Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Мене од лани, некаде овој период беше, почнаа да ми се појавуваат акни на челото (од пубертетот), но после почнаа и да ми се чират и на другите делови од лицето, исто како и црнките. Летово мајка ми ме однесе на козметичар (каде што оди и она, и сестра ми), и од тогаш почнав редовно на три недели да одам, и уште не ми се исчистија сите акни, ама има преголема разлика со тоа од лани. Плус на сабајле и ноќе пред спиење ми кажаа козметичарките да се тријам со една млеко од Нивеа, и после со млака вода да си го исплакнам лицето.
    А например сестра ми (има 20 години), во пубертетот имаше големи проблеми со лицето, одеше по козметичари, млека користече, лосиони и слични работи и ништо од тоа не и помогна и сега пред 2 месеци отиде на кожен доктор, и тој и даде многу јаки апчиња, ама сега нема никаков проблем, многу и помогнаа. Но и апчињата имаат негативна страна, зошто сега пак од што се толку јаки, има проблеми со устата, многу ја боли, и цела е со херпеси. :(
     
  2. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Nekoja maska protiv mrsna koza od koja ste zadovolni???
     
  3. RainDrop

    RainDrop Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    20
    [​IMG]

    Има користено некој Белогент?
    Јас ја ставам повремено и го смалува црвенилото.Само не знам дали смее често да се користи.
    Ако имате повеќе информации пишете. :)
     
  4. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Дали некој може да ми каже какво искуство имал со дермогал лосионот за лице?
     
  5. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    195
    Едно прашање до сите феминки што имаат проблеми со акни и бубулици.Значи вака како е најправилно да се третира акна (онаа со бело врвче и гној внатре ) стасана за стискање.Дали треба да се истиска внатре што има или да се остави да се исуши сама за да не остане лузна и дупкичка на лицето.
    Ве молам да ми одговорете:(
     
  6. merida

    merida Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    267
    Лове јас никогаш не сум имала акни на лицето ама сестра ми има сеуште ваков проблем и знам дека кога ќе и се направеше акна земаше памук и наместо да го стиска со прсти стискаше со памук полека и нежно затоа што кога стискаш со раце всушност не внимаваш многу. А дали треба да се стиска или не.. јас мислам дека треба бидејќи кога одеше на третман за лицето таму и ги стискаа :)
     
  7. Lovely000

    Lovely000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски

    Јас сум ја користела, имав дерматитис на лицето и дерматолог ми ја препиша таа маст да ставам само на местата каде што имам дерматитс, не смее да се користи на целото лите, и не смее да се користи долго време.. Ми рече само недела дена да ја користам.
     
    На RainDrop му/ѝ се допаѓа ова.
  8. viviette

    viviette Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    Најдобро е да отидеш на козметичар и пофесионално да ти го исчистат лицето, дека инаку сама ако ги стискаш сигурно ќе ти остане флека после. Јас одам еднаш во месецот или на два месеца на чистење, а ако некогаш сама пробам да ги "средам", обавезно ми остануваат уште 2-3 недели црни флеки што ни со пудра не се покриваат. За разлика па, кога одам на козметичар, може првиот ден да имам малку црвенило, ама утредента нема да имам ништо :)
     
  9. leona08

    leona08 Нов член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Дали некоја од вас има правено третман на лице во "Нов Имиџ"-Битола?И ако знаете кажете искуство. :)
     
  10. AGIrlNamedMarija

    AGIrlNamedMarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    еве ме и мене по две недели користење на биодермата, и ја имам истата реакција како MayDiamonds. Лицето ми се нафрли максимално, и јас имам критична зона на образите.
    Разговарав со доктор Нина, и ми рече дека донекаде тоа била и очекувана реакција бидејќи Биодермата го исфрлала целиот секрет на површина. И сега повторно само антибиотик треба да ставам на лицето, и за една недела на третман.
    Значи нема крај...
     
  11. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    2.079
    Јас одев една година на третмани таму, бев задоволна да.. но резултатите ми беа краткорочни, еден месец лицето ќе ми беше чисто и потоа пак се нафрлав.. но мене акните ми се хормонски и имам потреба од поинаква терапија која ќе ги спречи внатрешно од нивно појавување, ако имаш обични акни со гној тогаш мислам дека со неколку третмани ќе ти се среди лицето максимално, а доколку имаш цистични и длабоки акни подкожа мислам дека единствено решение се апчиња, џабе ќе фрлаш пари на третмани кога изворот е внатре не надвор.

    Јас ги користам месец производите на Биодерма, не велам дека сум крајно незадоволна..
    лицето ми е значително сменето од тоа што ми беше пред да ги користам, кожата каде што немам акни ми е многу мазна нежна и чиста, но јас мислев дека се наменети за да го спречат појавувањето на акните а не за да го вадат гнојот на површина, се извинувам многу што кажав негативни коментари но не знаев дека всушност таа му била намената.
    Како и да е.. според мене Биодерма и не се така лоши, но највеќе би им помогнале на тие што немаат толку сериозни врсти на акни, кажав погоре со какви акни се мачам јас што изгледа единствено ќе можам да ги решам со апчиња зошто пробав секакви видови креми, лосиони и ништо не ми помогна.. пак ќе речам после се заклучив дека проблемот треба да го третирам одвнатре, и им препорачувам на тие што имаат акни од овој вид да не фрлаат пари на креми и лосиони и третмани кои ќе им го решат проблемот привремено.
     
