Се сложувам за исхраната. Но , искрено јас само јадам здрава храна имам посебен режим на исхрана не јадам се и сешто , а ако јадам нешто благо тоа ке е некое мало чоколадце ама и од тоа се иама откажано бидејќи многу внимавам на тежината. Во главном јадам само свежа храна или варен зеленчук и месо за ручек. Од сувомеснати производи се имам откажано одамна Сепак фала многу Ч)
https://www.youtube.com/watch?v=UN6Ck5u ... vaGMDr_L9A Од фармаси производите на база на Чајно дрво многу ги фалат, имам другарки кои се задоволни од нив, па денес и јас порачав.. ќе видам како ќе се покажат.. за црвенила и за акни се
Од домашниот салон: маската од глина редовно ставам сода бикарбона, на пр. на 2 лажички глина ставам 1 лаж. сода бикарбона, и се разбира сето тоа го растварам со вода до саканата густина, а најдобро е со онаа дестилирана вода за пегли што е (таа е најмека, најдобра за ваква работа). Маската со аспирин-незаменлива, како и онаа со желатин.
И тоа ќе се испроба хахаха... Инаку купив мицерална вода на гарниер и веќе 2 дена 3 пати на ден го чистам лицето и почна помалку да ми се познава црвенилото на лице
Откако пред некое време го причитав советот на Марама со ловоров лист, веднаш си направив, го користам еве некои десетина дена, и можам да кажам дека никогаш повеќе нема да купам тоник за лице Лицето ми сјаје буквално, порите ми се исчистија, кожата некако си ја чувтсвувам затегната. Единствено не сум согурна дали смеам да го користам долго време, си правам мали количини и досега чистев лице насабајле и навечер, ама некако ми е шубе да не ја претерам Битно, Марама има кафе и чоколада од мене, што го споедли ова, и не е на одмет некој нешто плус да каже
Епа разбарав на интернет по форуми рецензии за продуктиве и никаде не наидов на негативни коментари што значи вреди да се проба ефикасноста.. Си реков така е најдбро пред да ги купам затоа што и онака имам фрлено многу пари на разни козметики и никоја не ми помогнала.. На крајот се решив да ги земам овие од Биодерма.. само едно не ми јасно ако знае некој да ми кажи дали со Мицеларната вода може да се вади пудра, или подобро е да земам некој од геловите или млеката за чистење лице од истава компанија..
Јас пред некој ден направив уште едно Ловоров лист, кантарион (имам набрано па исушен е), магдонос (имам филтер), сув босилок. Од око ставив, немам конкретна мерка. Сестра ми денес прв пат без пудра излезе Моментално на мене имам маска од мед и цимет, па ќе пишам деновиве и од тоа резултати.
Дали сите овие билки ги ставате сушени и правите чај? Ловоровиов лист е оној од пакетчиња што се става во манџи? Ми се смачи од фрлање пари и пак нема некој посебен резултат, па ќе го пробам ова. Фала ви што споделивте
Да, тој ловоров лист. Инаку мене сите тревки ми се сушени. Со свежи не сум пробала до сега да направам нешто. Се вари чај, се остава да се олади и најубаво е да се собере во стаклено шишенце.
^ А ова може да се користи само за акни или? Ми звучи примамливо,иако имам чисто лице понекогаш ми излегува понекое мозолче Но,брат ми има многу акни и никако неможе темелно да ги изчисти,добро можеби и дека му се пубертетски
Се вратив скоро од странство, таму ме исфрли една страшна инфекција на лицето од нечистотијата, бидејќи таму не беше чисто каде што работев, а исто така исфрлав и ѓубре. Сега имам страшни големи загноени акни, од таму купив производи од Гарниер и тоа повеќе од 5 се за чисто лице, но не ми помагаа многу секој ден бев полошо и полошо. И се уште не можам да го исчистам лицето, но забележувам промени со еден производ, исто така од гарниер само мало кутивче екстра јако http://www.beautytester.de/produktfotos ... 988398.jpg Наредната недела имам закажано на дерматолог, ако имате мали акни тоа многу брзо помага, исто така и поголемите загноените ги уништува, но малку поспоро. се надевам помогнав
Зошто е потребен пилингот? После него што следува? Маските за што се потребни? тониците за што служат? кремите за дневна и ноќна намена какво дејство имаат?
