Пробај на три дена користи го само навечер и после него стави хидратантна крема.Лосионот е добар но мислам дека алкохолот во него те суши така да користење повремено само
Нешто за чистење лице ама по„нежно“? Не знам како да објаснам освен gentle на англиски. Овој гел што го користам сега ми ја остава кожата многу затегната после миење, ми треба нешто друго
Па имам комбинирана кожа, а во последно време образите почнаа да ми се лупат, мислам дека ми е од гелот што го користам. Иако ставам крема после миење, и секое утро. Тие лишаите ми поминуваат само ако им ставам павловичева. Многу неубаво изледа пудра кога ќе ставам на таква сува кожа. Се мислам дали да купам на Јанг Дерм тоникот, па со тоа да пробам да го чистам лицето, ама пак, шминката со тоа ли ќе ја вадам?
Ти треба за чистење шминка или? Ако бараш некој тоник или лосион за таа намена, пробај ги Балеа розевиот со малина (предобро вади шминка, деновиве ќе напишам нешто повеќе за него) и плавиот за нормална кожа, оној со екстракт од лотосов цвет.
Probaj go ovoj losion za cistenje na liceto na Bioten.Odlicen e.Jas sum mn.zadovolna.Voopsto ne ja iritira kozata,nitu pak ja susi.Jas go koristam samo navecer pred spienje,stavam na pamukce i go pominuvam liceto ednas.Ubavo ja vadi necistotijata ili pak sminkata od liceto.A i sto mi e najvazno ne sodrzi paraben ili pak nekoj slicni stetni sostojki.
Ми треба за миење/чистење на лице пред спиење. Го користам тој плавиот на Балеа ама изгледа ми е пресилен, после миењето кожата ми е затегната, мислам ако се насмеам ќе ми се раскине лицето. На Балеа тој за сува кожа? Ќе разгледам да најдам нешто, баш го видов овој розевиот сега во некоја тема, ама па чекав некој нешто да ми препорача. Crazylady прашала погоре, и мене истото ме интересира Само ми е многу важно да ми го чисти убаво лицето, зашто ми е многу непријатно да си легнам а да не се осеќам чисто.
Биотен имаат и млеко и тоник за чистење лице. Јас сум задоволна од зелената колекција за нормална - комбинирана кожа, розевите ги немам пробано, мислам дека нема да ми оговараат. Исто види ја розевата колекција на Гарниер, таа е исто за поосетлива кожа и предобра е.
Во меѓу време некоја убава крема за лице? Имаш ли користено флуид? Јас ги купив на Балеа плавата крема и гелот, ама кремата ми е при крај а гелот еве не ми одговара, па сакам нешто ново да пробам. Биотен ги има во аптекиве? Или во ДМ?
Ги има и во ДМ и во сите маркети. Моментално се на акција во Веро, мислам дека розевото млеко и тоник ќе ти се допаднат, а кога веќе бараш крема, еве погледни ја и таа од истата колекција на Биотен. Мене зелената крема не ми одговараше, ама останатиот дел од колекцијата ми е супер. Од флуидите не сум баш задоволна, а најубава и all time favourite крема ми е кремата на Nivea за нормална кожа со бебешко сино капаче. Многу е хидратантна, мене премногу ми се допаѓа. Или пак види ја Афродита со невен, многу е поевтина од Нивеа, а исто така е одлична.
@x.Daisy.x Od DM go kupiv,okolu 130-140 den. e. Mene mi e odlicno.Go cisti liceto temelno,ne go iritira,a i prekrasen miris ima.
Ај и јас да си ја кажам својата рутина, која е едноставна, а мислам дека најмногу резултати ми покажала, најверојатно зошто не го малтретирам лицето со толку многу работи. Една од работите што сакам да ги напоменам е вадењето шминка навечер. Толку многу девојки познавам што не ја вадат шминката навечер, косата ми се крева. И маскара да е, ако немаш друго средство, со топла вода измиј се барем. Само од оставање на маскарата одма очите почнуваат да чешаат, солзат, а не пак пудри и 300 гадости во денот што ги прима лицето. Прво, доколку ставам повеќе слоја маскара или туш, ги вадам со мицеларната вода на Лореал, и со памукчето поминувам се дури не го видам чисто. Потоа со друго памукче поминувам низ цело лице. Спојлер: Слика Второ, го мијам лицето со Дав сапун, класичниот, и сум го пробала и без прво да го исчистам лицето со мицеларна вода, и неверојатно добро ми ја вади шминката, потоа памукчето ми е сосем чисто. Презадоволна сум, веќе гелови не употребувам (освен пилинг). 60тина денари. Спојлер: Слика Трето, зависно од тоа дали ми треба пилинг, го мијам лицето со Soft and clear пилингот на Балеа, со цинк и салицилна киселина (ќе ставам слика подолу). Овој чекор не го повторувам редовно, ко што напоменав, кога ќе почувствувам дека ми треба пилинг, или па кога сум ставила мноогу шминка, а тоа е многу многу ретко. 130 денари. Спојлер: Слика Четврто, ставам од Хлоракол лосионот, и со него најдобро гледам дали убаво сум го исчистила лицето, на памукчето нема ништо. Многу ми пречи што е горчлив, меѓутоа го ставам само навечер, па на дечко ми не му прави проблем кога ме бакнува. Слика не успеав да најдам, ама веројатно го знаете сите. 110 денари го земав. Петто и последно, ставам од интензивната ноќна крема на Балеа со цинк и салицилна киселина. 130 или 140 денари. Спојлер: Слика Е сега, нешто плус. 2 пати во недела правам маска и пилинг од сода бикербона, ставам сода и малку вода да се направи паста, и оставам на лице, а потоа кога го мијам убаво затривам, малку е грубо, ама мене не ми прави проблем. Некогаш ставам и сол, и многу чудно како солта ми вади на површина онакви бели мозолки, гадни, кои потоа ги стискам и ставам хлоракол. 1 во недела ставам од овие две маски на Авон, од кои не сум видела нешто посебно, ама за освежување се супер. Цената варира, вака се многу скапи за нарачување , 250 денари, а толку не вредат, така да чекајте си акции. Спојлер: Слика Доколку имам некоја поголема мозолка, или некоја што не е излезена, а ме боли, ставам од гелот за мозолчиња, исто на Балеа. 115 денари. Спојлер: Слика Тоа е се, пред шминкање ставам малку од оваа крема, не ми го мрси толку лицето, иако сепак светнувам за околу 2 часа. Спојлер: Слика
Можно ли е од детоксикација нагло да се расипе лицето? Од пред недела-две почнав да си ја средувам исхраната(не јадам мрсно/избеглувам благо и бели пецива), а пијам и зелена глина насабајле и почнаа нагло да ми излегуваат акни,Моментално имам три поткожни акни на челото.Ејјј на челото, а никогаш сум немала акни на челото! Една на брадата и една кај образот.Го мијам лицето со Асодерм сапун, а тоник користам Еуцерин зелениот и Лореал крема. Не знам што да правам.Многу се нервирам.Лицето ми е ужас. Чаре некое?
Да, можно е.Кога правиш детокс на телото не треба да те чудат било какви промени кои што ќе се појават.Телото ги исфрла отровите на сите можни начини.Продолжи така и не го гуши лицето со многу хемикалии.Ставај раствор од сода бикарбона и вода на акните за да ти поминат побрзо.
@AnimalLover фала ти многу. Еве сега ќе ставам маска од зелена глина.Ќе се потрудам да не носам пудра иако малце ми е срам да не ме гледаат таква. Ако не се смират после празникот ќе си земам упат и ќе посетам дерматолог.
@Salome Јас сеκогаш κога ја менувам исхρаната и κога слабеам или обρатно κога се дебелеам ми излегува по лицето сва и свашта, ноρмално е тоа додеκа да се навиκне κρвта, оρганизмот...
Женски кажете како да се справам со поткожниве акни? Секој месец пред циклус мора да се појави по некое
Девојки кај мене во градот нема ДМ, и неможам никако да ги најдам производите на Balea.Овој гел ми го фалеа многу, ако го има некој користено нека пише искуство