Форумџика на годината

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Ааа, да,да имам пиено, таблетите, летово нешто пиев али по едно две на ден :D треба повише мислам али...го завршив пред некоја недела паковањето..незнам дали пак да земам да пијам али не глеам нешто посебно делување врз кожа на лице..за тежина, не ми пречи да стаам некое кило плус хах пошто и онака треба да накачам неколку килца за да бидам таман =))
    али тоа не те дебелее, туку ти дава апетит, знам кога ке го испиев, после некое време,се осекав ужасно гладна ко да не сум јадела цел ден, а јадев пред саат време :^)
    ама ок си е =))
    инаку имам олиговит витамински апчиња ке почнам да ги пијам нив наскоро, добри се..
    а со лицево незнам ама незнам, не смеам да се откажам..ке продолжам да си го негувам лицето секоја вечер да си го чистам и се тоа..веке ко навика да ми стана,неможам со нечисто или со пудра лице да си легнам...
     
  2. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Лавли грл =)
    а ова да прашам,
    јас имам некои стаари производи за лице нешто,али ич не ги гористам ниту ги сакам,и викам на мајка ми да ги фрлиме,она вика ке ги искористиме некако,не ни се фрлаат полни,тоа се 2-3 производа,мегу нив се секавам е еден гел од афродита против акни,али канта е,ем што ич неубаво мириса туку и ништо не им прави на акните, искрено, воопшто не ги сакам производите на афродита,порано купував,али ништо не ми вреди..нема везе,значи тоа, и сега моментално користам една колекција, лосион,денски крем,и нокен гел,исто и маска има, од странство ги земав летоска,и ми стоеја така до сега, па почнав да ги користам..убаи си се,нокниот гел е добар и денскиот исто,и маската..мислам супер си се се,али не се онака наменети за акни,туку за мрсна кожа чистење и негување..
    е сеа да ги дотрошам нив, и да се ослободам од овие другиве некако што така ми стојат, и планирам да пробувам друго..
    прва опција ми беше клиндамисин лосион и гел, после почнав да се думам и со тоа хлораколот лосион, а сеа и со друго..тоа е лосионот, дневното кремче, и нокното против акни кремче и гел можда имаше нез, од јанг дерм - Young Derm - другарка користи,вика било супер за млада кожа..али она нема акни ич :| јас имам само лосионот користено и добар си е ..
    незнам сега....
    извини за големово пишување..
     
  3. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    ^ Како што можам да приметам, ти Нејм не се придржуваш до ниедна терапија. Ако сакаш да си го исчистиш лицето, треба кога ќе почнеш со нешто да си ја истераш терапијата, а не 3 дена да користиш и да престанеш. Така не се третира тој проблем. Основна работа е трпението и истрајноста.
    А тоа што се мислиш дали ќе користиш лосион со Клиндамицин или со Хлорамфеникол, е апсолутно сеедно, затоа што тие два антибиотика делуваат на бактериите кои предизвикуваат воспалителен процес во порите и се создаваат акните.
    Затоа, одлучи си што ќе употребуваш и биди истрајна во терапијата. А сопред твоиве мислења гледам дека само луташ од еден производ на друг. Така нема никогаш да си го решиш проблемот.
    Најдобронамерно.
     
  4. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски

    Нина, воопшто ме немаш сватено..
    јас си држам терапија од август некаде до сега..скоро во секој пост пишувам, и пак ке повторам,дека секоја вечер го негувам лицето и посветувам квалитетно време на него..ама баш секоја вечер..
    дека неодамна - пред повеке од недела дена ја почнав оваа колекција што сега ја користам, и супер е, па после неа ке земам ова другово..незнам по што виде дека лутам од производ до производ..само што кажав дека несакам да купувам производи за само да ми се трупаат по дома,сакам да ги дотрошам производите што сега ги употребувам, па потоа да купам нови..
    тоа е работата..
    сепак незнам дали е само до чистењето на лицето..
    како што кажав,ке соберам храброст, и најверојатно ке идам да ми земат крв и да видат дали нешто е во ред..бидејки друго решение не гледам..ако имаш некоја идеја освен редовното чистење, пиши
    позрав
     
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.010
    Допаѓања:
    81.347
    Пол:
    Женски
    Производи за мрсна акнеста кожа!

