Јас мислам со тек на време кожата сама си се менува. Јас имав сува кожа и права коса , па по добивањето на првата менструација косата ми се извитка и лицето ми стана комбинирано мрсно. Еве сега откако ги поминав тинејџерските години кожата на лицето ми се исчисти и нормализира.
Бев на дерматолог и ми препиша една маст што ја прават во аптека 160ден. е, се става секоја вечер пред спиење и една недела без никакви креми, пудри на лицето, што значи дека за 1 недела имав одма резултати и подобрување ( акните што ги имав си се повлекоа и не се појавија нови, лицето ми е мазно ) ќе продолжам со користење на маста уште 3 недели, на контрола после ама сега ќе ставам и пудра за преку ден, дека неможам ептен без ништо на лицето па ќе видам како ќе биде..
@mims-89 , јас ти пишав во соодветната тема предлози за такви пилинг гелчиња, ама и мене мислата натаму ми оди, дека можеби тоа ти е период и лицето ќе ти се врати во нормала откако ќе се стабилизира времето напролет. И мојата кожа традиционално овој период станува комбинирана и тешка за одржување, зашто препаратите за мрсна кожа ми се агресивнии ми ја перутат кожата, а оние за нормална до комбинирана ми се премногу млитави. Јас сум во уште поголема дилема што да користам, зашто никаков продукт не ми одговара - за сува нема шанси, сува не ми е, нормална уште помалку и се вадам некако млитаво преку сила со оние за комбинирана кожа иако чувствувам дека си бара хидратација уште повеќе. Плус, ми се појавија премногу, значи премногу црнки и јас како Анушка на иста мака, се прашувам дали е време да се посети козметичар и да направам третман. Ме плашат оние квази козметички салони, да не ми го доуништат и онака осетливото лице, па да патам потоа. Не знам каде да се обратам, во околинава имам толку многу козметички салони, ама сите ми се сомнителни. Нека помине месецов, ќе си барам чаре.
Ајде и јас да ви се приклучам во коментарите.Истиот проблем и јас го имам.Од нормално чисто лице ми стана к0мбинирано накај мрсно со изразена мрсна Т-зона,црвенила,флеки од акни,црнки,по некое мозолче.И јас се трудам да пијам многу вода,повеќе овошје и зеленчук,витамини...и почнав зелен чај ...бљак ама бил мноогу убав за кожата.Не сакам ни премногу да го пресушам па да биде полошо..Се трудам колку што е можно помалку хемикалии да употребувам а повеќе природни домашни пилинзи ...се на се хаос
@mims-89 , и @Mishela ако веќе се одлучите да одите на некаков третман ве молам, ама ве молам да не бидат во козметички салони. Подобро појдете на дерматолог, ќе ви направат третман за кој знаете дека работат со чисти/стерилни инструменти/ апарати ем нема да ви го мачат лицето. Овдека нашиве козметичари за мрсно лице со црнки не знаат ништо друго освен да го стискаат. Ќе ви направат само поголем проблем. Јас сум многу задоволна од Нина ( насекаде ја препорачувам), гледам доѓаат многу често девојки со стакло чисто лице на третмани само за да го освежат лицето. Барем знаете дека одите кај стручно лице со диплома, кое има познавања за структурата на самата кожа, за разлика од овие козметичаркиве кои целото школувањего поминуваат со цигара на школски клупи пред Влахов. Без разлика каква козметика и да користите неопходно е еднаш до два пати да се направи некој третман за чистење, чисто за да го одржувате лицето, а и да го подготвите за вакви периоди кога има нагли премини на температурите. Јас конкретно имам забележано дека воздухот во климатизирани простории многу ми го суши лицето.
И јас се прашувам од каде излегоа сите тие црнки. Ретко носам пудра, го третирам лицето и наутро и навечер со миење, па чистење со тоа чаевите што ги правам ама последниве недела, две хаос. Порано немав низ цело лице, имав на брада неколку и на нос нели нормално, сега секаде. на брадата особено многу лошо изгледаат. Имам гел и за мрсна кожа, имам и за нормална до комбинирана и ги користам во зависност од тоа што му треба дента на лицето. Ако е ептен мрсно тој за мрсна, а ако е суво и се перути другиот го користам. Не сум баш во можност за третмани да плаќам ама ако најдете чаре информирајте.
