Луничке никако алкохол, секогаш кога сум пробала сум се зезнала. Јас би ти препорачала од кога ќе го стиснеш да го исчистиш со хидроген, а потоа ако ти се даваат парички да си купиш една ваква крема која трае и трае Јас имам мало, примероче, ми го даде снаа ми која е козметичар и секогаш кога имам некои такви огромни од кои знам дека ќе ми остане флека го мачкам и верувај нема ништо после. Мене вакви ми излегуваат кај брадата и доле на она ивицата помеѓу лицето и вратот како се вика местото сега не ми текнува. Мене ми се прилично болни, а и дур успеам да ги стиснам иако долго време изгледаат како твоево на сликата, мислам дека ќе си пукнам од мака.
Здраво феминки, имам еден голем проблем со лицето. На делот што е пред увото имам големи „флеки“ т.е „модрици“ од тие мозолчиња. Секогаш кога ќе ми се појави некое брунче (обично на тој дел цело време ми се појавува) не можам, а да не го стиснам. Наредниот ден пак гледам дека има гној и повторно го стискам. Сакам да кажам дека тие „модрици“ ми се од преголемо стискање на кожата и не лесно поминуваат. Користев ХЛОРАМФЕНИКОЛ или ХЛОРАДЕРМ ( препорачана од дерматолог) но не помагаат за „модриците“. Па сакам да Ве прашам ако некој го има истиот проблем или слушнал за нешто вакво да ми препорача некоја крема која што навистина ќе помогне.
Девојки не знам како не ви е смачено цело време да ги поставувате истите прашања, мене ми е мачно само што ги читам. Со лосиониве на база на алкохол само површински си ја чистите кожата и моментално привидно го решавате проблемот. Ќе ја исушите кожата поради алкохолот, и одредено време нема да се создаваат акни ама кога кожата ќе почене да лачи повеќе себум з ада ја надохнади штетата која ја нанел алкохолот, нели ја исушил, тој вишок на мрснотија само ќе ви создаде уште повеќе акни од претходно. Затоа и повеќето се прашувате зошто по одредено време лосионите не ви "функционираат" Место да го решите изворот на проблемот вие одите директно на последиците. Не се решава тоа така. Се додека ја имате причината за појавување на акни и не ја отстраните неа, колку сакајте лекувајте ги акните нема никогаш да се ослободите од нив. Прво морате да си проверите хормонален статус, да видите дали е проблемот внатрешен, затоа што џабе ви е и правилна исхрана и нега ако проблемот е во нешто друго. Проверете можеби се работи и за полицистични јајници. Ќе се консултирате со гинеколог, ендрокринолог и ќе ви препишат терапија. Ако не е до тоа тогаш дефинитивно проблемот е до кожата на лицето т.е. причина е многубројното намножување на бактерии. Значи откријте ја причината и неа санирајте ја. Ќе видите кога ќе најдете до што е проблемот акните ќе исчезнат. Ако хормоните ви се во ред, би ви препорачала веднаш да посетите дерматолог. При толку многу добри дерматолози, кои работат да не речам за ич пари не вреди да си го уништувате лицето. Приватен дераматолог кој ви бара само 300 денари да ви го пргледа лицето и да ви препише терапија сигурно ве фаќа поефтино од едно саботно излегување, или од сите пари кои сте ги фрлиле до сега на креми кои не дале никаков ефект. Плус на темава има доста квалитетни мислења, опширни и прецизни кои се кладам дека не сте ги прочитале. Не ме сфаќајте погрешно ама мачно ми е вака кога ве гледам дека едно исто прашања во темава е поставено мал милион пати, и имаат дадено одговори за проблемот да не кажам решенија и вие пак истото го поставувате. Пролистајте ги мислењата на Нина24 на оваа тема ќе видите дека она што го пишувала девојката е потполно истата терапија што ја препорачуваат дерматолозите. И уште нешто, бегајте од таквите дерматолози кои ви препорачуваат да ставате лосиони на лицето. Тоа не е дерматолог. Јас се зезав вака, прочитај ова помогнало купи стави на лице, слушни овој ова ставил ставил, ќе ставам и јас се додека не си го доведов лицето во очајна состојба, поради која верувајте не сакав летен период на одмор да отидам затоа што морам лицето така да си го покажам без шминка. Најефтино и најбрзо решение ви е ова. Јас така си го решив проблемот. А верувајте има решение и за акни и за лузни и за флекита и дупчињата. Само мора да бидете упорни, истрајни. Не мислете дека ако поставите прашање тука, некој ќе ви даде одговор од неколку реченици и проблемот ќе си го решите. Ве гледам се почесто си препорачувате Дермогал, Хлоракол, ракии, алкохол и што уште не. Тоа е премногу агресивно за кожата на лицето. Проблемите самите си ги правите.
