Поготово сега во топло време. Јас скоро никогаш не ставам пудра,освен за некој прилики мн ретко и лицето ми е мн чисто ,никогаш не сум имала проблем.Се што ставам на лицето е бебешка крема понекогаш и го мијам неколку пати на ден или со млака вода само или со органски лосион за лице. А иначе и Клиндацинот помагал многу знам на другарками и помогна да го исчисти лицето
Koристам Eucerin и сум презадоволна. Ми го исчисти се лицето за кое мислев дека никогаш не би се исчистило.
Ја нарачав колекцијава од Орифлејм. Ја користам скоро 2 недели и задоволна сум од резултатите навистина ми се чисти лицето . Прво со ова се мие и масира лицето. Потоа од тонеров се нанесува на памук и се чисти лицето. И на крај нанесувам ова(нешто е како пудра)само на деловите од лицето каде што имам мозолчиња. Ова ги покрива и придонесува за побрзо да ти поминат. Засега добро се покажува Кога ќе ги дотрошам се надевам деак веќе нема да имам ништо .
Дојдов да ви препорачам нешто за тие што имате акни и си имате мака со нив. Сакам да ви кажам дека е ефтин производ а вреди навистина многу.Брат ми е во пубертет и мака си мачеше со акните,како да ви кажам имаше премногу проблеми лицето му беше отечено и премногу го чешаа. Го зедовме лосионов и можам да кажам дека само по неколку дена користење има видливи резултати,лицето му е поизчистено и му делуват свежо,кажува дека воопшто не го болело и не чуствувал никакво пецкање или чешање. Тој има мрсна кожа,па навечер пред да спие прво го мие лицето со Дав сапун ( не можам да најдам слика) има некоја бело кремаста опаковка и убаво мириса,не е тој од Шеа.Потоа го нанесува лосионов со памук преку цело лице,и посебно по малце ги тапкат бубљиците. Исто и дечко ми го има користено овој лосион додека бил во пубертет,па и тој е премногу задоволен. Јас немам проблем со акни,па не користам вакви лосиони.Единствено само кога сум пред\после циклус ми излегува по едно бубљиче но го решавам со Здраве кремата. Цена на чудово е 230 денари.