    Ги користев произодите на Авон Clean Clear така некако беа и баш сум задоволна, навистина делуваат и не се многу скапи :)
     
  6. plavusaaa

    plavusaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    45
    Производи за мрсна акнеста кожа!

    а јас не би ти препорачала да користиш козметика за лице од авон и орифлејм :!:
    земи си нешто испробано и проверено дерматолошки, од аптека најдобро.. ете почни со бекутан сапунче, лосионот хлоракол и со кремата скинорен само навечер пред спиење ;) проверено!
     
    На Beautiful_girl.. му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bojanalove

    bojanalove Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    21
    zdravo.moeto lice e celo so bubuljici i imam koristeno mnogu proizvodi kako sto se yang derm, clean & clear, ziaja i nisto ne mi pomaga. imate li vie nekoi soveti.
     
  8. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159

    Можеш да прочиташ што што сме напишале на темава што нас ни помогнало, да не пишуваме пак ;)
     
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    nina jas go kupiv klindacinot losionot pocnav da go koristam veke edna nedela i ima efekt stvarno koga ke go stavam na problematicnite mesta malku pecka ama ne e strasno znaci ima efekt i so e najvazno se gledam na moeto lice sega go baram gelot za mienje na liceto ama nekako tesko mi odi go nemam najdeno no ke se potrudam me interesira samo da te prasam kakov krem da koristam za lice bidejki klindamicinot pocna da go susi liceto so e normalno sega sakav da te prasam tebe so mi preporacvas da ne zemam nisto na svoja raka fala odnapred i pozz :)
     
    На Beautiful_girl.. му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CupCake

    CupCake Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    165
    Производи за мрсна акнеста кожа!

    И јас ги користам тие од Авон.Не се лоши.
    Имам една другарка имаше мн голем проблем со акните,пробуваше секакви производи и на крај од Охрид си зема некој лосион(само таму го имало),на природна база и многу и помогна.Не знам како се вика лосионот,ќе ја прашам и ќе пишам.
     
  11. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Девојки еве нешто што некому може да помогне. Поголема информираност, може да ти овозможи да избереш правилна терапија за себе. Текстот е збир од повеќе статии од различни сајтови. :)

    АКНИ

    Едно од најчестите заболувања кое ги зафаќа скоро 80% од адолесцентите, како и голем број возрасни од двата пола.
    Акните се локализирани на кожата на лицето, грбот и градите – регии каде се најгусто распоредени лојните жлезди. Се карактеризираат со отворени и затворени комедони (митесери) и папуло – пустоли (воспалени мозолчиња).
    Која е причината за појава на акни?

    Главни фактори – причини за појава на акни:

    * Зголемено лачење на лојните жлезди под влијание на андрогените (машки полови хормони)
    * Десквамација (лупење) на површниот слој во изводните канали на лојните жлезди, што доведува до затнување и неможност за излегување на лојта на површината на кожата
    * Зголемено размножување на бактеријата Propionibacterium acnes и појава на воспалителни процеси.

    [​IMG]

    Лекување

    Постојат локални и системски препарати кои се користат во лекувањето на акните. Изборот пред се зависи од експресијата на клиничката слика. Повеќето од пациентите добро реагираат на локалните препарати: бензоил пероксид, резорцин и салицилна киселина, и антибиотици за локална примена. Ако акните не реагираат на ниту една од наведените терапии, може да се применат локални производи на база на витамин А (третиноин).

    Во случај на умерени до тешки облици може да се употребат и орални антибиотици кои често се комбинираат со останатите локални производи. Во случај на многу тешки обилици, во терапијата се вклучуваат и ретиноиди (изотретиноин). Пациентите кои се под ваков вид на терапија треба посебно да бидат претпазливи, заради честите нус ефекти на овие производи. Потребна е строга контрацепција кај сексуално активни жени кои примаат ретиноиди, и период од двегодишен прекин на употребата, пред планирање на бременост, заради тератогениот ефект на ретиноидите. Не се препорачува ниту експозиција на сонце за време на ретиноидната терапија.



