Dali gi zema ovie proizvodi , kolku si zadovolna. Koja im e cenata i kede ti vrsea islituvanje na kozata.
Имав пишано на темата поназад резултатот од 3 неделното користење на Биодерма производите, но на моја голема грешка и незнаење малку ги искритикував.. Јас од срце ги препорачувам овие производи на Биодерма, навистина кај мене си ја завршија својата работа, инаку намената на кремот Себиум глобал е да го извади подкожниот гној на површина и да ги засуши веќе постоечките акни, а мицеларната вода служи за темелно чистење на шминката и нечистотиите. Јас ги користев овие производи еден месец, лицето ми беше премногу меко и мазно.. немав широки пори ниту црнки, по одреден период ми излегоа огромни агни на пределот на образите, јас таму имав најголем проблем.. после нив им ставав антибиотик лосион и сосема исчезнаа.. Еве денес немам ниту една акна на образите што значи кремот на Биодерма си ја заврши својата работа, ги изваде сите нечистотии под кожа, инаку јас се мачев со акни на образите скоро 2 години и после Биодермата не ми се појави ниту една акна таму, сега имам некои ситнички на челото и брадата ама не се голем проблем.. Разликата од тоа какво ми беше лицето пред да користам Биодерма и после е огромна. Јас сум презадоволна од овие производи, не морав да ги купам повторно бидејќи ми го средија лицето, инаку цената на Мицеларна вода е 850 денари, а гелот е 900 и нешто ако не се лажам. Испитувањето беше во Виола аптеката во Битола, го вршеше дерматолог-презентер од Скопје.
A Jas imam drugarka sto imase strasno lice so terapija I tretmani od dermatolog I se iscisti skroz....mislam deka edni od podobrite se medika... Kaj univerzalna
Јас ги користам и сум ПРЕЗАДОВОЛНА! Серумот, кремот, гел за миење и користам млеко за чистење на лице од лимон..
Пред малку отворив тема за ова,со тоа што кај мене има дисбаланс на хормоните и затоа ми се појавуваат акни.Ми преипишаа диане35 но не ги земав .Моментално одам кај бионергетичар за да ми ги среди хормоните,се надевам ќе ми помогне. Е сега у мегувреме го чистам лицето со лосион Хлорадерм едно три четири пати на ден и потоа го мачкам лицето со Здраве крема. Да ви кажам ми се смири лицето,црвените флеки сеуште стојат ама оние акни кои воспалените акни се повлекоа. Муабетот ми е секоја појава на акни алергии итн е знак дека со организмот внатре нешто не е ок и затоа лечете ја причината а не последицата.Јас се изморив од секакви лекарства и затоа овојпат одбив да пијам Диане
ама диане ако не се лажам се контрацептивни, тие баш би требало да ти ги нормализираат хормоните. и со рецепт се 40 денари. Јас на твое место би ги земала.
имам пишано и по други теми дека имам проблеми со лицето, ми се правеа лишаи проратени со црвенило и јадеж, имам во глобала сува многу осетлива кожа, користам само квалитетни пудра, но и ги избегнувам, некоја крема која што е добра за хидратација и лосион, што ви помогнале со некој сличен проблем како мојов??
Здраво, јас само би сакала да дадам еден мал совет на сите девојки со масна кожа. Немојте да користите производи кои се агресивни и кои за цел имаат да ја “обезмастат“ кожата, затоа што на тој начин ќе постигнете спротивен ефект. Кожата природно има потреба од заштитен филм (себумот) со кој се брани од надворешните услови и ако ние постојано ја миеме, го отсртаниваме маслото од неа, користиме агресивни производи, таа ќе лачи двоструко па и троструко повеќе за да се одбрани од нас затоа што се чувствува нападната. Ова ви го велам затоа што јас бев една од оние што ја тераше кожата да “пости“ со најразлични препарати кои беа доста агресивни. Друг совет е не се плашете од маслата. Откако го открив нивното позитивно дејство врз кожата редовно ги користам (многупати имам напоменето дека имам комбинирана кожа). Има и масла за лице наменети токму за оваа проблематика како на пример масло од јојоба кое е одлично против акни и митесери, потоа кокосово масло кое смирува црвенило и иритации, масло од арган итн. На тој начин кожата ќе забележи дека не сакате да ја обезмастите и ќе почне да се регулира самата. Или пак користете добри креми кои во својот состав ги содржат овие масла. Ова го кажувам, од искуство. Јас редовно ги нанесувам. За unknownladydi со оглед на тоа што имаш многу сува кожа ти треба