    Последна измена: 17 ноември 2014
    На leona08 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    20.315
    Пол:
    Женски
    Јас би ви прдложила да си купите од Зегин есенцијално масло од чајно дрво и да го користите во комбинација со маска од зелена глина. Се зачудив од резултатите.
    Немам многу акни, ама во периоди од месецот, знаат да ми се направат неколку, најчесто пред менструација. Имав едно големо и болно ми се правеше на брадата. И имав неколку мали тек-тук. Измешав од зелената глина со 2-3 капки масло од чајно дрво и малку вода, и го ставив на лицето. После 20тина минути, кога се исусши, ја измив маската, и ставив кремче. Ако верувате, никогаш ова не ми се случило, сабајлето кога станав, тоа големо мозолче НЕ ПОСТОЕШЕ. Како никогаш да сум го немала, ни на допир, ни на изглед. А и тие малите ги снема. Отидов до кај мајка ми, ми вика, леле какво ти е лицето чисто и свежо. Не ми се верува дека од еднаш толкав резултат има.
    Инаку зелената глина ја имам користено и друг пат, не беше лоша, ми го освежуваше лицето, ама не имаше некој WOW ефект. Со чајното дрво беше како да сум направила некој најскап третман.
    Препорачувам! :)
     
    На ku4ence, Giovanna, mims-89 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски

    Која цена е есенцијалното масло? :)
     
  14. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    20.315
    Пол:
    Женски
    Мајка ми го купи, и јас и го зедов :D Незнам колку е, ама не би требало да е над 200 ден.
     
    На UnordinaryOne му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Fatalnata

    Fatalnata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Дали би сакала да го сликнеш, да не лутам во Зегин ова она?
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  16. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    20.315
    Пол:
    Женски
    Еве, вака изгледа oпаковчето :)
     

    Прикачени фајлови:

    • CAM00192.jpg
      CAM00192.jpg
      Големина на фајлот:
      267,7 KB
      Прегледи:
      94
    На Fatalnata му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    195
    На кој друг начин може да се употребува маслото од чајно дрво? Мислам дали може откако ќе си го измиеш лицето на местата со акни или црвенила и флеки од акни да ставаш? и дали го држеш преку вецер или го миеш?
     
  18. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    20.315
    Пол:
    Женски
    Си пишува на упатството, еве на скратено:
    Природен антисептик, се користи при гребнатини, каснувања, пликови, опекотини, егземи, мозолчиња, спречува ширење вошки
    Употреба: нанесете неколку капки на кожата во случај на гребнатини, посекотини, пликови и мозолчиња. За добросостојба на дишните патишта се раствораат 2-3 капки во вода, лажичка шеќер или мед.
    Подолго е упатството нели, ама јас си го скратив, да не пишам реферати :D
    Читнете тука има повеќе информации:
    http://www.demetra.com.mk/чајно-дрво/
     
    На Love86 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Јас имам едно прашање.
    Никогаш до сега не сум била во козметички салон или кај дерматолог за чистење на лицето, т.е третман на лицето.
    Пошто у последно време кожата многу ми стана мрсна, црвенила некои ми се појавија, и мозолчиња ситни на челото што најмногу ме нервираат, сакам да одам на еден класичен третман, и сега баш се консултирав со една колешка каде да одам, она оде редовно и стварно многу и е чисто и свежо и сјајно лицето после класичниот третман, дури и нема веќе проблем со акни, а порано многу имаше.
    Се препорачуваат еднаш месечно, нормално, јас сега ако одам тек за 3-4 пак ќе одам - ако сум задоволна, пошто немам до толку потреба баш секој месец. Или па ако стварно многу боле како што ми вика колешкава - нема ни да се вратам пак, не трпам болка јас, ама знам дека еднаш т.е за некој ден секако ќе одам.
    Дали некоја од вас била или оде на вакви третмани,и ако сте биле, кај кој сте биле?
    Јас се мислам помеѓу Темов и Женета естетик.
     
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    @anuskaNESTLE леле истиот проблем го имаме. И мене од сува кожата ми стана масна, црвенило ми се појавува на челото и околу носот, порите ми се проширија ептен на страните од носот до образите и ко црвени ми се, ко воспалени штознам веќе... На челото ми излегоа ситни мозолки. Незнам што да направам, и јас се мислев за козметичар некој третман, ама појма немам каде и за што третман да барам. Гледам на Групер има ефтини понуди за третмани на лице, ама незнам што третман би требало да се направи за ваква кожа. И јас не сум била на козметичар до сега и малку сум скептична, страв ми е некој да ми чепка по лице едноставно...
    Секој ден по два пати го чистам лицето, наутро и навечер, гелови, тоници, креми џабе е се. И тоа користам доста квалитетна козметика, ако има нешто подобро од Диор и Клиник уште тоа да го пробам.
    Се мислам сега за зелената глина... И начинот на исхрана ми е сменет уште пред неколку месеци се хранам здраво, физички сум активна, вода многу пијам, цело време сум на овошје и зеленчук, значи не е до тоа.
    Здравствени проблеми, хормони со такви работи немам проблем.
    Сега планирам да земам за мрсна/комбинирана кожа од оние геловите со гранули, ко пилинг што се 3 во 1, гел, пилинг, маска за лице, може ќе помогне нешто тоа, само да не ја исушам пак кожата...