Јас скоро и да немам некое проблематично лице, но еднаш месечно одам на козметичар. Козметичарката ми препорача секоја вечер пред легнување да го измијам лицето со бебешко сапунче и со газа. И пошто од сапунот се суши кожата, секое сабајле ставам АD капки од како ќе го измијам лицето само со вода. Многу посвеж изглед имам и не ми се создавaат лушпи на носот или челото. И најстрого ми забрани да ја вадам шминката со влажни марамици! Пробајте може ќе ви помогне.
кaкo штo ги стегaв бoлчињaвa ми се oстaнaти флеки дaли некoј знaе штo мoжaм зa флекиве дa кoристaм се мислaм oд aвoн имaт еден рoлoн oд clearskin profesional дaли имa кoристенo
Мислам дека e индивидуално, зависи од типот на кожа. За среќа имам чисто лицe и ништо не користам освен хидратантна крема, мислам дека чистото лице повеќе зависи од внатрешното здравје, хормоните, исхраната итн. отколку тоа каква крема користите. Кремите се лекот, исхраната е превенција а секогаш е подобро да се спречи отколку да се лечи.
За што се користи оваа маска, .Гледав на интернет ја препорачуваат за акни. Каде се набавува овој зачин и којае цената.
Пробав да изгуглам ама никако не можев да најдам слика од точно какво ми е лицето сега, така да ќе пробам да објаснам. Почна од една, внатрешно се чувствува дека е голема акна а од надвор набабрена само незнам дали ме сфаќате, и кога ќе пробам да ја стиснам боле, пошто внатрешно е полна. Некако созреа, после две недели дури и еве уште има црвенко стое, не сака да помине. А пред една недела до неа уште две ми испаднаа, три другарки се сега, а од вчера и од дргата страна на образот ми испаднаа две и мислам дека ќе полудам. А денес кога станав околу уста од десната страна имам исти такви две внатрешни, и надвор се познаваат, и болат и на допир. Дајте совет луѓе, значи никогаш не сум имала проблем со акни, што да купам, што да земам? Авене гелот за миење лице го користев пред некој месец супер ме беше, ама незнам дали пак да го купам и дали само од него ќе поминат, значи буквално во паника сум, не сакам да ми рашируваат преку ноќ, па не сум у пубертет, од каде па сега вакви страшни болни акни по лицето? Клиндамицинот ми се потроши, незнам дали да го купам, него го користев пред ПМС кога ќе испадне некои стинички нормални, незнам дали е он за вакви акни... Инаку лицето го мијам со антибактериски гел од Тианде, и после ставам само крема една од Авон, ама денес прекинав и неа да ја ставам, обична Нивеа ставив во бело паковање што е со е витамин, не користам ни тоник ни мицерална вода ништо, пошто ми е страв од нив уште повеќе да не ми се уништи. Сакам да одам вечер до аптека, да купам некоја крема на Еуцерин, ама па никогаш не сум користела, врска немам каква, или друга медицинска и плус Клиндамицинов - ако е за акни он, пошто знам дека ги суше, што мислите вие, дај предложете ми нешто... Не ми кажувајте производи од Балеа, немам ДМ тука, дома сум, нешто од аптека најдобро.
дали ти се проверени хормоните да не имаш некои поремтување со нив....нема веза шо ти поминал пубертетот веќе се е испомешано ....така да ...
@anuskaNESTLE, не купувај веднаш нова крема, затоа што ако не ти одговара или ако ти реагира кожата дополнително на неа, нема да знаеш дали е до кремата или до твојата кожа. Купи си Дермогал, послаб е од Клиндацинот, меѓутоа според мене е и подобар, поефикасно се справува со акните зашто не ги суши така нагло за да ти се расперути кожата откако ќе се излупи корупката. За побрзо да избијат на површината, мачкај ги со пресечено чешне лук. Само пресечи го на пола и поминувај по областите каде што имаш акни. Мириса малку, тоа нормално, ама додека не излегуваш од дома гледај постојано да имаш нанесено од лукот. Мирисот се губи откако ќе го измеш лицето со гел или сапун. Можеби ќе звучам смешно, ама речиси сум сигурна дека ти е од стрес, поготово ако си пред полагање. И мене знае да ми се случи некој ваков испад еднаш до два пати годишно, ама лукот секогаш ме спасува.