    Лосион за мрсна кожа.
    [​IMG]
    Состав: екстракти на жалфија, даб, невен, ајдучка трева, гавез, ружа, чичок, бадем, глуварче, рузмарин, лаванда, чај, хамамелис дестилат и пантенол. Длабински ги отстранува нечистотиите од кожата. Ги стеснува проширените пори и го регулира лачењето на лојните жлезди. Го спречува создавањето на сјаен филм на површината на кожата и создавањето на комедони. Благотворно делува на акните и другите воспалувања на кожата. По чистењето на кожата потребно е да се нанесе соодветен крем за нега на мрсна кожа. Најдобро делува крем од мента или ехинацеа.



    Лосион за проблематична кожа
    [​IMG]
    Состав: Екстракти од невен, ехинацеа, алое вера, камилица, жалфија, липа, лаванда, коњски опаш, глуварче, тегавец, нане, босилек, рузмарин, портокал, хамамелис дестилат и пантенол. Екстра благ лосион за нега и чистење на осетлива и проблематична кожа, против акни, мозолчиња и црнки. Не содржи алкохол. Содржи внимателно одбрани билни екстракти и пантенол кои благотворно делуваат на иритирана и воспалена кожа. По чистењето, потребно е да се нанесе соодветна крема за нега на осетлива кожа. Најдобро е крем од алое или камилица.


    На пазарот се наоѓаат премногу производи против акни, но освен тоа што се прескапи во себе содржат и такви состојки за кои и не сме баш сигурни колку се здрави. Па затоа зошто да не пробате некои природен рецепт за совршен тен.
    Состојките сигурно ги имате во вашиот дом па со тоа и ќе сте сигурни дека користете природни состојки.

    Пред секој третман лицето мора да го измиете. Јаболката и медот се најраспространети производи кои ги наоѓаме во секое домаќинство. Лековитите состојки на овие производи се познати уште многу одамна.

    Едно исецкано јаболко измешајте го со една лажица мед додека се добие компактна смеса. Нанесете ја на лицето и оставете да делува околу десетина минути па потоа темелно измиете. Медот ја храни и чисти кожата, а благодарение на своите антисептички својства го спречува и појавувањето на акни.

    Тоник од босилек против акни

    Ако имате проблем со акни, а не сакате да користите тоници на база на алкохол, тогаш оваа маска е право решение за вас.

    Две лажици исушен босилок потопете ги во една чаша врела вода и оставете дваесет минути да се олади тоникот. Со помош на вати исчистете го лицето пред нанесување на крем. Рок на траење на овој тоник е 90 дена доколку го чувате во фрижидер.Има уште многу природни методи ,рецепти за лекување на акни.

    Нега на акни: Лице без акни

    Акни (Akne Vulgaris) се промени на кожата, односно во потните жлезди и коренот на влакното, кои предизвикуваат акни, митесери (црнки) и гнојничиња. Најчесто се јавуваат на лицето, но може да биде зафатен и вратот, градниот кош, рамената и горнот дел од грбот. Доколку акните се длабоки или ако се продлабочат со стискање (цедење), тогаш остануваат белези (лузни). Акните се често резултат на нарушување на нивото на хормони. Најчесто се појавуваат во пубертет, почесто кај момчињата, а кај девојките и жените се јавуваат пред менструација. Акните се влошуваат во зима, а во лето на нив благопријатно делува сонцето, морето, свежото овошје и зеленчук. Некои лекови како таблети за контрацепција, таблети на база на стероиди или алергии, неквалитетна и лоша исхрана (претежно пржена храна, скара, сувомеснато, газирани пијалоци и се што е преполно со заситени животински масти третирани на висока температура и со конзерванси и адитиви), недоволно внесување на свежи сокови и вода и недоволна хигиена (рацете подалеку од лицето и акните) доведуваат до избувнување на акни. Во борбата против акните најважна е правилна исхрана, хигиена со антиакни препарати. Треба строго да се исфрли белиот шеќер, индустриски преработената храна (готови супи, сувомеснати производи, газирани и други вештачки пијалоци), скари и тешки заситени животински маснотии. Да се користи немелено посно месо (без кожа), риба (без кожа), житарици, свежо овошје и зеленчук и да се пијат растителни чаеви најмалку до 1л дневно како ројбос, камилица, нане, кантарион и сл. Внесувањето на природен витамин А (рибино масло, кајсии, моркови) значително ја подобрува состојбата. За да се спречи создавање на лузни се корис тат лосиони за одржување на хигиена и не се цедат акните. При препорака за користење на лосиони против акни се зема во предвид дека пациент со акни и бактериско воспалени гнојничиња треба да користи антибиотски лосион со клиндамицин или хлоранфеникол, додека пациент со гливични инфекција, премногу мрсна кожа или кожа која се лупи на слоеви, со црнки и митесери треба да користи антиакне колекција со масло од камилица и триклосан.


