кај мене кожата ми беше ептен мрсна кога ја миев со обичен гел за лице кој не беше наменет за мозолчиња,црнки или пори .Е сега кога ја мијам со ова средството за црнки некако дури и ми се суши околу очите ,на носот ,на челото,образити...буквално секаде и се осеќам како да ми се променил типот на кожата па овие денови сум во потрага по некој поквалитетен крем за сува кожа на сите средства што ги користам пишува дека ги отстрануваат маснотиите од кожата а кога ќе се сетам до пред 2 месеци лицето од мрснотии ми светеше како лампион ...миено немиено светеше
Имаш среќа што на тебе така ти делува пошто и јас го имам истото ама кај мене одма светнува лицето после миење,посебно кај образите и челото.Можеби кај мене причина е операцијата па ништо не ја трга маснотијата и треба време да помине ама сепак мислев дека барем со некое ќе ублажам ама ништо,ќе мора да чекам да помине време и да се нормализира кожата.Порано имав комбинирана кожа и многу ми беше полесно ама ете последниов месец мака мачам .
Јас имам да споделам нешто со вас..Не знам лек за бубулички,црнки..но,имам да ви кажам нешто што го пробав вечерва и тотално се разочарав па решив да споделам да не се зезне и друг како мене.Имам видено по интернетов дека морската сол помага многу за кожата,посебно за девојки со мрсна кожа бидејќи морската сол ја суши кожата..истражив малку пред да купам и немаше девојка на која не и помогнала морската сол.Решив да ставам вода во тенџере,во него сол и да ставам да се спржи..пареата ги отварала порите..После тоа направив маска мед и морска сол..ја оставив 20 мин..кога ја извадив одредените бубулици кои што сакав да исчезнат уште повеќе ми се зголемиле...и еве чекав два саати како демек со време ќе се намалат бубулиците,ми се зголемиле поради тоа што маската делувала,морска сол било секако дека ќе ми ја иритира малку кожата..теоријата на мајка ми...Поминаа два часа,бубулиците изгледаат дупло поголеми и вцрвенети.Чудно е поради тоа што на сите им помага морскава сол значи буквално немаше ни еден коментар негативен за оваа маска,можеби е само до мојата кожа.Како и да е,сакав да го пишам ова тука да не го проба некој и да се разочара
Епа морската сол е малку агресивна, посебно на лице со воспалени бубулички не се препорачува пилинг, а посебно и со морска сол...
Дечко ми има проблем со гнојаници и поткожни влакна на брадата.Има некој посебен жилет или машинка незнам демек за чувствителна кожа ама не помага,па ако вашите дечковци,мажи,браќа имале нешто слично кажете што употребуваа,мислам дека пилинг треба да се прави немам идеја што друго. Се надевам не ја погрешив темата
Девојки дај предложете нешто испробано што делува за побргу да се намали црвенилото (флека) од акна (со бело гнојче)
Денес си купив на Фитофарм односно Леа Хербал лосион со екстракт од чајно дрво и гелот исто така. Искуства со нив? Јас инаку не ги користам за лице, имам некој осип на телото. Ми испаѓаат брумчиња каде што ме допира градникот. Не омекнувач сменив, ајде купив 3 нови градници на Лиска, сменив гел за туширање, па ајде со сапун и на крај ништо. И башка ме нервираат бидејќи се цело време црвени, како чирчиња и ми е срам да си облечам мајца на прерамки. Не ми поминуваат со денови. Сега ќе пробам и со ова, па ме интересираат искуства со овие производи.
Мој совет до сите кои што имаат проблем со лицето пред да биде доцна. Значи неможете да имате чисто лице ако не го чистите редовно кај професионалци односно искусни доктори. Што сакате мачкајте правите ама мора да се исчисти од црнки и мозолки. Тоа се бактерии кои постојано се шират. Јас еднаш во месецот одам кај др.Самоникова - дерматолог специјалист. Е сега од кога лицето ќе биде исчистено веќе може да се размислува за надворешна нега. Погоре напоменав ЦРВЕН КАНТАРИОН- ЛИЦЕ СТАКЛО. Но само ако е од внатре исчистено. Со редовност и со внимание сите ама баш сите можеме да имаме лице стакло. И внимавајте каде одите на чистење. Поздрав срцушки
Масло од чајно дрво, без додатоци. Од Германија го добив и навистина ми го исчисти лицето. Само што непријатен мирис има, па најдобро е да се нанесува навечер. Резултатите се видливи уште од првиот пат од нанесувањето на маслото.
Го користеше за акни или чисто како превенција ти беше?И помага ли во избелување на некои флеки од акни?
За акни и црнки. За избелување на флеки од акни, не знам, но црвенила и масти од лицето многу брзо трга.
Најпрво многу е тешко да се најде црвен кантарион. Можете слободно и со жолтиот. На зелено пазарче го продаваат женичките околу пазарчето. Веднаш штом ќе го купите, земете литро маслинов зејтин. Ставете во тегла од кантарионот свеж и наполнете ја со маслиновиот зејтин. На дневна светлина стои така теглата 40 дена. После 40 дена кантарионот можете да го користите како лек за СЕ. Кожа, коса, желудник ( да го пиете по една голтка дневно) и слично. Ова со надворешната нега е секако од кога ќе биде лицето од внатре средено. Знаеме и јасно е, џабе камуфлираме од надвор кога од внатре си ровари нешто. Чистење редовно... Кога моја другарка со кратери по лицето успеа да се сред СИТЕ МОЖАТ
Девојки оваа со црвениот кантарион кој би знаел дека е толку лековит и за лице.Ние дома за извоз имаме баш таков црвен кантарион на (свежо набран, се става во мслиново масло, се остсва на светлина 40дена). Само незнам нели е многу мрсен за на лице? Би пробала уште вечерва, и така сум во пмс