Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    890
    Пол:
    Женски
    Од Неутрогена ти го препорачувам овој пилинг

    download.jpg

    исто има и маска за лице истата амбалажа е, многу се добри, ги има кај нас во Зегин и во ДМ сигурно
     
  2. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.418
    Допаѓања:
    9.598
    Пол:
    Женски
    Soda bikarbona so limon preubavo deluva ima majka mi probano :):):)
     
  3. fumfudge

    fumfudge Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Сода бикарбона воопшто се препорачува како наједноставно а најефикасно средство за отстранување на секакви бактерии како кај човекот така и кај предметите и површините кои се осетливи на такви работи (кујни, бањи, и сл.).

    За третман на лице со сода бикарбона не сум слушнал, но веројатно има ефект штом некој пробал. Сода бикарбона помешана со лимон мислам дека прави хемиска реакција и смесата почнува да врие. Обично така се чисти бигор (калциум карбонат) кој често го има во водата и кој откако ќе испари водата останува како грди петна на површините од стакло, керамика или метал.

    Погледнете го и ова http://www.sinauma.mk/index.htm Еден пријател ми има кажано дека ова средство го користел на неговото малечко дете и се покажало доста ефикасно. Прочитајте си ја кратката но добра информација што ја има дадено на страната.
     
  4. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    195
    Феминки ај некој што го користи гелот за миење Avene, колку често го користите дневно(еднаш, двапати)??? Јас наутро кога станувам, и кога си доаѓам од работа,кога ја вадам пудрата(најчесто навечер е тоа). Да не го пресушам?
     
  5. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.474
    Допаѓања:
    91.879
    Пол:
    Женски
    Јас два пати го користев не ми го пресуши лицето ама пак ќе видиш како ќе ти биде, сигурно ќе забележиш сушење ако има.
     
    На Love86 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Marina89

    Marina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    42
    Девојки,дали некоја од вас користи мицерална вода,и дали сте задоволни,слуснав дека дерматолозите ја препорачувале за чистење на лицето ,ама веројатно има и од повеќе фирми,па сакав да споделите искуства ;)
     
  7. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    195
    Најмногу ја фалат мицералната на Avene, за чистење на лице и одстранување на шминка. Се мислам и јас, но повеќе би сакала конкретно средство за одстранување на шминка. Предлог?
     
  8. BabyStyle

    BabyStyle Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    8.955
    Морам да ви откријам една тајна. Од креми, пудри, млека за чистење на лице имам се...Од еуцерин, авен, виши и ред други скапи медицински линии и брендови. Имав црвенила на едниото образ од алергија. Дури купив секакви креми за лузни, црвенила и што уште не. Немаше ефект а од нервоза односно на нервна база почнаа да се шират. Лекот го најдов во МАСЛО ОД КАНТАРИОН. Природно, мајка ми го направи...девојчици стакло лицето го прави за 4 - 5 дена... пробајте...
     
    На fifi16, blueberry93 и kjukli им се допаѓа ова.
  9. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    195
    Девојки што мислите, после колку време има реакција доколку не ти одговара некој производ? Вака јас го користам гелот за миење на avene и како подлога за пудра ставам cleanance MAT emulsion исто од аvene. Некаде околу 20тина дена ги користам, но последните 2-3дена забележувам брункички некои. Требаше да добијам денес, утре, најкасно до вторник, но ми доцни. Еве сега пред легнување го измив лицето и што да видам??? Хаос сум. Дали мислите дека е од гелот или кремот, да има реакција после 20дена?Стварно незнам што да сторам, дали да продолжам со користење или пак да се надевам дека е од тоа што ми доцни :(
     
  10. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Со маслиново масло така?
     
  11. BabyStyle

    BabyStyle Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    8.955
    Со маслиново масло. Свеж кантарион...црвен....
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.327
    Пол:
    Женски
    Јас го земав сапунот од Докторс,за мрсна кожа и против акни и еве го користам некои две,три недели ама врска нема,лицето ми свети ко лампион и ми се појавуваат цело време нови акни.
     
  13. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    195
    Лиценцето ми е рафално.. Ми дојде денес, ми задоцни околу 4-5 дена и незнам дали да мислам оти се нафрлав од менструацијата или од гелот и емулзијата на avene. Стварно дури сега незнам што да мислам;(
     
  14. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Од пред неколку дена братучедка ми почна да се мачка со лимон и за два три дена и ги снема мозолчињата.
     
  15. mystic333

    mystic333 Активен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    11
    Секое утро и вечер го мијам лицето со сапун и супер ми е...ова по препорака на козметичарката.
     
  16. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.907
    Допаѓања:
    5.248
    Пол:
    Женски
    @mystic333 алал да и е на козметичарката, го нашла лекот!
    Работата е тука да се сподели на кого што му помогнало и за каков проблем се работело, надвор од добро познатите сретства за хигиена.
     
    На Love86, ivi1987, cooll и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.327
    Пол:
    Женски
    Јас вчера го земав гелот за миење лице на Балеа за мрсна кожа,150 денари е и го измив синоќа и сабајле и лицето никогаш не ми било помеко и помазно.Сабајлево кога станав не ми беше воспалено и толку мрсно лицето.Претходно користев Докторс,сапун за мрсна кожа и против акни ама повеќе ми се мрсеше и ми искачаа акни.Е сега ќе видам со ова како ќе терам,како за почеток убав впечаток ми остави.Инаку крема на Нивеа користам за мат ефект,не ја менувам па ќе видиме што ќе испадне,ќе ви пишам :)
     
  18. popovich

    popovich Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    533
    За мене секогаш функционирал АнтиАкне ГЕЛОТ на Докторс (Не кремата, ниту лосионот). Исто така и Клиндацин. Пред спиење или наутро секогаш по миење на лицето го нанесував и оставав да стои бар 1 час. Ако беше пред спиење така легнував, а ако требаше да одам некаде наутро или станував порано за да можам да го измијам пред одење или не ни нанесував затоа што ја вцрвенува кожата и не личи добро за надвор.
    Од маски, сама си правам маска за лице од квасец и малку вода, дејството е феноменално. На Балеа маските Peel off сите се предобри.
     
  19. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.327
    Пол:
    Женски
    Еве сум пак јас :lol: До вчера ова време веќе лицето ми светеше ко со зејтин да сум го мачкала ама денес нема ни М од мрсно лице,се надевам само дека вака ќе продолжи и во иднина и дека сум нашла соодветен гел за миење и крема :party:
     
  20. QueenElizabeth

    QueenElizabeth Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2015
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Леле незнам што ми е со лицево преку ноќ ми изкачаат како некои бубулички на челото особено кај устата незнам со што да ги тргнам аман,им ставам пудра онаа белана што е за сипаници ги гори не дека не ама секој ден има по 3-4 нови незз што се дешава никогаш сум немала бубулици дај препорачајте да ставам нешто...