Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    5.751
    Пол:
    Женски
    [​IMG] последно ја користам оваа крема за акни , многу брзо ги суши и видов резултати после 2 апликации
     
  2. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.912
    Пол:
    Женски
    На челото имам ситни брунки и се многу додека пак на образите имам црвени точки кои што не се чувствуваат на површината.. како нешто внатрешно.. Имам користено хлоракол, здраве крема, од авон незнам како се викаше и не добив резултати.. некој ваш домашен рецепт или било што само да дава позитивни резултати ? :)
     
  3. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    http://www.iherb.com/One-with-Natur...&disc=0&lc=en-US&w=soap&rc=1290&sr=null&ic=13
    моето чудесно откритие за нега и чистење на лице
    Сапун со сол од мртво море + 21 минерал + шеа путер од iherb.com чини нецели 4$ а дејствува магично на мојава кожа... го чувам како очиве мои , веќе е нарачан и вториот доста е голем 200г така не се сеќавам можи 2 месеци го користм првиов и уште имам од него траен е, не ја суши кожата, баш напротив и дава бебешка влажност, и како некоја прихрана да му дава на лицево...

    Во неколку наврати сум кажала, но ретко кој листа по 10страни назад на тема па пак ќе кажам...

    Исхрана и течности, ВОДА минимум 1,5л/2л на ден
    Шишето е мој верен пријател секаде си го влечам по мене....
    Млеко воопшто не конзумирам, ептенн ретко со нескафе

    и Спирулина Сан себастијан, која и ја пијам, и ги гмечам таблетките и ги ставам како маска на лице....Фантазија
     
    На AnimalLover и cooll им се допаѓа ова.
  4. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    5.173
    Пол:
    Женски
    Не знам која е најсоодветна тема ама ќе прашам тука.
    Имав нормална/комбинирана кожа и не знам што се случува во последно време, ако пробам некој нов производ за лице - дали било крема или некој тоник серум или нешто слично, на одредени делови од лицето ми се појавува црвенило како мали пликчиња и ме чешаат некое време и после сами од себе се смируваат и исчезнуваат...
    Не ми е јасно што ми се дешава, сеа не знам каква крема да си купам пошто при крај сум со овие што ги имам...
    Имал ли некој слично искуство, дајте некој совет или препорака? |(
     
  5. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.546
    Допаѓања:
    5.894
    Како да го исчистам ова лице?
    Лицето ми е мрсно имам пори(дупкички) , црвенило,акни. akni.jpg akni.jpg kako.jpg mrsna kombinirana.jpg akni.jpg kako.jpg mrsna kombinirana.jpg akni.jpg kako.jpg mrsna kombinirana.jpg
     
  6. susi

    susi Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Луѓе дај кажете што да правам со моево многу специфично лице. Значи мислам дека имам нормална /комбинирана кожа оти на т зоната ми се мрсе само и сега знам дека ми одговара лосионот за акни на климандицин и на кожно ми кажаа така други никако не ми одговарат имам пробано.И по тоа користам крема за нормална до комбинирана кожа на биотен шо е но мослам дека не ми одговара ми се појавува по некоа акна од него исто и гел имам од авон за миење на лицето шо за таква кожа и онака е добар за хидратација нели но сакам да не ми испаѓаат акно од сите производи тиа шо не мо одговарат ок ама и тиа шо се за мојава кожа и тиа не ми одговарат еми шо да стаам на лице бетер си го правам место да ми е чисто и незз више шо да стаам си викам сеа ништо не ставам само со вода че го мијам и ми се појавиа некои акни пак така мене никакви хемикали не ми одговарат изглеа го увидов тоа а природни можам ама и тиа не ми помагат ногу баш и шо да правам сеа нез :( дај кажите ми некој совет ако знае некој фала однапред :)
     
  7. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    ^ Пробај го Дермогалот. Лосион за лице е, го имаш во секоја апрека, 83 денари чинам беше. Али поминувај си ја со памукче само Т-зоната и местата каде што ти се појавуваат акни, зошто може да ти се исуши останиот дел од лицето, јак е.

