Smilly незнам, не сум ја користела таа крема. А Нејм, па ти кажав, нормално е да ти се суши кожата. Не претерувај со лосионот и гелот и немој повеќе од два пати дневно да се миеш со сапун.(можеби и тоа е многу). Обавезно мачкај се со хидратантна крема, пиј повеќе вода и кога го миеш лицето гледај со повеќе вода плакни го.
bravo, se vooduseviv kolku ste informirani vo vrska so problemot so aknite. jas na ovaa tema stanav doktor, mislam deka i sto treba i sto ne treba nauciv,probav,napraviv e za zal bez rezultati.trosev pari mnoguuuuuuuuuuu po privatni dermatolozi, drzavni soveti,hormonalni tableti, takvi onakvi lekovi i nisto uste imam prolmem so aknite na liceto, dekolteto i grbot. No, barem sega znam deka imam cista na desniot jajnik i od toa se isfluvam celata so bolni akni. Se e povrzano so vnatresnosta Seusto ne sum prevzemala nisto vo vrska so cistata mislejki deka ke se resi bez hiruska intervencija, no po se izgleda ke moram. Ako slucajno nekoja imala vakov problem bi bila blagodarna ako slusnam sovet pozdravi
До сите мои форумки тука, оние со кои имам зборено знаат какви проблеми имам со кожата за другите, ако можете, добредојдени сте за помош =) значи пред некој ден се заглеав нешо у слики од прошлата година од екскурзија и глеам лицето џам..по некоја само сум имала друго ништо..сеа кога ке се погледнам во огледало во несвест ми се пага.. лицето ми е лом, полна сум со бубулици секаде, без пудра неможам надвор да се појавам..значи мене сега скоро ми се појавени..зашто незнам..другарка ми вика пубертет сега влагам...е шо, имам другарки воопшто немале бубулици..и сега немаат..што има везе пубертет..ниту ми касни, дури ми доага по 10-20 дена порано!! Јес да имам пудра (лесна) ама во поголема количина, преку ден, али СЕКОЈА вечер си го неговам лицето, си го чистам,кремче ова она, маскичка по некоја, не е да оставам нечистотии да се трупаат или пудра да оставам и да си легнам...секоја вечер, квалитетно време посветувам и пак ништо!!! еве ке си отиде глеам една бубуличка,се вртам, на другиов образ 3 други ислачаат! А уште и ме болат од едната страна! Се мислам или дерматолог да посетам, што не верувам нешто ке помогне,само ке лапне пари, козметичар не доага у обзир,може само за совет, или да ми зимаат крв,да се види внатрешната страна, нешто не е во ред.. Ве молам најмногу ако имате некој совет кажете ми зашто стварно бубулициве ми го уништуваат животов..!! а убаво девојче сум, срам ми е со луге од блиску да зборам од бубулициве више! не се помирувам,и не ги оставам, мора да се најде причината..не се помирувам со тоа дека сум у пубертет, и шо?? Уште еднаш, сите идеи се добредојдени, не се знае која може да помогне! ви благодарам =)
Нејм јас незнам како да ти помогнам..што знаев се имам напишано тука...со клиндамицинот ти тоа го знаеш и Нина ти има објаснато што како..само треба сега да имаш трпение и да продолжиш да не се откажуваш..и јас како тебе лани пред нова година имав само на едниот образ тук-там..и не користев пудра..ама незнам кои ѓавол ме тера баш за нова годд 2или3тата вечер после неа се собравме другарките и една се шминкаше и и викам јас да си ставам пудра..си ставив и после кога си дојдов дома кога си го миев лицето осетив дека и на другиот образ ке ми излаваат бубалици по тоа што ми беше црвено местото тврдо ме болеше..и после и на другиот образ и ми се рашири целото лице со бубалици(акни, мозолки) ..и еве уште се борам против нив..ама тешко иде.само да ти кажам немој да се откажуваш мора да бидеш упорна за да го добиеш посакуваниот резултат. Среќно ..па пиши што си направила..
Вака сега.. јас одам во Кичево( не знам како се викаше селото ) кај една жена Душка таја таму работи лечи акни и кожни болести, работи со пепел ама како баена да е пепелта ( така таја вели и ако не можиш да одиш на секое ти дава дома да се мачкаш). Има ефект на лицето ми загинаја ( ми останаја само лузините оти ги корнев мозолчињата), на челото немам колку што имав, имам сега кај брадата ама тука многу и никако да ми загинат. А и признавам не сум упорна сакам резултати од 2 недели а жената рече да се стрпам да не престанувам да се мачкам во рок од 1 месец ке сум имала чисто лице ама ... А и познавам луѓе што ги има истата жена лечено и навистина немаат ни едно мозолче. А за лузините ми рече да се мачкам со масло од кантурија в недела треба да појдам на контрола да ме види ае позз
Леле, Анушка дај те молам кажи од кое место поточно е таа жената, како да стапиме во контакт со неа ??? Инаку мислев сега баш да ви пишам моја другарка имаше акни многу ама си ги купи овие производи и сега лицето и е супер, нема ниту една акна...еве ги се мислев и јас да ги земам ама се мислам што како, таман решив да го одморам лицето и да не ставам ништо
Важи, слободно пиши ми ЛП, ај објасни ми што како со тоа баењето, колку пати треба да се оди, што треба да се употребува потоа итн..
