шејкови на гладно од секаков вид на овошје и зелечук и јадење многу сурова храна, жив спанаќ, брокули карфиол и др зеленчуци што можат да се јадат живи.... и многу овошје и обавезно авокадо, авокадото најмногу помага за кожата и ги чисти сите акни... позз
Го имате ли испробано? Кремава е за масно лице и се препорачува да се употребува како дневна крема како и пред шминкање
Јас еднаш неделно си правам домашна маска за лице од канела и мед, и пошто имам мрсно лице го мијам само со Dove go fresh touch го навикнав и супер ми прија, и од време на време го мијам со сода, иначе ниедна крема барем мене ми нема помогнато за почисто лице.
Девојки денес го земав гелот за миење на avene. Е сега незнам дали го има во повеќе видови или е само еден. Имаше страшна гужва и неможев да се распрашам поубаво. И побарав крема од avene исто што ќе можам да ја користам како подлога за пудра а имам мрсно лице и ми ја препорачаа оваа Е сега оваа cleanance emulsion lotion што ја имаат користено повеќето девојки и таа на сликата што ви ја пратив биле исти, само паковањето било друго.На онаа Mat што ја земав позади на македонската декларација пишува вака :Клинанс МАТ (порано КЛИНАНС Емулзија) Ја утнав ли на цело работата Ако сум ја утнала едно ГОЛЕМО БРАВООО ЗА МЕНЕ, ЕМ БЕЗ ПАРИ ЌЕ СУМ ЕМ БЕЗ КОЛЕКЦИЈА
Здраво! Јас заскитав во форумов до 2011 година и се надевам дека има некоја активна и ќе ми даде инфо контакт од чичкото со небаре магичната маст. Пишете ми која знае за да и се обратам во ЛП. Би била многу благодарна. Поздрав
Не си утнала,изборот е добар ако имаш комбинирано накај масно лице.Гелот за миење може малку да те суши ако ти е комбинирано кожата, ама затоа кремата мене ми е една од најубавите и стакло ми го прави лицето.
Незнаев каде да го поставам прашањево, па еве ќе го пишам тука. Дали во Скопје некаде може да се најде балзамот за чистење на лице од Clinique -take the day off balm?
Дали имате искуство со сапунчињата Doktors,и кое мислите дека има најголем ефект .Инаку имам проблеми со акни и црвенило
Да јас ја користам и не гледам некој голем ефект исто се мијам со гелот од биоклин .. Иначе 1000ка е кремов ..
Лицево скоро целосно ми се исчисти од Dove сапун. Го користам 2 пати во денот, сабалје и навечер. Кај мене имаше резултат после една недела нешто така. Сега уште фали да ми исчезнат флеките од акните ..
Го барав овој гел за миење лице на Неутрогена ама го нема,каде можам да го најдам? Слушнав дека е многу ефикасен.
Некоја замена за него што има кај нас со салицилна киселина бидејки имам прилично проблематично лице?