Вчера ми се исфрли лицето https://fbcdn-sphotos-h-a.akamaihd.net/ ... 6f49410377 вака па сакав да ве прашам да не знаете зошто ми се исфрли втор пат вака ми се исфрла
Мене лицето ми е чисто, дури и бб кремот ми врши работа, немам потреба од тешки пудри со јака покривност, но порите ми биле цел живот проблем. Е сега, после доста совети и истражување, сакам да го купам овој серумот на Лореал, кој би требало да е мојот повик за спас со проблемот со порите. Дали го има кај нас во Мкд, каде и колку пари е? Јас секако утре ќе поминам низ некоја парфимерија, но ако не поминам у случај да не испаднам, да си знам, и да одам да го купам, пошто незнам уште колку дена ќе седам у Скопје, треба да си одам до дома.
Едно големо НЕ за Дерма Медика. Пред 3-4 години бев на преглед таму и не се ни вратив повторно. Докторката ( да не ја именувам), веднаш ми препорача некои пилинзи (без претходно да види хормонска слика). Односот од нивна страна кон мене (како пациент) - катастрофален и непрофесионален! Сега сум си сам свој дерматолог (и тапкам во место). Го мијам лицето со сапун од Dove,користам Дермогал, Здраве, зелена глина (еднаш или двапати неделно),хидратнтна крема од Авон и најново-маска од белка. Морам под итно да си најдам добар дерматолог , сепак имам друга професија.
Јас после толку пребарувања по темава,толку пробувања на се нешто за акните,и многу читање за алоето решив да пробаме со керками пред три дена.И набавивме алое растение на предходно исчистено лице исековме лист алое и со сокот што го пушта алоето го премачкавме местото со акни.Верувале или не еве веке три дена за прв пат и се нема појавено нова акна.
ги купив мерц дражеите но на нашето упатство внатре пишува да се пие по една на ден а на опаковта пишува на српски да се пие по една но 2 пати на ден.да ми кажете како треба и дали се ефикасни.јас ги земав затоа што ми паѓа косата но и лицето почна да ми се исфрла.пробав некои кремови и лосиони но како ништо да не ми прифаќа кожата.ви благодарам однапред
Ми излезе бубулица на образот пред 3 месеца, прво беше внатрешна и како 3-4 бубулици собрани во една. Мислев дека ќе помине како и сите други, ама помина еден месец и ништо. Отидов на дерматолог и ми даде крема сона која ги суши бубулиците, ја ставав ама пак ништо. Иначе го мијам лицето секој ден со Dove сапун. Кога видов дека уште не поминува пробав со секојдневен пилинг од clean & clear барем да излезе бубулицата на површина, ама изгледа од него уште повеќе се вцрвенуваше. 2 недели не го миев лицето со ништо и не му ставав никакви креми, го оставив да дише. Кога ставам пудра како лушпи се праат на тоа место и не изгледа убаво а и пудрата не го покрива црвенилото. Сега нема внатрешна бубулица, само една-две мали на површина, ама кожата на тоа место ми стои црвена. Пак почнав да користам Dove сапун и ми изгледа како да се намалува црвенилото ама не знам колку време ќе му треба Не знам веќе што да правам, дали да пробам со некои апчиња? Или да продолжам со сапунот? Многу се нервирам
Кокосовото масло помага за чистење на лице. Јас еднаш ставив и веднаш се приметува разлика. И прекрасно мириса
И јас земав кокосово масло , демек да ја навлажнам кожата, косата ова она и резултати има одма. Мн сум задоволна башка мојот омилен мирис е ова Со кокосово масло нема да згрешите , а јас па на се ставам , на коса малце да ми мириса, на кожата после бањање. Пробајте здраво е , а контра индикации нема
Здраво феминки... би сакала да слушнам мислење од вас за производите на Леа односно за лосионот против акни и гелот против акни. Можеби претходно има некаде споделено, но со оглед на бројот на страните ме фати некоја мрза да читам Поздрав
Јас ги користам, веќе 5-6 лосиони имам потрошено, гелот помалку го користам и побавно се троши ама многу помагаат. Исто и другарка што има ептен проблем со акни почна да ги користи многу и се исчисти лицето и црвенило и се повлече и се. Само гелот мене ми рекоа само навечер, не е препорачливо на сонце да си изложен ако имаш мислам дека и на кутијата пишува.
Баш денеска си го земав пак лосионот од зегин 210ден. ми го наплати. Тука некаде е и гелот не се сеќавам. Инаку ги имам земано и заедно за 200 и нешто гратис гелот ама ги нема веќе или ретко се начекува во некои од помалите аптеки.
Значи вака... јас имам проблеми со брумчиња на грбот. Бев на кожен лекар и докторката ми кажа дека ми е од пореметување на хормоните и ми даде еден лосион на биоклин акнелиа и плус маст клиндамицин што треба во аптека да ми го стават во лосионот. Сестра ми има користено од оваа колекција и не е задоволна, а и маста со лосионот ми искача некаде над 1000 денари. Искрено не ми се даваат 1000 денари за лосион, башка тој е 90мл. Исто и тој е за акни како овој на леа. На лосионот од леа во составот му пишува дека има само по себе клиндамицин, а исто и во гелот. Па затоа сакав да пробам со лосионот и гелот на Леа.
Купи си ги, јас како пубертетлика ги користев и стварно помагаа. На крај краева потроши ги па ако нема ефект тогаш купи ги поскапите. Јас за акните на грбот користам Хлоракол на Галафарм и стварно ги суши. Само што првите денови чим почнам да го користам се исфрлувам уште повеќе, после 3-4 дена веќе се повлекуваат, што е добар знак. Значи дека ја вади нечистотијата од подлабоко. Инаку е околу 110-20 денари во Зегин.
Пробав многу производи лосиони, креми, домашни маски и што уште не но немаше ефект. Немам многу акни на лицето но постојано ми се појавуваа мали гнојчиња и страшно ме нервираа, после толку фрлени пари за глупости конечно најдов нешто што одговара на моето лице. Веќе година користам лосион Клиндамицин на Леа, содржи камилица и антибиотик. Го има скоро во сите аптеки, цената е околу 200 денари.
И јас си ги купив лосионот и гелот на Леа со клиндамицин. По 211 денари се и двата производа, во зегин ги купив. Ќе пробам, па ќе ви кажам и мое мислење ( се надевам ќе биде позитивно )