да знам го имам јас користено..но деспина малку ми беше нејасна не ја разбрав дали од користњето на далацинот очекувала да и излезат акни? или.....
Женски за многу добри резултати слушнав за estee lauder advanced night repair serum.. Каде го има и која му е цената?
Мене докторката ми кажа на цело лице. Инаку, како што разбрав, го користам за поткожните гнојаници, па очекував да излезат „на површината“. Исправете ме ако знаете нешто повеќе. Благодарам
јас го имам користено и далцин ц се става само на акнта за да помине а прва пар слушам дека се става на цело лице..која докторка ти го кажа тоа....
Ќе продолжам тогаш да ставам само на акните (кои се поткожни), па ќе одам на контрола да видам што ќе ми кажат presiosaP, пиши ми ако сакаш ЛП да не ја полниме темава офтопици
Од постојано менување на разни пудри , кремови и пилинзи, ми излезе црвенило на лицето, лишај, на некои делови ми е суво и постојано ме чеша на поосетливите делови.Имам осетлива кожа а многу сакам да испробувам разни производи иако знам дека не треба.Во план ми е да си купам еуцерин колекција при крајот на месецот, но дотогаш ми треба некој производ што би го користела за лицето, може да е и домашна маска и третман кои малку би ми го смирил црвенилото. Сакав да прашам како сте задоволни од производите на Балеа , вие што имате осетлива кожа a притоа да не ми се рашири црвенилото.Би ви била благодарна доколку ми дадете било каков совет.
Серумот ти е наменет за длабинска хидратација на кожата како и против сите знаци на стареење. Нема да ти помогне во тоа лицето да ти биде чисто ако пертходно не ти е, значи не е против мозолчиња, акни, црнки и проблематична кожа. Помага во одржување на влажноста и еластичноста на кожата, го подобрува и тенот. Тоа night repair значи дека преку ноќ ја поправа кожата на лицето и дури и да не спиете доволно важата кожа нема да го осети тоа доколку го користите овој серум. Го имаш во Космо, Шатци и Еликсир, чини околу 6000 денари за 50мл, а има и помало од 30мл ама незнам која му е цената.
Јас лично за одржување на лицето користам Dove сапун и иста крема за лице. Навечер го мијам лицето со сапун, па крема и готово, наутро само ладна вода и малку крема и тоа е се. Секако зависи од типот на кожа, секој си бара посебен третман, но мене овој начин ми одговара одлично
јас користам денски еуцерин дермопурифер и ноќен многу сум задоволна веке 8-9 месеци ги користам и да ти кажам од нив мис е намали црвенилото...мене многу ми помогнаа
Секоја вечер си имам рутина за чистење на лице, и од тогаш ми се немаат појавено никакви акни на лицето, почнувам со лисион за лице, гел, тоник и некогаш и крем. На блогот имам пишувано чекор по чекор да не го ставам цел тука пост пошто е предолг еве ви линк ако некој го интересира кој продукти. И да најголема благодарност до @mims-89 што го имаше препорачано Гелот на Балеа (3во1) Предобар е кожата ја прави премека и не ја суши дополнително сувата кожа. http://rosee96.blogspot.com/2014/12/my-skin-care-routine.html
Доста сум задоволна од гелот за лице од Алверде со морски алги за нормална кожа. Сакав да пробам нешто на природна база, бидејќи ми е за секојдневна употреба, а немам некои промени и проблеми со лицето. (Освен мозолчињата што ми се јавуваат во пмс или од нездрава исхрана). Нема многу јак мирис, прави пена и ги суши мозолчињава, а и немам приметено црнки подолго време. Само ја суши дополнително кожата, така да за сува кожа и не е наменет. Алверде тоник со морски алги. После гелот, поминувам и со тоникот од истата линија. Од ниту еден тоник не бев задоволна. Посебно од оние на Балеа, кои лепеа на кожата. Дополнително ми ја чисти кожата од останати нечистотии и ја хидрира до некаде. Еднаш до два пати неделно правам домашен пилинг со масло и шеќер или пак ставам кокосово масло, природно цедено, на цело лице. Го оставам да стои 20/30 мин. Еднаш неделно ставам и маска на Балеа со цинк. Спојлер
Вака, јас имам околу 17 години и немам баш некој проблем со акни, бубуљици, црвенила на кожата. Освен нели пред да ми дојди по некоа брункичка. Користев некои тоници креми маски и слично до пред околу година дена и потоа прекинав и користев само обичен крем за лице. Но, приметувам сега почнуваат на кожата да ми се појавуваат лишаи, повеќе бубуљици. Знам дека оти сум у пубертет е нормално тоа, но би сакала да му обрнам поголемо внимание ма моето лице, кожа. Имам претежно сува кожа и осетлива. Ве молам некој да ми предложи млеко за чистење, тоник и крем за лице не е битно дали за сабајлешно или вечерно!!!!! И да некој да ми каже дали има користено пена за лице наместо сапун и ако да дали е ефикасна и која марка секако.
