@francais Тоник е препарат кој во себе може да содржи најмногу 30% алкохол, но може да биде и без алкохол.Наменет е за тонизирање и освежување на нормална и сува кожа, после миење, а пред аплицирање на крема за нега. Лосион е препарат кој во себе содржи алкохол од 30% па и повеќе.Се користи за нега на масна и кожа со акни, како и комбинирана на Т зона.Исто така се користи после миење, пред аплицирање на крема за нега. Правилен редослед на чистење на кожата: - млеко за чистење на кожата, без разлика дали кожата се шминка или не; - миење со вода, со или без сапун; - тоник или лосион.
@francais не сум користела мицеларна вода, но мислам дека редоследот би бил овој: миење со сапун/гел/3 во1 (било кое од овие што најмногу ти одговара), па мицеларна вода (како замена за лосион и тоник), па крема.
Јас користам мицеларна вода одамна и како што знам, всушност таа е средството со кое ја отстрануваш шминката. Не е никаква замена за лосион или тоник, баш е средство-отстранувач. Не знам како е правилно, никогаш не сум се раководела по правила, туку по тоа како мене најдобро ми прија и тоа отприлика изгледа вака: - темелно чистење на лице со мицеларна вода; - чистење очи со двофазен отстранувач; - миење со гел или пилинг - што ми дојде при рака тоа; - поминување на лицето со тоник; - крема околу очи и на лице. Јас во никој случај не можам да измијам лице со гел, ако претходно не сум ги исчистила очите и барем минимално да ја симнам пудрата. Гадно ми е, имам непријатно чувство и се чувствувам нечисто. Така правам со години веќе, мене ми е супер.
Купив Еленче фала ти не ми го суши дополнително делот околу устата само што мене пак ми светнува челото (ако не ставам од минералната во прав на Аура)ама додека не ги потрошам нема купување други
Имам малце проблематично лице, па ајде да ве прашам. Ова првото е постојано, многу време го имам и ништо не се менува. Имам црвенила на образите, нешто како испукани капилари ама не поминуваат и поради тоа не излегувам од дома без пудра. Имам црнки само на носот, и имам пробано неколку средства ама џабе после некое време пак се појавуваат и ми се знаат дупчиња. И третово, во последно време ми се лупи кожата на челото и носот и во еден момент ми е сува, а веќе во другиот станала мрсна, особено во Т-зоната. Знаете некој лек, крема, средство, било што, што може да ми помогне?
Девојки сакам да слушнам од вас мислење дали стварно оваа крема помагала за акни? Така имам слушано демк кремите од Невен многу помагале за акни.. Си предпостваувам јас дека сите креми од невен се многу мрсни,па не би одговарале на масна кожа... Да слушнам мислење сакам од вас,фала уште однапред
Кремите со невен ја смируваат кожата, а против акните помага единствено невеновата маст која домашно ја приготвуваат некои и тоа, најчесто само го смирува црвенилото и воспалената кожа. Оваа од Афродита е само хидратантна крема која може да биде добра и како подлога за пудра. Во никој случај не се користи како препарат против акни, не е воопшто крема од таков тип, мислам дека нема да имаш ефект ако ја користиш со намера да го исчистиш лицето од акни. Јас ја користам периодов, лицето ми е моментално комбинирано и супер ми е.
Е, вака лицево од добиено рафали ми е. Сакам да ми препорачате некој добар гел, значи со гранули како пилинг, нели прво триеш па се мие со вода, мислам дека се и за отрстанување за мртва кожа на лице, и нешто за црнки пошто имам по некоја а не сакам да се стискам, Благодариме и дали ги има некоја користено кремиве од Алкалоид, дневна и ноќна?
Јас имам проблем со црвенило од двете страни на носот тука во пределот каде се носат наочари, со години ми се како флеки и сум се обидела на мн начини да го остранам, но ништо не ми помага, па ако имате некоја идеа како да ги отстранам, ве молам да ми кажете, ептен ме нервираат, благодарам
Лудо, јас си ја набавив речиси целата колекција Balea young за комбинирана кожа - проѕирниот гел со гранули, пилингот 3 во 1, тоникот и матирачкиот флуид. Гелот и пилингот се повеќе од одлични, ти ги препорачувам. Убаво ми го освежуваат лицето, не ја пресушуваат кожата и не ја оставаат презатегната по миењето како без душа. За црнките повеќе ми помага пилингот, но највеќе кога го оставам некои 20-30 минути на лице како маска. Потоа одмивам и се поминувам со тоникот. Кај нас го нема серумот за жал, инаку не се сомневам дека е прекрасен, би го купила и него.