    Мене веќе ми е трето шишенце веќе и супер ми е! Имам мрсна кожа и само од ова чудо не ми е мрсно лицето кога ќе станам од спиење. Го користам наутро и навечер.
    Пробајте го, за 83 денари, вреди да се пробам барем.

    Тенкју Мимс :*
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.010
    Допаѓања:
    81.347
    Пол:
    Женски
    Edie.S, само ќе те поправам дека Дермогалот не е толку јак лосион како Клиндацинот или Хлораколот. Тој е најслаб, по него е Хлоракол, па Клиндацин како најјак (и најскап, а ефикасен исто како и Дермогалот, според мене).
    Одличен си е Дермогал лосионот и јас си го користам превентивно против акни и за регулирање на мрсните делови.
    А каде го наоѓаш за 83 денари ?! ^_^
    Мене последно ми го наплатија 100 и нешто во локална аптека, ме испоукрале значи. :|
     
    На Edie.S му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Значи незнам како да опишам имам некоја раничка над устата,прво ми беше бубуличка мала и потоа ми се разрани вака. Стaвам пудра за да не се приметува ептен ама па грдо изгледа :( Некоја идеја што да му ставам за дa ми помине побрзо, вака ми е скоро цела недела. :(
     

    Прикачени фајлови:

    • Untitledyyy.png
      Untitledyyy.png
      Големина на фајлот:
      76,7 KB
      Прегледи:
      57
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Во Космо е 80 и нешто денари.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  11. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Ова ти е лишај
    добро би било Бетадин да си купиш локално да го премачкуваш и некое масленце да ставиш невен на пример или кантарион
    сСум имала и јас исто вакво некогаш ....
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Во Еурофарм аптеките Мишелке, до 86 ден. е макс :)

    Абе може не е многу јак ама јас приметувам на некои делови кај што ми е нормална кожата дека ми прави како лишаи. Што знам...може до моево лице е.
    Најбитно ми е што не ми излегуваат акни (освен кога јадам глупости) и ненормално добро ми ја регулира мрснотијава, а имам користено и Еуцерин и Есте Лаудер и Нивеа и уште многу други и од ниедно не ми било вака суво лицето кога ќе станам од спиење. (y)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    2.079
    Еве ме тука после 3 неделно користење на прозизводите од Биодерма - Себиум глобал, мицеларната вода и кремата препорачани од докторка која правеше промоција во една аптека за испитување на кожата со апаратче.. ми ја испита кожата и ми кажа дека ми се пресушила од претходното користење на лосион антибиотик.
    Инаку пред да почнам ги користам овие производи направив третман на лице чистење на акните..Првата недела одкако ги користев овие лицето ми беше океј, инаку имам акни само во пределот на образите.. Се намали себумот нели за тоа првично се наменети производите, веќе постоечките акни почнаа да згаснуваат.. Се на се бев презадоволна што конечно почнаа полека да исчезнуваат, и кога еве ме после 3 недели користење одненадеж ми се појавија големи поткожни акни болни да допир на двата образи..
    Знам дека многу пати сум пишала на темава, но чаре нема..
    Ете и оваа колекција да ја чрктнам од списокот, покрај многуте.. што не сум користела и пак никаков резултат. Имам направено испитувања на јајници,хормони.. се беше во ред.
    Размислувам да направам уште еднаш бидејќи стварно не можам да го откријам изворот на акните..
    Порано не се преоптеретував многу со нив, си викав дека е нормално пубертет ќе поминат со тек на време, но не е мал период.. ги имам уште од 12 години и се досега лицето ми се нема исчистено.
    Можеби ќе ви звучи смешно и патетично, но тој што ги има знае какви проблеми ствараат.. не само физички туку и психички, изгубив волја за се. Пред да излезам од дома морам да ставам тони пудра за да ги скријам,
    но пудрата можи да го маскира црвенилото, но тоа испакнатото не, сепак се гледаат, како јас така и останатите можат да ги видат.. понекогаш ми ствараат голема несигурност, не знам што да правам..
    читав дека апчињата помагале во најголем број од случаите но треба да ги препише лекар.
    Стварно не знам кај кого да се обратам повеќе, смачени ми се третмани и такви тортури на лицето, болка е оргромна, смачени ми се и препарати кои повеќе одмогнуваат одколку што помагаат, едноставно ми се смачи да ги имам веќе 7 години.
    Доколку некоја од вас имала слична тортура со акните ја замолувам да ми се обрати. :(
     
