Здраво женски Нова сум на форумов и може да направам пар грешкички ) Би ми било драго доколку ми одговорите на моиве прашања. Имам проблеми со лицето неколку месеци, ама постојано одложував да побарам стручна помош бидејќи мислев дека како и секогаш ќе го средам , но почна многу да ми се мрси и да ми се појавуваат црнки и слични работи, за на крај да отидам до кај д-р Николина од Медикоз бидејќи најмногу ми ја изнафаливте Бев денес, беше многу мила и фина, ми кажа (како и на повеќето) да користам далацин гелот, да дојдам на контрола за десетина дена и после ми рече понатака ќе ми дала некоја крема за чистење,а на крај на септември третман. Ми кажа дека имам убава кожа и дека не би требало да има никаков проблем. Е сега .. ми кажа да ставам пудра само доколку морам и тоа многу малку. Прашањето ми е, дали вие што сте го имале сличниов проблем и сте биле кај оваа докторка, се шминкавте и колку? И дали во текот на тие две три недели додека го користевте гелот ви се појавуваа нови мозолки или слично? Докторката ми напомена дека можеби некои чудни работи ќе ми се појават додека го користам гелот ...и такаа Фала однапред на одговор феминки со лиценца убави
А кремава се користи само за мозолчиња и акни? Пошто прочитав дека ти исчезнало црвенилото, може да се употребува за црвенило без мозолчиња, акни?
Кожата ќе ти се нафрла заради тоа што Далацинот вади се одвнатре на површина, затоа не се плаши бидејќи ти се чисти кожата. За пудрото, јас користев, не можев да испаднам без пудро, ама кога си идев дома одма го бришев и се мачкав. Ако можеш да не ставаш ич пудро многу поарно и побрзо ќе ти се исчисти лицето, ако не можеш барем пробај да избегаваш и кога си дома цело време да бидеш намачкана со Далацин.
Јас сум задоволна. Имам осетливо лице, но водава не ми направи некои дополнителни проблеми со исфрлање нови мозолчиња или затнување на порите, ако мислеше на тоа.
Здраво на сите, нова сум на форумов и ми треба ваше мислење Во вторникот правев абразија со фореза кај докторката Николина во Медикоз. Денеска после два дена сеуште имам благи отоци на образите и на истите тие места ми се прават рани и корупки коишто се поголеми и ме печат. Мачкам со Далацин Ц постојано. Ме интересира дали некој имал слично искуство и после колку време зараснуваат раните, бидејки од недела почнувам да држам часови по аеробик, па несакам ученичките да ме видат ваква?
Индивидуално е тоа Третманов го правевме и јас и другарка ми во ист ден, и мене ми се среди лицето можеби за повеќе од една недела, додека на другарка ми за три четири дена. Не реагира секоја кожа на ист начин МОже ли по лп да ме исконтактираш за локација и бројче од ординацијата? Јас одев кај неа, ама во дебар маало додека беше, откако се премести ниту и знам адреса ниту број. Во однос на шминката, шминкај се минимално ако веќе мораш. Еднаш пишав, со другарка ми го имавме истиот проблем и бевме под иста терапија. само што таа не ставаше воопшто шминка јас ставав само пудра и тоа на 3-4 часа преку ден. Верувај дека кај неа упола се скрати времето за лекување Верувам дека е поради тоа што не користеше ништо. Ако можеш да излегуваш без пудра би ти го препорачала баш тоа, додека си под терапија барем. Ако сепка користиш пудра, прво на чисто лице стави далацин, па крема со висок фактор па дури потоа пудра. Ама далацин и крема со спф мораш да имаш. Кога ке си дојдеш дома, веднаш вади шминка и пак ставај далацин на чисто лице. Предност ти е ако не користиш пудра што можеш и додека си излезена, да ставаш од далацинот бидејќи кожата ти е чиста. Единствено Нина ми рече дека пудра дозволува ама на 3-4 часа и по можност навечер кога нема сонце.
Ти препорачувам да земеш упат и да одиш кај докторката Ирина Арсовска Бежовска на Универзитетска клиника за дерматологија Скопје.Јас имав долгогодишен проблем со лицето и само оваа докторка ми помогна и еве полека ми се средува лицето.
5 Природни препарати за чистење на лице кои можете сами да ги направите 1. Кокосово масло Начин на употреба: Потребни се 2 или 3 капки кокосово масло со кои нежно ќе го масирате лицето 30тина секунди. Потоа земете топла крпа, за да ги отворите порите, притиснете ја за лицето и по 15-30 секунди избришете го лицето. 2. Јаболков оцет Начин на употреба: Користете го како природен тоник. Промешајте 1/3 јаболков оцет со 2/3 вода и течноста нанесете ја на лицето со помош на памук. Откога вашата кожа ќе се исуши, нанесете од вашата дневна крема за лице. 3. Мед и лимон Начин на употреба: Помешајте две кафени лажички мед со една кафена лажичка свежо исцеден лимонов сок. Со прсти нанесете ги состојките на лицето и вратот, почекајте да се исуши, а потоа исплакнете го лицето со млака вода. 4. Јогурт Начин на употреба: Нежно масирајте го лицето со тенок слој на јогурт, а потоа оставете го да дејствува неколку минути и измијте го лицето со топла вода. Овој препарат е одличен за отстранување на шминката од лицето. 5. Маслиново масло Начин на употреба: Подгответе ноќна крема со пола кафена лажичка маслиново масло, ¼ чаша оцет и ¼ чаша вода. Темните дамки од кожата ќе ви избледат, а утрото ќе се разбудите со нежна, здрава и убава кожа.
Некоја крема дами препорачате за намалување на проширени пори? А исто така и крема против флеки и лузни за лице...?
Нема вакво кај нас ( за жал). Има др.Волф средство за миење со бензил пероксид се вика Акне фуг и е доста ефикасно. Цена околу 500 денари.
Пред некој ден го купив овој производ од локална аптека 310 ден. по препорака на аптекарката. Можам слободно да кажам дека е одличен. Претставува некој вид на антибактериски гел или пилинг. Добра работа е тоа што има четка која служи за ефикасно чистење на секој дел од лицето. После миењето кожата е мазна и се чувствува свежина. Одличен е.
Јас ги користам и кај мене има резултати. Вчера на грбот ми се беше појавило брумче (јас го користам за брумчиња на телото инаку) и прво го исчистив со лосионот, потоа го намачкав од гелчето и сабајле кога го видов брумчето беше скрос повлечено.