Mене како што ми кажа аптекарката, Дермогал било само за чистење на лице, и немало антибиотик во него, а од друга страна, Хлорамфеникол/Хлоракол и Клиндамицин имале антибиотик и делувале врз акните. @anuskaNESTLE ај размисли дали си го променила начинот на исхрана скоро, или пак доколку си под стрес (мислам дека во право е Мишела) земи си Б витамини, витамин Ц и би требало да пројде само од себе. Исто и навлаката на перницата менувај ја почесто, може и од тоа да се исфрлаш. А ако почнеш одма со 300 креми, само ќе се влоши, знам по себе.
@anuskaNESTLE Мене лицето постојано ми е такво. Си го набљудував проблемот подолго време, читав медицински статии и имам заклучено дека ми е такво поради тоа што патам тежок облик опсипација. Ако одржуваш хигиена редовно, тогаш мора да е проблемот од внатре. Води дневник на активности, следи стресови и дневно мени, физичка активност и слично. Настрана тоа, јас секоја новоникната планина ја третирам со паста. Кога сум дома постојано шетам со точки паста на мене. Е сега, од искуство, не делува секоја паста, ставај од оние што се најобичните со текстура како Колинос и обичната на Колгејт. Исто, ако некое е бело, ти пукне патем, користи антибактериски за да не се шири овде-онде. Пробував и со орифлејм стик коректорот со половина дел што е со чајно дрво ама не ми помага. Со паста ми поминува за неколку дена, останува некој вид на лузна, малку е потемно местото кај што сум имала акна, па таму практикувам да ставам Лала кремче. Се надевам ова ќе ти биде од корист.
ја има ли лала кремата по аптеките ? читав дека тешко се наоѓала, а искрено не сум баш за од пазар да ја купам голем скептик сум, изнамачена од акни и флеки шо буквално и сапун ми е страв да ставам фала на одговорот
Veke eden mesec sum pod stres i liceto pocna cudno da mi reagira. Prvo mi se pojavija bubuljici podkozni pod ustata bez razlka dalisum vo PMS i sega osekam kaj obrazite kako nesto podkozno da mi gori kozata. Kako nekoja podkozna iritacija da imam. Posebno koga ke se iznerviram toa mi se slucuva kakao da mi gorat obrazite. Nekoj od vas so slicno iskustvo, da preporacate nekoja anti stress krema za lice?
Јас имам прилично чисто лице но тенот не ми е рамномерен секаде само со пудра г оизедначувам .Дали некој знае нешто за изедначување на тенот или само пудра му е лекот ?
Во ПМС обавезно ми излегуваат бубулички, ама откако го користам пилингов од ДМ ми се намалија и почисто ми е лицето.
Девојки би сакала некој совет. Пред две години на дерматолог ми кажа дека имам комбинирана кожа, но во последно време многу ми се суши пределот околу носот и носот и ми се појавуват како лушпи, не се страшни, но навистина многу ми сметаат. Исто така овој предел отсекогаш ми бил црвен, како флеки кои што не исчезнуваат без разлика со што да пробам..
Ќе одиш на лекар и ќе треба да правиш испитување на хормоните.Или пак конзумирај корен од мака во прав тоа ги средува хормоните.Гуглај maca root и ќе дознаеш повеќе
Анушка купи си хидроген 3% и маст Гентамицин. Гентамицинот е антибиотик, не знам кај другите како реагира, мене ми влече се на површина ама го чисти лицето многу брзо. Три пати годишно ми се случува такво нафрлање на лицето и без разлика со што и да го чистам ако не употребувам антибиотик џабе ми е. Ова ти е поефтина верзија, а ти гарантирам дека за недела дена со три пати на ден користење ќе го средиш лицето. Само не ставај шминка ако можеш. Ако мораш шминка, тогаш ова користи го од кога ќе ја извадиш. Бидејќи мене ми се нафрла поголем дел од лицето, го ставам на цело лице, некои го користат само целно на акната. Еуцерин не ти го препорачувам, подобро дај некој денар повеќе и земи Авене.