Девојки, откако почнав а пијам варова вода, лицето ми се исчисти, сјајно е и меко. Мозолки не ми излегувааат освен некоја ситна пред циклуст. Предходно имав големи и тврди и повеќе. Сега е друго. Варовата вода мора да ја пиете најмалку 1 месец за да има ефект, а треба да се пие 3 пати годишно по 3 месеци за потрајни резултати. Не е гадна, но има чуден вкус, на кој јас се навикнав за 3-4 дена. Треба да се пие по 250 мл дневно, а најдобро е на празен стомак, односно сабајле или пак после вежбање. За да го избегнете тој вкус најдобро е да доставите уште 50 мл јогурт во таа чаша и да го испиете на 2-3 голтки. Лицето ако го плакнете почесто со камилица, мислам дека нема да имате потреба од скапи и третирани препарати. Може да си користите некоја лесна крема.
Jaс исто имав проблем со лицето. Средно без пудра не одев што се вели ни до продавница.На лице ставав креми и слично само препорачано,па моите ми купуваа од Грција,Бугарија,еден период само лореал користев козметика. Но,се решив еден ден во Анчевски да одам,ти напоменувам затоа што вечно сум и благодарна на Др.Искра не памтам презиме. Ми даде да направам некој испитувања.Се беше океј.Имав само некое гноење на заб иако скоро секои 2 месеци идев на забар. Ги виде испитувањата,ми препиша Роакутане мислам или Роакутан апчиња на рецепта одат од Грција,не беа мн ефтини.Може сега и да се. И Авен козметика. На почетокот многу трошок ми дојде реално,само апчиња и коземтика за месец и пол два ме кошташе околу100-120 евра. Ми рече трпени. И по неколку месеци ми се среди комплетно. Не верував дека некогаш ќе престанат да ми се јавуват. Но ете ме после 5 години од тогаш, овие 5 години дали 4-5 малечки ми се појавиле. Ако имаш некогаш прилика оди. Јас имав огромен проблем и со самодоверба и со се.После ова намалив со пудра а и најбитно се чуствувам убаво во своја кожа
Спојлер Се извинувам ако прашањето не е за во оваа тема Дали некој ги има користено производите на Лептен? Дали и колку сте задоволни , помагаат ли?
И јас се сложувам дека нема врска што ние си ги одржуваме лицата, има периоди кога им треба длабинско чистење и освежување што искрено само дерматолог може да го направи. Мислам дека не е до нас, без разлика што најдобро си се грижеме за нас, многу други фактори влијаат повеќе од нас, како промена на времето, стресови, нервози, или па лицето се презаситило од одредени производи, сме го угушиле, едноставно поинаку е како стручно лице ќе ти го третира лицето бар еднаш на неколку месеци. Јас никогаш не сум била од чиста причина што ми е језиво и чудно некој друг да ме фаќа, стиска за лице, пошто јас ретко стискам брунчиња, ептен кога ќе созреат Правам и природни маски од масла, шеќери, пилинзи, парење на лице, ама џабе е, кога мојава колешка успеа да си го среди лицето со акни на т зоната и мрсна кожа да доведе до нормална, значи мојов е мал проблем, и редно време е да посетам дерматолог. За таа Нина не сум слушнала јас, ама ќе одам кај што била мојата колешка, во Женета Естетик, некаде кај железничка станица се наоѓала, и на тв ја давале, ама јас прв пат слушнав од неа за неа, па пошто гледам кај неа позитивни ефекти, стравот ми е помал.
Па да, сигурно е до времето и зголемото загадување штом кај секоја втора девојка се јавува истиот проблем. И може лошо напишав, во никој случај не планирам во било каков козметички салон да отидам туку баш на доктор дерматолог. Ма да во познативе козметички салони кои се специјалиризани за проблеми со лице, кожа и естетска хирургија работат и доктори, а не обични козметичарки. Симонче пиши ни Нина каде се наоѓа, дали треба упат или приватно е? И од прилика цените како се движат...
