Штом не се работи за внатрешен проблем, посети дерматолог, искрено јас не знам како не ви е страв да одите на козметичари, тие уште толку ја влошат работата. Овде на форумот ќе прочиташ искуства од девојки од кој се најзадоволни и оди таму. Ке ти препорачаат соодветни медицински креми и третмани, вака само лицето го измачуваш .
Козметичарки избегнувајте колку што можете барем кога се работи за ваква област лице, посебно ако станува збор за проблематична кожа. Кога ќе видам кој се им работи во салониве за убавина, ми се одмилува желбата да им влезам во салон. Ретко кој си ја знае работата од нив, а реално и како ќе си ја знаат со три годишно образование, каде што не учат туку дремат по клупи низ парк со цигара и пиво. И на таква некоја да и дадам да ми го лекува лицето од акни no way MayDiamonds прочепкај ја темата за дерматолози, исчитај ја цела, ќе ти одземе време ама ќе дојдеш до одговор кој дерматолог навистина си ја знае работата. Девојкиве се потрудиле и испишале доста информации, од тоа како работата, каде се наоѓаат па дури и броеви има, твое е само да прочиташ Јас баш поради таа тема ја одбрав Николина. И многу сум им благодарна на девојките кои ја препорачале, затоа што успеав конечно да си го решам проблемот. Единствено нешто што се каам е што порано не посетив дерматолог, туку губев време на домашни третмани и слични глупости и само се депримирав. Не губете ни време ни нерви по козметичари и креми кои сами на своја рака ќе си ги земете. Отидете на дерматолог.
Девојки што мислите за оваа маска? Скапа е, ама според коментарите на страната вреди. http://www.howtobecomeyounger.com/news/mkx1ddweq/1/ Ме интересира дали некоја ја има користено и дали е навистина вака добра?
Деновиве лицево ми се нафрла пак со прилично болни бубулици, кои беа големи, као за стискање и имаше внатре течност ама кога ќе се обидев да ги стиснам стануваше ситуацијата полоша. Болни на допир, а богами и без да ги допирам беа прилично болни, ваљда дека собираа што знам. Бидејќи негата ми е ок, мислев дека е од алергија. Испив апчиња и за алергија, не се смирија. Бидејќи постојано на нет гледам видеа за нега на лице, а и од статии што сум читала ми текна дека аспиринот помага. Најдов вчера дома цела лента, истолчив 6, ставив капка, две вода и ставив малку мед. Измешав и ставив на лицето. Оставив 30 мин. и кога го измив забележав дека болката ја нема. Утрово освен некои црвенила мозолчињата се намалени за некои 80% во големина, оние што беа огромни, а малите освен црвенилото не ги ни има.
Јас имам едно прашање, може малку е глупо ама...си купив мицеларна вода од Нивеа и убаво ми го чисти лицето, но некако многу брзо ми се троши, дали јас многу го натопувам памукчето или што е работата не знам, како го чистите лицето вие со неа, дали прво го мието со средство, сапун. и сл или само со водава и отприлика по колку се става?Јас како сум тргнала за недела дена ќе ја снема.
Јас лицето прво го чистам од шминка со мицеларна вода, менувам повремено Биодерма и Гарниер затоа што имаат поекономични џамбо пакувања. Обично не го топам многу памукчето, со два-три пати капнување ми е доволно да ја отстранам пудрата од лицето. Во спротивно, ако го натопам премногу ми смета кога е многу водено, ми прави неред и не ми вади ништо. Шминката од очите ја чистам со средство наменето за тоа, а дури потоа мијам со гел или пилинг - зависи што ми дојде при рака. Потоа си нанесувам лосион против црнки, па крема. Можеби треба прво да се измие лицето од шминка па да се помине со мицеларна вода, ама јас не можам да замислам на неисчистено лице да ставам гел и да натопам со вода неисчистени очи. Апсурдно ми е и по малку гадно. Мислам дека нема погрешен или правилен начин, сама ќе си видиш како ти одговара најмногу и така практикувај си. За мене ова се покажало најефикасно и не ја менувам „маршутата“. Ако ти изгледа мало шишенцето, а мало е, следниот пат купи ја водата на Гарниер. Големо е шишето и многу споро се троши, ќе ти трае со месеци.
Бројче, јас ја имам мицералната вода од Нивеа сигурно веќе два месеци, ако не и повеќе, ја користам два пати дневно, а имам уште една третина останато од неа. Како што те разбрав користиш памук. Јас користам вакви и можам да кажам дека не се наквасуваат толку како памукот, туку течноста се задржува и нема потреба да се користи многу од истата. Ги користам и за бришење лак за нокти, исто ми треба помалку ацетон со нив. Не мора да земеш Нивеа- ги имам пробано и нема некоја разлика од нив до оние поевтините.