Морам да го пофалам кокосовото масло, ми помигна доста за флеките и некои акни. Ми се обнови кожата и лицето ми е многу меко. Го користам кога сум дома, бидејќи не е за под пудра. Во меѓувреме си останав и доследна на Balea clear & soft.
Јас го имам ова на Биолајф од Еурофарм и е околу 280 денари, но доста споро се троши. А има и на Биокулт во Зегин (за истото масло се работи) и тоа е околу 300, некогаш може и на попуст да го начекаш. Некоја цврста структура има, али на прстите одма се топи, доволно е малце. Го мијам темелно лицето и го мачкам место крема, се впива брзо. Имав страв деа ќе се исфрлам бидејќи сепак е масло, но баш напотротив, ми се смири лицето.
Имам сува и чиста кожа, е сега одвреме навреме знае да се појави по некое мозолче, секако не ми сметаат затоа што се појавуваат ретко, барем кај мене Акни не ми излегуваат никогаш,ама баш никогаш и затоа се изненадив утрото на 9јануари, си реков кај ме трефна ова чудо мене. Ама за среќа за 3 дена ја снема во целост. Не направив ништо посебно, исцедив сок од крставица и од лимон, ама заедно. Сварив камилица и со памукче по 3-4 пати на ден поминував преку акната, со памукче-прво со сокот 2-3 секунди и бришев исто со памукче и после со камилица, постој 2-3секунди на местото,помини еднаш и избриши. Буквално вака, не користев никакви креми и такви глупости.. За 3 дена помина, ни флека,ни лузна, ни болка. Пробајте си ако сакате, се е природно, би требало да делува кај секого ионака нема што да изгубите
Девојки сакам да прашам дали 3 во 1 тоникот од Балеа (погоре што е постиран), може да се користи и како отстрачувач за шминка?
@levely не е тоник, туку е маска и пилинг, како паста е структурата. Подобро е да ја извадиш шминката со влажни марамчиња прво, па после со ова да го измиеш, бидејќи влажните не го чистат темелно лицето. А само со ова не би ти препорачала.
За црвенилото најдобро ќе ти биде да се консултираш со дератолог затоа што станува збор за пигметациски проблем, не верувам да има обична крема или средство што може да ти го реши ова. Посети дерматолог да не ти е некој поголем проблем. Црнките можеш да ги чистиш со пилинг и лосион против црнки, имаш на Неутрогена доста ефикасни: Околу 300 денари им се движи цената, секој ден се мииеш со гелот за миење (daily scrub) првиот на слиакта, има и пилинг ефект. Ти препорачувам да го користиш само кај што имаш црнки да не ти исуши на останатиот дел од лицето. Можеш да пробаш со домашни маски, направи смеса од сода бикарбона, малку сол и голема лажица млеко и триј го носот, остави да делува 10тина минути потоа исплакни, постапката повторувај ја еднаш двапати неделно, или ако ти пречат многу пробај секој втор ден, ако забележиш дека ти ја суши кожата тогаш прави го еднаш неделно. Мене многу ми помага оваа маска, пробај прво со ова да не фрлаш пари за други средства. Не е лошо еднаш неделно и на цело лице да си ја нанесуваш, јас така правам и задоволна сум како ме чисти. За Т зоната не се секирај, сите го имаме истиот проблем периодов тоа е поради студеното време. Најдобро ти е да користиш крема за комбинирана кожа, има голем избор Нивеа, Лореал, Зиаја сите се добри и секаде ги има. Навечер можеш само пред спиење да нанесеш некое природно масло маслиново, кокосово, бадемово, невенеово било какво имаш на тие делови каде што ти се лупи кожата. Маслото ќе потхрани и нема да ти се лупи понатака. Ова применувај го строго навечер за да не светиш преку ден, сабајлето убаво измиј го лицето со гел или друго средство што си користиш за миење лице.
Леле луѓе помагајтеее ми излезе некое мозолче ама во носот на почетниот дел и се гледаа и ме боли незнам што да му правам утре школо почнува срам ми е вака да одам