^ Анушка,јас одам одамна веќе на козметичар за чистење на лицето. Имам сува кожа,не сум склона кон акни,ама црнки имам особено во пределот на носот и брадата. Одам на дерматолог. Може на почетокот да те прегледа докторката,а ако немаш воспаленија ,нема да имаш потреба од такво нешто. Третманот опфаќа чистење на лицето со пареа,пилинг,кратка масажа,после ги вадат црнките (класично со стискање или ако имаш поткожна со мало боцнување со игличка за да не ја малтретира кожата со стискањето),ставаат маски на крајот и пак има мини масажа. Користат козметика на Афродита и во последно време гледам на Еуцерин.Јас сум многу задоволна,одам веќе да не претерам ама 9 години.А,одеше и братучед ми со огромни акни за време на пубертетот и му го средија лицето стакло. Многу внимаваат на хигена и секогаш користат ракавици за еднократна употреба,легнуваш на хартија за еднократна употреба. И не замараат да им правиш муабет додека трае третманот. Што мене ми е особено важно. Инаку,секој има различен праг на толеранција на болка. Ама сум забележала дека пред или за време на мензис најмногу ме боли. А,неколку дена после тоа сум најиздржлива. Не е некоја болка ептен голема,ама си има подрачја што се понежни па повеќе боли. Пример мене околу веѓите делот ми е таков,ама не трае тоа мачењето долго и се се заборава. Црвенила обично немам,може пола саат после тоа и толку. Другиот ден лицето ми е супер. Заборавив да пишам цена,1100 денари е. По лп ќе ти пишам контакт ако сакаш , да не ме караат тука за и онака преголемата реклама што им ја удрив.
За сите што ја бараат локацијата на Нина (Николина): Верото што е после Капитол, позади кај паркингот во склоп на една стоматолошка ординација (и го заборавив името, а на Нина ординацијата е Медикоз) Не ви треба упат, работи приватно и само првиот преглед се плаќа 300 ден, после контролите се бесплатни (освен нели кремите што ќе ви ги препише, третмани и сл)
Самоникова да не е? А првиот пат кога ќе одиш кај Нина значи плаќаш 300 за преглед, и ако ти праве третман плус ли се доплаќа, или само 300 е, како оде тоа, ајде некој подетално нека напише шом ја испофаливте толку . Пошто јас ако одам не ми е за да ми препишува креми, ваљда со прегледот секако ќе ми насочи некои, туку сакам класичен третман за лице.
Da, Samonikova e P.S. izvinete za lat.od mob.sum,a ne znam kako da pishuvam na kirilica na novata platforma na forumot.
Потврдувам за Др. Самоникова, дефинитивно најдобра Инаку, да ја препорачам и маската на Балеа од бела глина и цинк, со редовно користење го прави лицето стакло. Кога не ми е нафрлано ја користам еднаш неделно, а кога ми е поднафрлано лицето, на три дена и има одлични резултати. Веднаш по миењето порите се видливо намалени и кожата е матирана. Од сите маски на Балеа, оваа дава најдобри резултати
И јас да се приклучам кон жалбите и поплаките за лицето Еден месец мака мачам откако се смена времето и + на третман бев(со билки од Темов)-уште полошо ми стана.Црвено,ми се лупи,со болни акни-ужас Ми рекоа :така треба,регенерација е тоа,може да трае до 3 месеци Секако дека не ме убедија и сега ќе си барам решение во Скопје.Читам најмногу ја фалите д-р Самоникова.Проблемот е што ќе треба да доаѓам почесто во Ск,а сум од Бт На колку време закажуваат за третман?Или зависи од состојбата?
Нормална. Ни многу сува, ни многу мрсна, и некогаш зависи од кој дел од месецот е. Пред менс обично ми е помрсно, а често знае и да ми се суши. Така да, горе долу, во принцип, имам нормална кожа.