CIKALFATE потпишувам со двеве раце за оваа крема... Имам пишувано препишувано за неа во темата креми за лице. Штом веќе сте ја намислиле да си ја купите и тоа веднаш јас би ви ја препорачала и термалната вода на Авене- мојот летен спас! Друго што мене ми помогна, неговото височество море.... Солта! кога се вратив си продолжив со користење на раствор од вода со морска сол внатре (од мртвото море на храна и вино по сите маркети ја има зелено паковање, околу 60ден), истата ја користам и за јадење Трето кое ми помогна , менување на исхрана од темел! Масло само маслиново, може и ленено, пијам минимум 1,5л течности, на течности мислам на вода, или вода со нане/лимон./ чаеви ладни... или нешто цедено, не пијам ни газирано ни сокови Јадете семиња, житарки, се од житарки значи со јогурт или со свеж сок. Месо јадам неможам без место, јајца, млеко- не! Може соино, а јајца конзумирав 2 недели од препелица само, но веќе не. Пијам спирулина, господ да ја благослови На плажа цело време со ф-р 50 на лице И многу ретко користам креми за лице сега посебно кога сум дома ставам само од растворот
Девојки јас пак дојдов да се жалам. Пред да дојди летото, значи пред Јуни месец можам да кажам дека ми се подобри состојбата на лицето, поретко ми се појавуваа акните и немав многу проблеми бидејќи брзо исчезнуваа. Ама од кога дојде летото еве огромна мака си имам, ги имам само на образите, јаболчниците и брадата долу... челото ми е стакло чисто. Одам на третмани за чистење со пареа, стегање и пилинзи.. Прво одев еднаш месечно ама од летово почнав и по два пати, ќе ми ги снема тогаш после третманот и по една недела оп се појавиле нови. Стварно почнав да губам надеж дека некогаш ќе ми се исчистат веќе почнав и во депресии да паѓам.. не ми се излегува никаде, џабе ставам пудра кога се познаваат Пишав наназад на темата дека имам испитано се и хормони и јајници, се е во ред немам никаков проблем. Сега планирам да одам на дерматолог, но многу не им верувам на нив страв ми е да не ми се дозапусти лицето. Бев пред неколку години кога ми се појавија прв пат, ми даде некоја маст и од неа ми се направија уште дупло, затоа сега ми е страв да користам секакви препарати. Имам пробано со што не, Клиндацин, Хлорамфеникол, Здраве крема, Clean&Clear,Авон,Орифлејм.. Не помага и не помага. Одкако почнав да одам на козметичар за чистење од таму користам препарати, млеко за чистење шминка, гел за лице, антибиотик лосион и азулентска крема.. но промени слабо. Не знам што да правам веќе...
^Не ти е страв да одиш по козметичарки, а страв ти е да одиш на дерматолог? Треба ли да коментирам повеќе???