Морам само да те поправам прво, затоа што напиша не е битно дали е днавна или ноќна кремата, многу е битно. Еве зошто, дневната крема можеш слободно да си ја користиш и како ноќна, додека пак ноќната е наменета само за ноќе поради поголемата концентрација на состојките, помасни се, потешко се впиваат во кожата како и тоа дека делуваат во кожата само кога ќе легнеш да спиеш и мускулите на лцието се опуштаат, па кремата може убаво да се впие и да си делува. Според ова што го кажа дека имаш и лишаи и бубулички ми изгледа ко да имаш комбинирана кожа. Значи ќе си земеш дневна крема за лице која ќе ја користиш и наутро и навечер одкако ќе го измиеш лицето со гел или пена за миење лице. Лишаите најверојатно ти се од студеното време но и од тоа што се миеш со сапун. Сапуните доста ја сушат кожата, пените и геловите за миење лице се доста подобри. Пена за миење би ти ја препорачала оваа на Нивеа, убаво чисти, нежна е со кожата, нема да ти ја досушува кожата, баш е нежна и има пријатен мирис. Оваа ти е за нормална и комбинирана кожа, а имаш и во розево пакување таа е за сува и чувствителна кожа, јас мислам дека тебе ти треба за комбинирана кожа, ако земеш за сува нема да ти се исчистат бубулките. Чини 270 денари, секаде ја има и по маркети и по парфимерии. За крема би ти препорачала исто од Нивеа, пред се бидејќи немаат одредена возрасна граница како ни состојки кои спречуваат стареење и такви работи, обично другиве креми се препорачуваат над 20 години. Повторно кремава е за нормална до комбинирана кожа, убава структура има, прилично лесна и брзо се впива. Нуди одлична хидратација, ќе ти го спречи тоа појавување на лишаи, доволно е густа за тоа. Цената и е околу 300 денари, исто така ја има секаде. Се мислев да ти препорачам и од козметиката Зиаја некоја крема за лице, но бидејќи незнам која ќе оставам некој да ти препорача за нормална/комбинирана кожа. Можеш ли да ми опишеш како ти се бубуличките, дали се големи и масни, ко загноени или пак се обични црвенки, мали, за да знам да ти препорачам соодветен тоник. Дали да биде некој што ќе ги суши или пак само за секојдневна нега кој секако би помогнал да си дојде лицето во добра состојба. Ако ти препорачам некој што би ги сушел тие бубулички може да ти го суши и целото и лице и лишаите да си останат...
Бубуљиците се црвени и прилично големи и ме болат скоро секогаш.. Најчесто ми се јавуваат под устата, околу носот и помеѓу двете веѓи и некогаш дури две една до друга, а тогаш едвај чекам да поминат бидејќи ужасно ме боли. Инаку фала ти многу за овие што ми ги препорача ако можеш уште тоник да ми препорачаш и утре одма ќе си ги купам. Па ќе пишам после некое време дали ми помогнале.
Пробај со овој тоник Дермогал, но нанесувај го само на местата каде што имаш бубулички. Како што разбрав на Т - зоната ти излегуваат бубулички, немој да го нанесуваш на деловите каде што лицето ти е суво и имаш лишаи. Мене ми помогна кога имав бубулици на челото. Натопи памукче и помини врз бубулиците одкако ќе го исчистиш лицето. Почекај да се впие течноста па нанеси крема. Ко имаш и во аптеките и во дрогериите. Чини околу 90 денари.