    Додатоци: витамин А (внимание, да не се предозира), витамини B6, C, E и минерали Cu и Zn.



    Предменструални акни се јавуваат непосредно пред менстуација, а ги снемува кога менструацијата ќе заврши. На жените кои страдаат од овој проблем им се препорачува 50 мг Б6 дневно и користење на незаситени масла (ладно цедено масло од маслинки)
     
    На LovelyGirl, absent, eli.vaga89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Миме87 Па незнам јас кажав во некој од претходните постови дека за време на терапијата користев Бекутан, но јас имам чудна кожа и преемногу ми се лупеше и сушеше, па ми требаше помрсна крема. А ти процени си, види некоја крема која смирува иритација. Најубаво на база на камилица, невен, алое вера. Прашај во аптека. ;)
    И тебе ти посакувам успешна борба против акните! :)
     
  13. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    дали на некоја од вас и помогнал хлорамфениколот?и дали оди на рецепта и од колку посто е кремот.фала :)
     
  14. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    24.008
    Пол:
    Женски
    Јас користев одреден период хлорамфеникол лосион, ама по одредено време почна многу да ми се суши кожата од него иако не ставав повеќе од 1-2 дневно, инаку прекрасно е како средство за чистење, чисти дури и црнки, најубав од сите лосиони што сум ги имала до сега, ама ете малку сега паузирам од него да ми се опорави кожата од сушењето, сепак зависи од кожата на лицето, можеби тебе совршено ке ти одговара, јас го користев на Галафарм , Хлоракол и е околу 100 денари, нормално без рецепта, а за кремот немам информација што и како е :)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.694
    Допаѓања:
    8.755
    Пол:
    Женски
    Значи велите дека хлорамфениколот е добар лосион,чисти од мозолчиња?
    Јас веќе два дена го користам континуирано,ставам од 3-4 пати на ден ама сеуште не сум забележала резултати.Ми се појавија на челото повеќе ситни мозолчиња и една голема,тврда и многу болна :(
     
  16. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    имав и јас нечисто лице,со мали лузнички и користев нивеа во розе пакетче кремкасто,и од лореал оние како со сунгерчиња што се,лицево стакло ми е сега,пробајте нивеа супер е ;)
     
  17. eli.vaga89

    eli.vaga89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    :!: Значи вака:
    Прво: Јас го користам Хлорамфеникол (лосионот) веќе 3 год и стварно е ефикасен поготово за црнки, за мозолчиња нема некоја голема улога но сепак помага колку толку. ;)
    Второ: Хлорамфениколот (лосионот) не смее да се користи повеќе од еднаш на ден (редовно секој ден) бидејќи содржи алкохол и го суши лицето, а може да дојде и до оштетување на кожата (во многу ретки случаеви).
    Трето: Треба да се користи само навечер (пред легнување) бидејќи при изложување на лицето на сонце после третирање со лосионот, во многу ретки случаеви, може да дојде до појавување на флеки.
    Четврто: Хлорамфениколот на Фитофарм е поквалитетен и поубав (83 ден. во Зегин,без рецепта) отколку тој на Галафарм.

    Се надевам дека ви помогнав :) , сега ваше е да се одлучите. Јас сум многу задоволна и не би го сменила за ништо на светот :inlove:
     
  18. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185
    Девојки а не ви смета што Хлорамфениколот горчи? :D
    Бар мојот горчи... :rofl:
     
  19. eli.vaga89

    eli.vaga89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    Како може да ти горчи??? :?:
    Па не се јаде :D
    Сега, освен ако не се лижеш околу устата или ако ставаш и на устата, е тогаш горчи :puke:
     
  20. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185
    Па пример ќе го фаќам лицето и потоа кога ќе почнам да ги грицкам ноктите.... :rofl: