Јас пак со моите домашни третмани. Прочитав дека ловоровиот лист е добар за чистење на лице. Отидов до фиока, проверив дали има и имаше . 3,4 листа се ставаат во 200 мл вода која врие, се намалува и се остава 6,7 мин. Се трга од рингла и се остава да се олади, а потоа се собира во шишенце. Чај де, чај сестра ми ме зеза. Јас го правам на три дена, зошто не знам колку е корисно да стои подолго време. Ако некоја има информација колку долго се користат ствариве по дома што ги правиме ќе бидам благодарна за информација. Памук топам со чајов и го чистам лицето по 3 пати на ден. Го прави многу мазно, црвенилата ги намалува, а забележав дека прилично и црнките ги вади на површина (ова особено на носот се забележува после 3то чистење).
Мислам дека 24 часа, ништо повеќе, дури и да се извадени лисјата од течноста. Ова е практично чај и мајка ми ми има кажувано дека не било убаво да се чуваат чаевите кои се приготвуваат на ваков начин така отстоени, е сега ми објасни зошто и како ама јас и билкарството не сме толку ... се разбираме на што мислам. Ако ти е многу листови трошење, преполовувај ја дозата или прави третина колку за еден ден. Jaс да си набавам ловоров лист неколку пакувања и да ти се придружам во третманот, па ќе пишам ефекти. Ми изгледа убаво да се користи како тоник секој ден.
Прашав за чајот и ми рекоа дека може до две недели да се користи т.е 15 дена. Требаше носов да сликам пред и потоа
http://bestcosmeticproducts.net/anti-acne/mk/ Дали го има пробано некој овој производ, гледам го фалат ама да не е без врска??
И јас ја гледав кремава сакав да ја купам, но се премислив по советот на вработената во аптека си купив дневна крема на Avene cleanance-K со овошни киселини и treacneal ноќна крема за проблематична кожа со акни.Кремава направи револуција на мојата кожа.Прочитај и по други форуми, оваа крема е неверојатна за лице.
http://www.biolabmask.com/mkmmnyczu/ дали некој ја има порачано оваја маска или пак знај некој што ја има користено?мене ова MI Iзгледа на чудо сакам да ја порачам но сепак сакам да слушнам и овде некое мислење
Девојки денес бев во аптека беше дојдена една докторка/дерматолог изгледа беше од друг град со некое апартче за испитување на кожата длабински.. Ми ја прегледа и ми ја препиша оваа терапија: - Bioderma sebium мицеларна вода - Sebium global крем Дали ги има некој користено овие препарати и да ми каже дали се ефикасни?
Јас моето лице го одржувам чисто тка што наутро нели сите се миеме, па така тоа ми е момент што никогаш не го прекокнувам, се мијам само со вода, потоа нанесувам крем еуцерин за чувствителна кожа, и морам да забележам откако ја променив пудрата за лице која ја користев лицето многу ми се исчисти, не користам тоници, чат пат го мијам со сода бикарбона, а некогаш шминката ја отстранувам со млеко за отстранување шминка на VICHY, или шминката ја отстранувам со влажни марамици бекутан што знам дека е погрешно. Многу сум и благодарна на пудрата maxfactor love in it!!!
Здраво Јас ја користам Биодерма Себиум Глобал по препорака на докторката Николина од Медикоз и можам да кажам дека сум презадоволна Ја користам само навешер, пред спиење на здравите делови од кожата и одкако ја користам на тие места ниту едно нова црнка или мозолка ми нема искочено. Никако не смееш да ја мачкаш на местата каде што имаш мозолчиња, таму користам антибиотик Далацин Ц, којшто е исто така многу ефикасен. Доколку имаш некој прашања слободно пиши ми
Само на здравите делови?? Мене таа ми рече да ја ставам на цело лице.. Да не се работи за некоја друга крема?? Еве побарав малце на интернет и наидов на неголку описи за кремата, пишува дека се користи за цело лице за лечење на акните и комедоните, за намалување на себумот и избелување на флеките.
marama и јас го правам ова со ловоровиот лист и можам да кажам дека е прекрасен.Лицето ми се исчисти,црвенилото ми се намали а исто така јас и шминката ја чистам со него.Ми стои најмногу до две недели и со него го чистам лицето 2/3 пати дневно.Мислам дека нема потреба да правиш ново толку често бидејќи не му се менува ни бојата ниту пак мирисот
Имам прилично мрсна кожа и ситни бубулички повеќе наликуваат како поткожни брунчиња што не можам да ги истискам бидејќи се многу мали а и многу боли. Па ме интересира дали има некое сретство за чистење на лицето или пилинг? Не многу скапо сретство но и ефикасно. Инаку за секој ден користам Нивеа крема и камена пудра Cathrine Arley но во текот на денот забележувам како цело лице ми свети и тоа многу ме иритира. Предложете некое сретство, пилинг, добра пудра за мрсно лице од искуство и Фала однапред
Нивеа кремата ти е многу масна ( ако ја користиш таа универзалната во сино кутивче). Можеш да земеш Дермогал тоник( околу 100 денари) и два пати на ден да го чистиш. Ова ќе помогне ама треба да одиш на цистење на лице. Што се оденсува до пудри се што е Мат треба да ти одговара.
Обавезно користење на тоник за лице, матирачки креми и камена пудра врз течната, како би се намалило лачењето на себум.
Откако почнав редовно да ги користам производите на DALTON BEAUTE DE LA MER (да го чистам лицето наутро и навечер со млекото и да ставам крем потоа) многу ми се исчисти лицето. Инаку имам сува и чувствителна кожа, а на места ми се појавуваа и акни. Презадоволна сум од производите. Веќе 2 години ги користам, исто и мајка ми (само она производи за зрела кожа). Многу ми го смирија лицето. Содржат алое вера, камилица, бадемово масло, јојоба масло и витамини А, Б5 и Е. Знам дека не се ефтини, ама мислам дека кога станува збор за лице вреди и повеќе пари да дадам, ама квалитена козметика да користам. Производиве не содржат парабени и парфеми и се на природна база. Една другарка е алергична на парабени и што се не пробуваше, само оваа линија и се погоди. Топло ви ги препорачувам https://www.facebook.com/dalton.macedonia Спојлер https://www.facebook.com/dalton.mac...oe=54ABDDA1&size=960,658&fbid=651161218269738
Јас до сега немав никакви проблеми со акни ,бубулици...ама веќе 2 недели се мачам со бубулициве Првин мислев дека ми е некоја алергија и почнав да пијам летизен ама ништо работа , а што е најтрагично црвенилото почна да се прошируба и стана повпечатливо. Е тогаш отидов и земав Nivea young clean deeper и нивеа јанг бај бај спот ама ни тоа не помага Ве молам ако некој има сличен проблем еве и слика што е можно попрзо нека ми пише некој совет .... Дури и пудра не ги сокрива пак се познаваат неможам веќе
И на моја другарка пред недела дена и испаднаа истите, но она јаде сваштарии, само тостови, смоки, чипсови чоколади итн итн... 5% здрава храна дали внесува незнам! Јас мислам оти кај неа е само од ептен лошата храна што ја јаде секојден... а исто баш исто како на сликата се!!! поз http://doktori.mk/element/view/50072acd ... ubava-koza https://www.youtube.com/watch?v=UN6Ck5u ... vaGMDr_L9A Природна маска чистење и осветлување на лицето од темни флеки и акни, а и на самото видео се приметува маалку дека има ефикасност маската..во однос на флеките , ако го видите добро лицето на девојката пред ставање на маската и после вадењето на маската