Nekoj da mi preporaca nekoe mleko ili losion za cistenje na lice so pristapna cena (200-300den.) posledno go koristev losionot na cliven i ne sum zadovolna od nego inaku imam kombinirana koza.Vi blagodaram od napred.
Јас се и сешто имав пробано, сега почнав да го мијам лицето со сапунче Бекутан од камилица, осеќам подобрување , ми исчезнуваат мозолчињата и лицето ми е некако по нежно, пробајте не губите ништо за 30 ден
и мене воопшто не ми одговараше биодермата посебно кремата, навистина ги вади на површина гнојните акни, но мене и како крема лицето воопшто не ми ја поднесуваше. целосно ги отфрлив од употреба, а не се ни до половина потрошени. најверојатно зависи од лице до лице, читав низ форумот има девојки што ги обожаваат, дека им се стварно погодени.
Не ти пожолтува после лицето? Јас еднаш ја пробав и едвај се измив со 3 пати правење пилинг. Како го миеш после лицето?
Јас сосем лесно ја вадам. Да не е од начинот на кој што се спрема?! Јас мaската ја правам заедно со брашно од наут, малку бадемово масло и млеко/јогурт по желба (со млеко има подобра конзистенција). Ја држам 20тина минути дури не се зацврсне на лицето и му доаѓа како пилинг. Прво со топла вода се мијам, па на крај со ладна и се се вади. Ниту жолта дамка
Јас ја правев со маслиново масло и шеќер, значи збориме за различен тип на маска. Баш ќе ја пробам и твојава идеја.
Конечно го исфрлив од употреба сапунот за миење лице благодарение на мимсГо земав гелот што го препорача од Балеа и од истата линија зелениот тоник со овошни киселини за комбинирана кожа.Прво се мијам со гелот (маскарата не ја вади ама за тоа употребувам бадемово масло) па после тоникот и крем за лице.Лицево никогаш не ми изгледало подобро и за прв пат не ми излегоа гнојаници во ПМССега сакам да пробам некоја крема од Балеа за комбинирана кожа па чекам препорака
Имав пишано претходно, се извинувам ако станувам досадна, али стварно сум презадоволна од кремите. @kala21 јас ги користам дневната и ноќната Balea soft & clear, Лицето ми останува мат, а сепак не го суши воопшто и веднаш се впива, па не ја чувствуваш на лице. Секогаш ставам од дневната и пред да нанесам пудра. Еве како изгледаат, инаку се по 160-170 ден. https://encrypted-tbn3.gstatic.com/...ZXFS3Tfdu154RAcTLtA1scxEBRRPZcc78u4nd7KE3Aael http://www.pinkmelon.de/wp-content/uploads/2014/02/balnachintensivloe_art.jpg
Вака: и самата не знам каква ми е кожата на лицево. Челото и носот ми се мрсни, околу носот имам црвенило и ми се лупи кожата, а исто и на челото кога ќе се избањам. Исто така имам многу црнки, на брадата, на носот и околу устата, а исто така имам и бубулици на челото (каде што почнува косата), кај слепоочниците и на образите. Препорачајте нешто за миење лице или некоја крема против акни. Ма било што само да е ефикасно.
@I.want.to.sleep јас имам иста таква кожа и ми помогнаа тие што ги постирав поназад од Балеа, го мијам со 3 во 1, а потоа нанесувам од кремите.
Девојки, јас имам 16години и немам многу акни али прилично имам. Кога ми е циклусот нормално дека секоја има али и кога ми завршува обично втората недела исфрлам повеќе од тоа што имам онака. Инаку имам сува кожа пример ако не ја хирдрирам и не ставам после крема било Бекутан, Солеа или Нивеа која мие при рака тогаш ми е многу сува и мислам дека имам маска на лицето дури не можам ни да се насмеам не знам некако ми е необична сува. Па дај помогнете нешто.. Пробав со паста за заби ставав на акните не е нешто нај нај, ставав чај од камилица, талог од кафе и ред други работи и не помогна.. Планирам да земам јанг дерм лосион ќе ми помогне ли ве молам кажете ми и препорачајте ми некој совет.. гушкииии<3
Јанг Дерм лосионот ти е добра опција, за твоите години е таман. Тој ќе ти ги исуши акните. Тоа што правиш погрешно е кремата која ја користиш за лице. Бекутан, Нивеа, Солеа што ги наброја се универзални креми, значи не се наменети стриктно за лице. Повеќе треба да се користат за тело овие креми. На лцието му е потребна хидратација, а овие само површински го мрсат лицето, длабоко неможат да ја хидратираат кожата. Површинската маснотија која ја даваат е таа која ги затвара порите, не му дава на лицето да диши и да се регенерира и затоа ти излегуваат мозолчиња. Обично ваквите креми испраќаат погрешни сигнали во кожата, таа површинска маснотија дава сигнал дека кожата е масна и себумот прекинува да се лачи па затоа после и сува ти е кожата. Друга важна работа што мораш да ја направиш е да си го миеш лицето со средство наутро и навечер. Ти препорачувам вака: За миење лице пробај го овој гел/пилинг на Балеа, користи го наутро и навечер. Убаво чисти, од ситни мозолчки ќе ти ја исчисти кожата, а воедно и не ја суши. Го има во ДМ и чини 175 денари. Одкако ќе го измиеш лицето нанеси од лосионот на Јанг Дерм, е сега тој користи го само кога ќе ти излезат мозолчињата и ако можеш нанесувај го само на деловите каде што имаш акни. Избегнувај да го користиш каде што ти е чиста кожата. Нанеси на памукче и помини кај мозолчињата. Последна и најбитна работа е изборот на крема. Од оваа линија на Балеа (како гелот што го поставив погоре) имаш и креми, како што гледам колекцијата е за млада кожа па за комбинирана кожа би требало да ти одговара. Лично ја немам користено таа крема, но имам прочитано рецензии кои ја препорачуваат баш за комбинирана кожа - како твојата. Цената не би требало да и е повеќе од 200 денари. Разгледај во ДМ имаат доста креми погодни за млада кожа.
Не, само во ДМ го има. ДМ имаш во ГТЦ, Капитол, Сити Мол, Градски ѕид, Тафталиџе, Бит Пазар... Сепак прашај и во аптека, мене ова ми падна на памет како предлог од кој сум многу задоволна. Во аптека може ќе ти препорачаат други, прашај си .