Јас вчера набавив од аптека хлоракол бидејќи немам многу акни ми рекоја дека со тоа ќе ми поминеле. Па ќе пишам резултати по некое време
Пилингот е потребен за темелно чистење на лицето и отстранување на сите нечистотии и мртви клетки кои неможат да излезат од обично миење со вода и сапуни. Пилингот плус ја подмладува кожата. Се препорачува еднаш неделно да се прави или кај многу нечиста и мрсна кожа може и 2-3 пати неделно. После пилинг добро е да се нанесе тоник па крема. Јас претпочитам пилинг да правам навечер па после тоа да нанесам маска за хидратација на кожата која не се мие. Маските - секоја си има посебна функција. Зависи за што бараш, постојат маски за хидратација, за длабинско чистење на лице, за подмладување, за чистење на пори, потхранувачки маски, има посебно за секој тип на кожа, за сува, мрсна или комбинирана, има маски со релаксирачки ефект, маски кои нудат загревачки или разладувачки филинг итн... Зависи многу за што сакаш да ја користиш, маските се одлични да се употребуваат за секој тип на кожа и за секој проблем со лицето. Исто така треба да се користат еднаш во неделата. Пред да се стави маска на лицето треба темелно да се измие, а со пилинг би било најдобро. Тоа е мојата постапка како што ти пишав погоре. Маските ги имаш најразлични видови, има такви што се лупат, мијат со вода или пак што упиваат во кожата и не им треба никакво отстранување. Тоник - самиот збор кажува дека служи за тонизирање на кожата. Тоникот се нанесува после миење на лицето или одкако ќе го исчистите лицето со млеко за чистење. За задача има да ги отстрани последните остатоци од нечистотии на лицето и да ја подготви кожата за нанесување на крем за лице. Кремите многу побрзо се впиваат во кожата одкако ќе нанесеме тоник. Многу е погрешно да се мисли дека тоникот служи за чистење на лице, не тоникот е за да тонизира, за чистење лице постојат многу други производи. Доколку ти треба препорака за некој од овие производи пиши за каква каков тип на кожа ти требаат ќе се обидам да ти дадам предлози.
ЕлениС не ми кажа каков тип на кожа имаш ама сепак ќе ти предложам некои што ги имам користено. Зиаја го имаш во Космо и ДМ,јас го земав на попуст околу 130 денари, а инаку е околу 160 денари. Нежен пилинг е, нема некои груби гранули јас сум задоволна како го чисти лицето ама сепак би рекла дека е повеќе погоден за нежна кожа дури и сува бидејќи е многу нежен. Овој на Гарниер е околу 300 денари, одличен е, предобро чисти, а можеш да го држиш и како маска 5-6 мин па да го исплакнеш. Чисти длабински, мене ми вади и црнки, јас го користам кога имам бубуљички на лицето. Значи овој ти го препорачувам ако имаш проблем со мрсна кожа, црнки и мозолки. Најзадоволна сум од овој пилинг на Афродита, чини 360 денари. Во составот има кајсија, многу убаво мириса, предобро чисти, а не е многу груб па да те боли лицето после. Мене ми е одличен само е малку скап за милитражата. Како што памтам нема парабени и такви чуда и наменет е само за нега, нема состојки против мозолчиња и црнки. Исто така ќе ти предложам и пилинг што може да си го направиш од домашни состојки. Јас понекогаш си правам со маслиново/бадемово масло и кафеав шеќер (дека е покрупен) ама можеш и со обичен. Направи смеса со едно лажиче шеќер и неколку капки масло колку да се соедини смесата после на лице наниси и триј го лицето. Премеко ќе ти биде лицето, ама ако ти е мрсна кожата не пробувај со маслово. Друг пилинг што го правам е со малку сол, сода бикарбона и малку млеко исто колку да се направи смеса за едно нанесување. За ова ми кажуваа што функции имаат овие состојки ама ич не ми текнува. Содата како антибактериска е и спречува и чисти мозолчиња, солта претпоставувам исто, а млекото за нега. Морам да ти кажам дека природниве не чситат многу многу, одкако ќе поминам со тоник уште имам остатоци од шминка, додека со горенаведените не ми се случува тоа.
Ми се направи едно мозолче на лицето, па сакав да прашам дали ако се намачкам со ракија ќе ми помине? Вчера ми рече една другарка дека неа и помогнало, ама да не си направам уште поголем проблем (Пубертетски маки големи)
Намачкај го ама само него не на целото лице, и доколку можеш да не го рушуваш или да не го рошкаш зошто така може да си направиш поголем проблем, нели не е добро да се разлутуваат мозолките.
Мене ми помагаше паста за заби. Ќе ставам на местото и го чувам дур ме пече. Кога ќе престане пак одново ставам