Зависи колку шминка имам на себе. Ако имам пудра и повеќе шминка на очи (под повеќе мислам повеќе од маскара), тогаш чистам прво со водата, па после се мијам, а ако останало уште нешто околу очите од шминката тогаш топам стапче од оние за чистење учи и поминувам околу трепките. Само што мене со тек на време водава ми смета околу очите, па јас ја мијам На лице често ја користам после миење како лосион/тоник, зошто убаво и нежно ми го прави лицето. Само што јас мојата од Гарниер ја имам околу 5,6,7 месеци и еве сега сум при крај.
Да прашам дали јас правам грешка во отстранувањето на шминка. Кога имам ставано потешка пудра најпрво ја отстранувам пудрата со влажни марамици ( какви ми се најдат дома ), потоа го чустам лицето со крем за чистење на лице, па потоа го поминувам лицето со мицеларна вода на нивеа, потоа млеко за чистење на лице од орифлејм и на крај ноќен крем. Истава постапка кога ставам полесна пудра само без влажните марамици, бидејќи најчесто ставам лесна пудра наутро и дури навечер ја отстранувам па нема потреба од влажни марамици. Дали постапкава моја е добра или е многу комплицирана?
Ако ти прија на лицето тогаш не правиш никаква грешка, битно на крај е исчистено од целата шминка, без разлика каква била. Напротив, иако можеби делува комплицирано, јас би рекла дека е дури и повеќе од доволно за убаво и темелно да се исчисти лицето. Јас можеби би го изоставила млекото за чистење на лице по чистењето со мицеларна вода и би одела со крема, но мислам дека нема ништо погрешно - секоја си има свој тертип.
Нема потреба после се да поминуваш плус и со млеко за чистење. Одиш како што треба, само тука грешиш. Еве ја мојата постапка: - млеко за чистење лице - гел за миење лице - тоник - ноќна крема и крема за околу очи. Ако немам ставено шминка само со гел се мијам не ставам млеко. Очите ги чистам со маслен отстрануваш на шминка од очи. Влажни марамици не употребувам никакви затоа што додатно ми ја сушат кожата на лицето и само ги натапкуваат нечистотиите.
Добро тогаш може ќе ги изоставам влажните марамици и ќе одам по твојот редослед само наместо тоник ќе ставам мицеларна вода и пишува на неа дека ја прави идеална кожата за нанесување на крем и ќе го изоставам кремот за очи поради едноставна причина, немам крем за околу очи. Ви благодарам на двете
Ќе почнам да ја применувам и јас твојава постапка, само не знам какво млеко, гел и тоник да купам за мојата мрсна кожа?
Земи ги млекото и мицеларната вода на L'Oreal. Можеби се малку поскапи, но навистина вредат и ја негуваат кожата страшно добро. Зелената колекција во квадарести пакувања е за мрсна кожа. А гел за миење можеш каков сакаш, можеш да земеш и со гранули за подобро одмивање на порите.
Овие денови во план сум да купам ново средство за чистење на лицето. Претходно имав Јанг Дерм, ама немаше видливи резултати, и премногу ме затегаше лицето. Паа некои предлози?
Какви и да земеш земи ги сите од иста фирма, така има најдобри резултати. Јас имам сува кожа, така да за мрсна не знам баш да ти препорачам, ама имаш од сите фирми. Како што кажа Мишела и јас сум многу задоволна од Лореал, ама и Нивеа не се лоши. Најново земав на Зиаја и исто така сум многу задоволна посебно од гелот за миење лице. Во Космо ти се на попуст до крајов на месецов со клуб картичката и таман можеш да се подновиш. Гелот за миење лице од Зиаја за сува кожа земав јас со маслинка е околу 140 денари, млекото е некои 20 денари поскапо. Имаш и сетови спакувани со крема и млеко, а тие се уште поефтини околу 300-400 денари е пакет. Ако не се лажам имаше и лабело со нив или околуочна крема... Разгледај и распрашај се во парфимерија, побарај и сетови и види што најмногу ти се исплати.
Јас го зедов и гелот и лосионот на база на клиндамицин од Леа и лицето мажала ми се опорави мн сум задоволна од овие 2 чуда ќе продолжам да си ги користам...
Девојки некој совет или третман за чистење на мозолчиња ? Што користите за тоа ? И дали знаете некој добар дерматолог во Скопјево што знае да препорача добра крема, бидејќи последниот пат кога бев "успешната докторка" ми даде погрешен третман ?
Можеш да направиш третман за чистење со дермоабразија и хемиски пилинг. Јас одам кај Др.Коста Цветковиќ и сум многу задоволна.Ќе ти препорача и соодветна терапија а не е воопшто скапо.Еве ти нивен вебсајт http://dermaplus.mk/.
сум пробала секакви маски за лице,купени и домашни но најмногу ефект имам од маската со сода бикарбона.две лажички сода и една вода да стане како паста.се става на лицето 15 мин и нежно се имива со вода.има многу убав и брз ефект