На ова гелче мислиш така? Единствено од морски алги за нормална ама и мешана кожа е ова. Или има некое посебно само за нормална? Јас го имам истото ама го користам само еднаш дневно, навечер кога ми е чисто лицето, со целосно отстранета шминка, инаку ми е многу млитаво
Јас го имам користено гелов погоре и баш ми беше добар, инаку имам комбинирана кожа. Шминка отстрануваше многу лесно и не беше агресивен ниту ме правеше како зациментирана после тоа. Сепак не би го препорачала на некој со сува кожа затоа што нема да му одговара сигурно. Мирисот ми се допаѓаше многу, јас баш сакам така малку по тревкасти мириси, ме будеше наутро. Инаку дали суши бубулички не знам затоа што ретко ми излегуваат, но не ми создаваше нови сигурно.
Мислам дека и на 50 години ќе пишувам во темава. Ај, бар мислат уште сум во пубертет и маслово ќе ми спречи јако брчкање, се надевам. Ова е моето свето тројство. Ги користам нешто повеќе од две недели, ама лицето ми е тонирано, избелено, порите смалени, и не ми излегла ниту една акна, иако сум во ПМС кога обично сум лом. Мицералната вода е најубавото нешто што го имам ставено на лице. Чисти ептен темелно и дава свежина. Тонерот страшно мириса на б'лгарска роза, ама одлично спречува мрсење. Се прскам насабајле и гајле немам после. Кремата малку знае да зачеша, ама го повлекува црвенилото и кожата ја прави мазна. Шуќур!
Го разгледав твојот блог и сакам да те прашам од каде ја купуваш природната вода од роза и која цена е? Благодарам однапред
Да да, на тоа мислам. Јас пак дека не користам шминка, идеално ми е само за чистење од нечистотиите низ целиот ден.
Штета, јас сум од Скопје....а баш ми изгледа како убав продукт И јас го имам истиот проблем со тониците, ме нервира што оставаат леплив слој и никако не можам да најдам некој што би ми одговарал. Сепак фала на одговорот
Кој е расположен за совет нека помогне. Никогаш не сум имала проблем со кожата на лицето, напротив. Во последен период почнувам да забележувам темни кругови околу очите кои на слика делуваат жолти и даваат како да кажам болен изглед на лицето. Пробав со кремата на балеа за темни кругови околу очи и не ми помогна. Редовно го чистам лицето, не користам многу шминка, не секој ден но кога морам гледам да е сведено на минимум, но жолтиот предел околку очите останува. Не е само под окото, туку и од страна. Како што кажав, на слика делува страшно! Што би можело да биде? Производ кој препорачувате да го користам?
@zenska пред да купуваш било каков производ за овој проблем, оди на лекар и консултирај се со него. Да сум на твое место би испитала крвна слика и урина, чисто да знам дека жолтилото не е поради некаков здравствен проблем.
Можно е да е причината поради некој хормон, најдобро оди на лекар, направи ги потребните испитувања и ќе видиш која е причината.
Мицералната вода е околу 850 денари, кремата е 1260 (округло ги кажувам цените, може да е +/- некој денар), а тонерот не знам, ми го подарија уз овие производи, мада пошто тој големиот чинеше накај 1300, по некоја логика иде дека штом мојов е пола количина од тие, ќе му дојде и пола цена т.е. од 600 до 700 денари некаде. За мојава кожа вреди за секој денар, ама би препорачала и консултација со дерматолог или бар со вработените пред да се купат производиве, сепак да не биде џабе фрлени 50ина евра. Јас пошто имам комбинирана кожа, од оваа крема ставам само на критичните делови, а за образите морам да ја користам Бекутан витаминската инаку отидов јабана.
http://zazabava.com/pochnala-da-pie-tri-litri-voda-sekoj-den-eve-go-rezultatot Сара Смит, мајка на две деца, тврди дека откако почнала да пие по три литри вода дневно, изгледа 10 години помлада.
Нека не ве лажат дерматолозите дека акните се појавувале од храна, од чоколадо, од нерви од не знам шо.. Бев на дерматолог минатиот месец, препорачан.. кога ми изваде листа не јади ова не јади она, од ова ти се, од она ти се.. ко и кажав дека јадам многу благо во несвест ќе паднеше.. Еве ме периодов каков стрес и депресија претрпев, тоа нерви невидени имав друг да беше на мое место комотно ќе полудеше, колку благи и чоколади изедов една фабрика може да банкротира и еве ме мозолче немам, да не се зачерам ама стакло сум.. А пред тоа ни на ум не ми паѓаше чоколадо а во лицето бев минско поле.. Навистина можеби ете кај некој тоа може да е причинител, ама јас мислам дека нема врска храната и стресот, се е до организмот и хормоните.
Не сакам да те разочарам, ама ги користев истите прозиводи отприлика месец и пол.. (имам пишано наназад на темава) И јас како тебе во почетокот бев живи радости кога видов колку ми е мазно лицето, колку не ми се масти н т-зоната и не ми се појавила ниту една акна.. ама тоа сето да ти било затишје пред бура, по месец кога ми рипнаа гнојни акни колку една петлица не знаев што да правам ме фати паника, арно ама после прочитав дека уствари целта на кремот била да го извади гнојот на површина.. Муабетот ми е да ти кажам ако се случи тоа да не се зачудиш и испаничиш како мене, јас откако ми се доведе до таа состојба лицето почнав да ставам антибиотик и за две недели ми се среди па еве до сега немам ниту една акна.. Изгледа си ја заврши успешно работата кремот, засега ја користам само мицеларната вода за вадење пудрата, а и општо си го чистам лицето наутро и навечер од нечистотиите и му ставам антибиотик за сваки случај да не искрсне нешто.. Мој совет ако ти излезат такви акни да си ставиш антибиотик.