уште повеќе да ја навлажнуваш со добри производи. Доколку сакаш пробај ја кремата на dr. hauschka од роза која е идеална за сува и чувствителна кожа, кремата на лавера базик, пред некој ден видов и една друга крема за многу чувствителна кожа ама не ми текнува на името, ќе отидам да видам како се вика па ќе ти пишам, или пак обиди се да користиш чисти масла, во твојов случај авокадо, масло од семки од грозје или пак масло од семки од кајсија кој е одличен анти ејџ или пак масло од невен кое е идеално за осетлива кожа со купероза и проблеми на црвенило. Важно е да ја храниш и навлажнуваш кожата. Се надевам ви бев од корист. Поздрав
Женски ве молам за совет...Значи лицето не го мијам со ништо друго само со дове сапун (што мислам дека уште повеќе ми го суши лицето)...Имам суво лице, т.е комбинирано со Т зона мрсна...Не секогаш, некогаш цело ми е суво....Е сега имам проблем што почнаа да ми се појавуваат ситни зрнциња на образите и лицето ми е како со црвени флеки. Иначе секогаш ми биле чисти образите, само пред некоја година малце почна по некоја црнка да излегува, брадата и носот ми се лом со црнки. Купив крема хдратантна , ми се доуништи лицето, ме пецкаше кога ке ја ставев, и одма ја прекинав, сега зедов од докторс за сува кожа ама не ми упива кремава значи!!Ми останува сјајна кожата ко мрсна. Лицето го чистам со чај од камилица го употребувам како лосион, ама не ми го смирува многу црвенилото.Не користам нон-стоп пудри, значи за на работа само си ставам римелче, а пудра некогаш кога излегувам. Ве молам за совет, да си го средам лицето средно кога бев најчисто лице имав Препорачајтеми нешто за лице, (гел за миење,крема)? Дали да одам на дерматолог?( некој добар во Битола?) фала ви однапред извинете за долгиот пост
Да но читам многу поделени мислења во врска со нив.Јас еднаш ги земав ги пиев три дена и ми беше ненормално лошо ,имав пролив,бев подуена и ми се повракаше. Кога му кажав на лекарот ми рече си замислуваш...
па добро ти кажал лекарот ...мојата друграка ги пиеше т.е ги пие на периоди и ништо не и е ....само што додкеа ги пие ке и с еподобри состојбата на лицето ...и потоа кога ке помине период кога нема да ги пие пак и се влошува состојабата на лицето...
него...највише ми е страв од поправање и такви ствари,мене додуша и хормонот не ми е мн покачен,треба да е до 3.5 мене ми е 3.5 на самата граница.Друго све е во ред,имам редовни менструации,немам цисти.
Сите кои имате проблеми со кожата како резултат на хормонални пореметувања би ви препорачала во исхраната да внесете мака во прав.Маката е растение кое е познато по тоа што на природен начин ги регулира хормоните.Значи не се внесуваат вештачки хормони како преку апчињата.Самото растение има способност да го регулира произведувањето на хормони во организмот.Се користи за какви било потешкотии кои се резултат на хормонален дизбаланс како:нередовни и болни менструации,стерилитет,проблеми со кожата, премногу масна или сува кожа и многу други.Побарајте на гугл за придобивките.Јас лично ја имам испробано и ми се нормализираше циклусот и немам веќе масна кожа,туку нормална накај комбинирана.
@AnimalLover фала многу за советот. Можеш да кажеш каде го има тоа и која цена е? Дали се пие како чај или апчиња?
Мака во прав има во ДМ маркетите 400 денари е пакетче од 200 грама.Има и во капсули тие се некаде 330 денари.И во Биокулт има во прав само не знам која цена е таму.Се исплати со оглед на тоа што се користи по малку.На почеток се зима третина лажиче , па се зголемува дозата на половина.Се зема еднаш во денот , но не пред спиење бидејќи дава енергија.Правот може да се конзумира измешан во сок,чај,житарки,шејк и во било што друго.
Девојки случајно го најдов ова http://www.livestrong.com/article/154802-the-side-effects-of-maca-root-powder/
@kala21 добро што го стави ова, воопшто не ми текна да прогуглам, веднаш ќе се стрчав да купам. Потоа прочитав дека маката често ја користеле спортистите за поголема издржливост бидејќи дава енергија, но и го снижува крвниот притисок. Така што тие што како мене имаат низок притисок не е препорачливо да го користат зошто ваљда и самите почувствувале главоболка кога им паѓа притисокот. Еве некои од придобивките http://www.livestrong.com/article/26545-benefits-maca-powder/