да не си нервозна нешто овој период...од стрес може да ти излегуваат...од некој храна примети дали ти излегуваат..исто така може и дисбаланс на хормоните .....земи си од аптеката далацин ц гел околу 300-350 ден е...само на бубалиците ке ставаш...
Спојлер Ја купив ноќната крема на Балеа ама како од неа да ми излегуваат повеќе бубулици? Дали само на почетокот е така или? Зошто еве веќе недела помина а уште ги имам? Ма да треба да добијам за некое време па можеби ми е и од тоа, не сум сигурна, ама баш сакав да те прашам тебе зошто ми текна дека имаше за неа нешто постирано.
Ни мене не ми исчезнаа веднаш, потребно е време и малку трпение. Јас ја користам повеќе за хидратација зошто ниедна крема не ми одговара, и до сега оваа ми е најдобра, и најбитно ми ги држи под контрола мозолчињата, за тоа тврдам. Не се откажувај веднаш, јас кога имам добиено, и пред да добијам што и да им ставам не помага.
Ме чудеше тоа што од кога почнав да ставам некако ми се појавија повеќе, ама па ми текна вчера дека можеби и ми е од ПМС. Така да ќе продолжам да ставам па ќе видиме што ќе биде. И не знам дали си приметила ама кога ќе станеш некако лицето ти го прави помазно, и понегувано, тоа ми се допаѓа.
Ставав белка на лице,гледав на јутуб со постапка со се,и го прави лицето многу позатегнато а воедно ги вади и црнките и ја чисти кожата од мртви клетки
до чисто лице се доаѓа само со секојдневна нега -милење со соодветно средство спрема типот и потребите на кожата 2 пати дневно -по миење ставање на тоник и крем исто според потребите на кожата -дополнително користење маски за лице производи кои ги користам
Ако имаш нормална или сува кожа да,можно е ама ако имаш мрсна кожа тогаш колку сакаш ставај соодветна козметика за типот на кожата и миј го по 5 пати дневно ако сакаш пак се мрси.Испробано и проверено.
Дали некој има искуство со матирачкиот тоник и дневна гел-крема од Нутра ефект линијата на Авон? Јас овие прв пат ги гледам и немам до сега ништо прочитано. Барам нешто за мојава мрсна кожа ништо не ми помага, па ги видов овие, до сега сум задоволна од други производи што имам користено и се мислам дали да ги порачам овие.
јас сакам да ти се заблагодарам пре премногу, значи кога го прочитав твојот коментар решив да пробам, еве веќе 3- ти ден како ставам масло од кантарион, и црвенилото значително ми се намали, ќе продолжам со ставање, се надевам дека ќе ми исчезне цело, инаку мене ми се направи од прашина и во образите станав како да имам 3 кг руж бејбистајл уште една многу ти благодарам
тогаш секоја чест,мене и на повеќето со мрсна кожа не ни успева.јас прво имав комбинирана кожа и челото секогаш ми светеше,а сега после операција на нос имам многу мрсна кожа,претерано и пробав се ама пак свети и нема лек.
Девојки како е можно од гелот на avene толку да ми се пресуши кожата. Значи само еден месец го користам заедно со емулзијата mat. Други никакви агресивни средства не употребувам. И сега од мрсна Т-зона јас имам сува Т-зона. И пудрата уште повеќе ми ги истакнува сувите делови(носот, оклу носот и устата).Ај ве молам за совет што да правам сега?