  14. AGIrlNamedMarija

    AGIrlNamedMarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    MayDiamonds и јас го имам истиот проблем како тебе, и баш денес сакав да ги земам производите од Биодерма, меѓутоа сега и јас се предомислувам. Знам дека на секоја кожа различно делуваат, ама кога ќе прочитам туѓо негативно мислење почнувам да се двоумам.
    Јас размислувам да почнам да одам во Дермаплус, од претходните искуства на другите прочитав дека таму давале и терапија со апчиња за регулирање на лачењето секрет, можеби тоа конечно ќе го реши овој мој проблем. Веќе една година се лекував кај др.Нина, но искрено никогаш не добив некое трајно решение или во најмала рака да имам чисто лице кое еднаш месечно ќе го третирам со третман за да се одржува состојбата.
    Инаку и на мене ми е хормоналната слика ок, секогаш сум користела висококвалитетна козметика и сум била дисциплинирана по однос на терапиите кои ми ги препишувале дерматолози, и сепак мојот проблем постои.
    Не си единствена, ако е некаква утеха :(
     
  15. radiomilevamara

    radiomilevamara Нов член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, извинете но ајде ако знаете ќе може ли да ми кажете нешто повеќе за кремава што ја прави овој сашо и како да го најдам човекот.
     
  16. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Јас ја користев пред некоја година, од треви ја прави. И сапунчињата од треви ги прави е тие му се екстра, јас и за коса си земав зошто почна да ми се ретчи.
    бројот 072 276 954 и со среќа.
     
    На radiomilevamara му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kikica19

    kikica19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    7
    Го има некој користено ова? http://product-on-tv.net/anti-acne/mk/ ме интересира дали навистина функционира, многу го фалат
     
  18. zabec

    zabec Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2014
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    357
    Здраво феминки. Пак проблеми со лицево. Не знаете колку ми свети и за колку кратко време ми се мрси. Не знам што да правам веќе. Ми беше многу полошо лицево пред 3 месеци, полно беше со црнки и гнојчиња. По препорака на д-р Нина користев Далацин Ц и ми се исчисти лицето во рок од 3-4 дена. Потоа користев Haushka Melissen - дневна крема и Bioderma Sebium AKN ноќна крема..Лицето е видно исчистено иако си има и понатаму црнки. Но колку ми се мрси тоа е чудо!
    Оваа промена со лицево ми се случува можеби година дена. Отсекогаш сум имала нормално лице, не било најчисто но било сосема ок. Имам 24 години.

    Доколку некој би ми помогнал со било каква информација, би била многу среќна :)
     
    На Love86 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    24.008
    Пол:
    Женски
    Јас ова со ловоровиот лист стално заборавам да го пробам. Еве утре, ветувам. :lol:
    Туку, да кажам дека сум презадоволна од маската од сув квасец.
    Го растворам со малку вода, да се добие хомогена смеса. Ни прегуста, ни преретка.
    Си го обожавав лицето откако ја извадив.
    Многу ретко, скоро никогаш не експериментирам со домашни маски за лице, ама ова ме воодушеви. Башка што е ептен евтина варијанта.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    195
    Пробај да го миеш лицето со овесни снегулки,го одстранувал мрсниот сјај од лицето,пробај со природни маски,не со хемикалии да не го пресушиш па да ти се мрси уште повеќе.Јас го имам истиот проблем,имав нормално лице,наеднаш почна да ми се мрси и тоа не секаде чудно само на носот уште малку и зејтин да потече кога станувам од сон,околу устата и на двете страни од носот т.е дел од одбразите.И јас незнам што да правам...понекогаш посакувам ништо да не ставам да го одморам од се па дури и од пудра...самодовербата ми е веќе на 0:worried: