Јас го имам користено за сува кожа и можам да кажам дека сум задоволна бидејки лицето го прави меко мазно брзо се впива иначе јас го имам купено од Еликсир во Веро 2.
Колку време го миеше за да видиш резултати и дали си правела маска од овесни снегулки? А и да те прашам какво лице имаш мрсно/суво
Здраво,да прашам дали некој од вас ја користи кремата за избелување на пеги и флеки што се вика ЛАЛА КРЕМА? Читав по многу форуми дека е ефикасна,ја има дневна и ноќна варијанта. Инаку ја купив, чини околу 90ден, и еве веќе ја користам 3-4 дена. Реално веќе забележав ефект од кремата во однос на пегите, но проблемот ми е што на деловите каде што немам пеги ми се појавија како нерамнини, ситни точки со боја на кожа што само јас ги осекам на прсти а вака не се познаваат на гледање. Дали некој од вас изреагирал вака? Се мислам дали да продолжам со употребата :/
Може да ми препорачате што било за моето лице? Значи каде што ми излегува акната ми се суши и наместо да се изгуби ми се појавува црвенило и цело лице каде имам акни ми е такво, ми е страв да не ми се појават дупчиња. Катастрофа ми е лицето цело со црвенило.
Тоа ти се флеки од акните, нема да ти останат дупчиња од тоа без гајле. Проблемот е што многу време им треба за да поминат флеките. Мене од една поголема брунка ми стои со недели, многу се досадни знам а плус и повеќе ако си имала ќе треба време да се регенерира кожата каде што имало брунки. Мене ми помага здраве кремата, често е спомнувана низ темава па пробај со неа мачкај се ќе ти поминат побрзо.
Женски почна лицето да ми биде шарено на некои места црвенила, премногу виолетови подочнаци, некаде како остатоци од пудра на чисто лице.. Што би помогнало за виолетови подочнаци и неизедначеност на тенот на лицето?
Дали може да ми каже некој на кој начин се користи невеновото масло за лице,како да го нанесам и по колку време да го измијам? И дали помага за флеки и бубулици?
Еленче овде по форумов читам доста го фалите лисионот од ловоров лист, па сакав да прашам кој е подобар за чистење на мрсни лице склоно на акни(и со црвенила од акни кои бавно минат) оној со повеќето тревки:сув босилек, кантарион, магданос и ловоров лист или оној само со ловоров лист
Здраво феминки нова сум на форумот и гледам многу девојки имаат проблем со лицето... еве маска за лице против акни... ама најдобар лек за чисто лице е суровата храна и природни сокови од секаков вид на свежо овошје и зеленчук во блендер... Измшајте секое утро по една или две чаши и резултатите се видливи за многу скоро време... јас го имам истиот проблем и секое сабајле јадам свежо овошје и зеленчук и пијам една чаша сок што го правам во блендерот и има многу позитивни резултати... позз
Здраво девојки, нова сум на форумот и имам големи проблеми со лицето. Јас сум од Битола ама слушнав дека имало некоја жена во Кичево ( не сум сигурна дали точно во градот или во некое околно село) која со тревки и такви природни работи го решавала проблемот за кратко време. Веќе скоро се имам пробано па си реков оти да не и ова Ако некоја девојка од Кичево има некоја информација за женава нека кажи... Претпоставувам ако е толку добра и ефикасна како што слушнав би требало да ја знај некој низ Кичево.
На лицето имам уште неколку акни ама од предходните сеуште имам црвенило. Исто како флеки нешто ... Дали имала некоја ваквов проблем да ми препорача што да користам за да исчезнат ??
Здраво на сите! Јас сум тука нова но редовно читам што пишувате. Имам 18 години и веќе година и пол имам проблеми со акните. Ми се појавиаа додека живеев во САД една година. Мислев дека е до храната или климата и дека ќе исчезнат кога ќе се вратам но не ичезнаа. Имам пробано Murad производите, Young Derm, Здраве, Павловичева, Зелена глина, Lea, производите од dr Bacheff и сега пред 2 дена купив Dalacin C gel и кога го ставам многу ме чеша. Ве молам некое решение. Се хранам здраво и вежбам но тоа ми нема некоа разлика. Акните ги имам најмногу на челото не се цистични но мнгоу се црвени, и на брадата.