И мене ова чудо ме спаси , ама касно го открив.Не дека имав некој тежок проблем , ама челово ми се расфрлаше . Позадоволна сум од на галафарм , како маслено е некако , ова на леа појако е .
Ама баш се лажете со ова лосионот, јас го користев, лицето еден период стакло ми се напраи, ама после тоа цело ми се изнафрли, и едвај се спасив. Барем моето искуство така покажа, јас после тоа користев прво далацин, и ми се ублажи лицето, а сега користам крем имекс, кој ми ги суши акните, и морам да кажам лицето ми е во мн.подобра состојба.
Лосионот е за моментално чистење на лицето. Кога ќе престанеш да го користиш , ќе ти се нафрла пак лицето и плус ќе ти се исуши кожата од лосионот. Користете препарати што внатрешно ќе ви ги чисти акните. И неможе од одма да се среди се. Чистењето од акни е процес...
и тоа голем процес ке биде на лечење ако земате на своја рака...јас така си го упропастив лицето со ставње све и свашта..сега мака мачам да го средам...одам на дерматолог ...и сега фала богу го средив до некој степен ама уште треба...
Што помалку хемија, толку почисто лице.Помалку купечка козметика, повеќе домашни рецепти.Јас лично се уверив во тоа.
Незнам дали е ова соодветната тема но сакам да споделам едно искуство. Пред едно 2-3 години имав тежок проблем со акните и се обратив во дерматолошката ординација на Др Пешиќ, Дермамедика. Докторот Пешиќ, стариот, ми препорача третмани и ласери во нивниот центар со гаранција дека се ке се среди и ме препушти на извесна докторка Верче. Следеа редовни еднонеделни посети на ординацијата кои се сведуваа на немилосрдно стискање на лицето од страна на докторката со долгите розеви нокти, па ласери меѓу кои ја препознав и онаа обична Цептер лампа Биоптрон или како и да се вика, па третмани со овошни киселини, хемиски пилинзи, купови креми (секој доктор нели си соработува со дадена козметичка кука од која зема и те како добар процент). Да не должам, месечно давав по 400 евра за лекувањето...а ни по 6-7 месеци немаше никаков ефект. Всушност, имаше ефект, ми се појавија дупчиња од стискањето на докторката. Никогаш нема да ја заборавам. Едно неинтелигентно створење...а тек очите на сопственикот, требаше веднаш да знам, дека во нив освен алчност за пари нема никаква желба за излекување. Најпосле, една пријателка ми ја препорача др Ирена Димитровска во Осми септември, и за 1-2 месеца се куртулив. (Можеби затоа најбудно го следам форумот за нега на лице). Сакам да кажам, дека сите тие креми, кои ветуваат чудаа кои како печурки никнат секој ден по рафтовите, нема ама баш ништо да помогнат. Сега користам само обичен беби сапун и најелементарен навлажнувач за лице, одвреме навреме маска од зелената глина од Виталија и се е добро. На сите кои имаат проблем со зголемено лачење себум, црнки и акни, им ја препорачувам Др Ирена,
^ Го видов истиов на алиекспрес и баш сакам да си го нарачам воопшто не е скап(некои 4 евра е и плус 2 евра шипинг) ама незнам колку е функционален за тие пари. Еве ти линк од производот во случај ако сакаш да го нарачаш http://www.aliexpress.com/item/Free-shi ... 42818.html
Би го препорачала за нормалана и комбинрана кожа, со нежен смирувачки мирис на алое и хамалили, го користам повеќе од месец дена и сум задоволна. Околу 210 ден, во Зегин НЕ СОДРЖИ АЛКОХОЛ
јас имам нормална кожа па кремов никогаш не ми го исушил лицето, го ставам на цело лице и пред спиење и преку ден и како подлога за пудра... (затоа ефектите се индивидуални нема врска со тоа каква е кожата кај секој може различно да делува)
Се согласувам со тебе. Одлична е. Само што мене после вадењето лицево ми беше многу суво па морав веднаш да ставам високо хидрантна крема. Инаку лицето го прави меко, нежно, мазно, милина. Мене дури и некои црнки ми ги прочистуваше на носот, оние кои беа најповршински и лесно отстранливи. Другите не баш. За оние со посуво лице пишува во упатството за употреба дека при подготовка може да се стави 2-3 било кое масло да не ја суши многу кожата.
Јас имам чисто лице. Имам само еден белег кој не ми е на лицето туку под муцката долу не се ни гледа. Брунчиња не ми излегуваат а кога ќе ми излезат обично за време на менструацијата имам едно две и не ѓи чепкам само ракија им стават и ми поминуваат. Пудра користам ептен ретко кога одам некаде и не ставам никакви помади ниту ништо само со обична вода си го мијам.
Бидејќи тоникот и кремот за лице ми се при крај решив да истражувам за нешто ново па ја најдов оваа колекција. Па сакав да Ве прашам за пофалба или критика. Инаку имам комбинирано кожа. Каде можам да ја најдам колекцијава? Дали одговара на мојава кожа? И евентуално на цените на овие производи ако ги знаете?
Во пубертет имав ситни бубулици. Се секавам една комшика и даде на мајка ми некаков рецепт за серум за чистење на лицето. Со рецептот отидовме во аптека и ни го направија. После два три дена лицето ми беше стакло. Беше бело и страшно горчеливо. Знам дека откако ќе ставев легнував да спијам и утредента перницата беше ептен валкана. Го чистеше целото лице. Дали некој знае каде можам да прашам за серумот. Ги завртев сите аптеки и никој не знае. Комшивката ми беше во Охрид, бидејќи тогаш таму живеев, а сега не сме во контакт
Јас имав многу проблеми со акни и со црнкки на лицето, но веќе подолго време ја користам Pure Control линијата на Евелин што вклучува крема, стикче, лосион и маска и лицето комплетно ми се исчисти. Јас сум презадоволна им ја препорачувам на сите бидејки одговара на сите типови на кожа