за вакви баења и слично јас обично мислам дека е до психата, односно ако мислиш дека ќе ти помогне ќе ти се подобри ситуацијата,затоа што ти така мислиш, ама за акниве не знам до што би било сепак мене не ми е веродостојно тоа, ќе си се држам до препаратите, иако никако да си најдам некој кој ми одговара, од докторс кремот и лосионот ми одговараа колку толку, ама гелот - 2 дена ставив од него и си добив ефект(ама во спротивен правец), имав само по некое ситно мозолче, ама не ги сакав и нив, откако ставив од него ми се направија поголеми и црвени на лицето, мислев ако ставам на нив повеќе ќе ми поминат, ама само кожичката над нив ми се лупеше а тие останаа и окулу нив како изгорена ми беше кожата, сосема сува беше и прекинав со употребата и ставав дебел слој од обичен крем и ми се врати лицето во нормала, а и мозолчињата исчезнаа, па на брат ми му го дадов, го скапав лажење за да го земи си реков и него ќе му се направи така , ама ништо, него му одговараше, само јас сум со проблематична кожа ваква, ретко нешто да ми одговара, уште од мала си имав проблеми со некои креми за лице(се нафрлував), сега пак со овие....ако знаете некој препарат за ваква проблематична кожа кажете одма
веројатно не е пепел, сигурно е некој друга состојка кој помага во исчезнувањето на акните, од пепел сигурно не би поминало, можеби е некој антибактериски прашок кој личи на пепел, па исчезнуваат, друго логичко објаснување мислам дека немам
Производи за мрсна акнеста кожа! Значи јас имав потполно ист проблем! Лицето и грбот ми беа мозолче до мозолче... Се срамев од мозолчињата, па направив шишки. Со тоа уште поголем проблем си направив Ми беше премногу срам да го откријам грбот. Носев маици кои ми го покриваат грбот и мал дел од вратот. Почнав да користам еден препарат, некој и го препорачал на мајка ми. После неколку дена мозолчињата почнаа да се повлекуваат! Мислам, да не се лажеме, не исчезнаа во рок од 5 минути, но после 1-2 недели ги снема. Се воздржав некако и не ги чепкав. Сега кожава ми е потполно чиста! Се вика "Хлоракол", лосион за акни. Би требало да го најдеш во аптека, не е многу скап, 110 денари е. Во почетокот се мачкав наутро и навечер, а сега се мачкам на 2-3 дена, само навечер, бидејќи ми излегува по 1-2 мозолчиња, ама сум многу среќна бидејќи не се како порано, по милион Јас сум презадоволна, пробај и ти, па кажи ги резултатите
Производи за мрсна акнеста кожа! Да, го имам видено тој лосион, го има и по маркети.. А веднаш до него стои и лосионот клиндамисин, па хлоракол..ги немам пробано, али планирам да го земам клиндамицинот, незнам, или хлораколот..
Производи за мрсна акнеста кожа! Читајќи ја темата "Како до чисто лице" налетав на неколку прајслес совети за мрсна/акнеста кожа. Црниот Докторс сапун + Леа лосионот со клиндамицин + Коластина антибактериско кремче, комбинацијава употребена пред спиење е навистина ефикасна. Плус, би напоменала дека пилингот е особено важен. Благите пилинзи се најдобри бидејќи појаките можат дополнително да ги изиритираат акните. Мислам дека Розевиот на Фриман е одличен. Јас го користам моментално појакиот пилинг на Фриман со праска кој е прилично агресивен, меѓутоа мене ми се погоди поради тоа што имам комбинирана кожа (на места премрсна на места ми се перута), убаво ги отстранува мртвите клетки (што е многу битно за акнестата кожа, бидејќи мозолчината настануваат поради запушени пори од мртви клетки и нечистотија). Исто така употребата на глинени маски е неизбежна за чисто и убаво лице (пак би ги споменала Фриман, прекрасна им е глинената маска). Хидратантните креми не смее да се заборават, бидејќи сите производи за третирање на акни (помалку или повеќе) ја сушат кожата. За през ден обавезно убава хидратантна (што е можно помалку масна) крема. Пример: Нивеа за комбинирана и мрсна кожа ( со зелено капаче, многу е убава) или Гарние за комбинирана кожа (исто е убава). Ако и после сето ова нема знаци на подобрување, веројатно се работи за акни предизвикани од хормонални проблеми (што не е толку страшно колку што звучи, со добра терапија се ќе се среди).
За убаво и чисто лице слушам важен е витаминот Е, па во план сум да си купам некои такви таблети. Пробал ли некој од вас? Инаку еве што најодв Витаминот Е делува на следниов начин: * ја влажи кожата, го забрзува репарирањето на оштетувањата предизвикани од дејството на слободните радикали, * ја штити кожата од негативните надворешни влијанија, * го намалува црвенилото, настанато поради прекумерна изложеност на сонце, * го спречува настанувањето на темни флеки на кожата, го намалува настанувањето на брчки и ја одржува кожата мазна и витална за подолг период.
Нејм , пивскиот квасец е добар за зајакнување на ноктите и косата и за помазна кожа(подобар тен) ,јас ги пијам подолг период аптекарката ми рече ако ми се препорачани од лекар тогаш да пијам 3 а ако не тогаш само 2 апчиња на ден наутро и навечер.Кај мене дејствуваат а и кај било кој организам не верувам дека штети а има и улога во чистењето на акните
Можеби има улога и во чистењето на акни и во растот на косата и ноктите, ама јас колку што знам дека има и улога во зголемување на тежината, што значи јас не би пробала, имам вишок на килограми па уште тоа ми треба да додам уште + вишок...сепак твој избор..