Кажав дека бев на дерматолог два пати кај различни, едниот ми рече да ставам гел Леа и Хлорамфеникол, не помогна па отидов кај друг и ми даде некоја бела маст со парафин и од сите лицето ми се направи лом. Каде што одам на козметичар ми се подобри многу лицето, значи до пред почетокот на летото немав воопшто акни.. одвреме на време по две три, а после тоа цело лето еве и сега пак ми се појавија како порано. Затоа побарав помош..
По летниот одмор, лицето и покрај тоа што постојано беше заштитено со крема со висок зашт. фактор ми се ишара некако, мислам, не се тоа пеги туку флеки по образите и на челото. Знам дека кога ќе помине исончаноста дел од тоа ќе помине, но дали некоја од вас има вакво искуство, и дали знае чаре-а да не мора да се оди на третмани? Некое убаво, пробано кремче против флеки?
Јас имав исто такви , како модринки беа баш.Баш тогаш имав повреда на ногата и користев хепатромбин маст за да ми се повлече модрото.Од истата маст ставав малку на лицето , само на местата каде што требаше.И се повлекоа.Би успеало со која било маст за повлекување на модрици.Се обидев и мене ми успеа
Имаш на Леа крем против пеги и флеки и една крема Цидониа се вика околу 200 денари е ја има секаде. Сепак пробај прво со пилинг два три пати неделно да видиш дали ќе изчезнат, не ставај веднаш креми против флеки. МејДајмондс немаш пробано се, пробај Клиник, лосионот Anti Blemish и кремата би требало да ти го средат лицето. Баш за такви проблеми се наменети, оди во Космо побарај ги ќе ти објаснат детално имаат девојки што се баш промотерки на тие производи. Малку се поскапи, мислам дека околу 2000 е лосионот ама може да ти биде спас. Јас незнам што им е на Дерматолозиве што само два три производи им се лек за се! Или си зимаат процент од тие фирми што вака индиректно ги рекламираат или не слушнале за некои подобри производи!
Штом волку долго не ти се средува лицето џабе ги правиш треманите. И јас бев како тебе,лутав, барав пробував и не се решаваше ништо додека не почнав Роакутан да пијам. Најди добар дерматолог или пиши ми ке ти дадам број од лекарот каде што одев јас.
Роакутанот треба да го даваат кога друго ништо не помага тој е многу јак антибиотик и не го даваат на секој да го пие.
Јас наутро и навечер го мијам лицето со Asso derm сапунче. Потоа го чистам со лосионот Дермогал и навечер пред спиење ставам од таа кремата Здраве. Многу луѓе ми имаат кажано дека не дејствуваат овие работи кај нив, ама мене единствено овие ми помогнаа, што се немам ставено на лицево.. Други битни работи- никако фаќање на лицето со нечисти раце, посебно ваше пешкирче за бришење лице ии внесување повеќе течности и јадење здрава храна. Ова е за пубертетски мозолчиња. После два месеца користење на производиве и здрава исхрана лицево ми е чисто Не можам да кажам со сигурност дека ќе успее кај сите затоа што не знам, ама за мене беше ептен ефикасно и ептен ми помогна
Роакутанот не е антибиотик, ретиноид е( дериват на витаминот А) и ги суши лојните жлезди и на тој начин ја спречува појавата на акни.Пред да се даде се проверува крвната слика. Се користи за лекување на потешки форми на акни, кога антибиотици и локални ретиноиди не делуваат.
Имам мрсна кожа и кога ќе го измијам наутро и ќе го ставам средстовото за чистење на лицето, осеќам како секој дел од лицето да ме затега се додека не си ставам крема за лице. Просветлете ме што да правам, оти ако се шлапам крем секое утро нема да има никаков ефект.
Не ти одговара средството за чистење.Премногу ти ја суши кожата , би требало да го смениш.И јас го имав истиот проблем.Голема грешка е мрсната кожа да се суши.Кога е сува, за да надомести лачи повеќе себум.Сега лицето го мијам само со сода бикарбона и не ми е суво,ниту пак ми се мрси претерано во текот на денот