Јас колку што знам, производиве од чајно дрво се нанесуваат само на акната, не на целото лице. Имаше порано една колекција од Орифлејм (не знам дали ја имаат уште), во пубертет користев едно како рол-онче, само на акните го нанесував, ми ги смируваше.
Незнам сега дали се работи за исто, јас имам германско како маст-гел е,незнам како да ви го опишам, има многу јак мирис. Не сум го употребувала никогаш.
Кога спомнавте за маслото од чајно дрво побарав производи што го содржат и го најдов ова, го имало во Виола. Знае некој колку пари е и колку е ефикасно? Со етерично масло од чајно дрво, лаванда, маслинка, тимјан, масло од сладок бадем. Се користи кај: разни кожни инфекции (акни, габични инфекции), рани, нечиста кожа, убоди од инсекти, заштита на кожа која е често изложена на нехигиенски средини како базени, фитнес центри и сл.
Моето е чисто масло, во шишенце е, се капнува на прст или памук и се нанесува. Мирисот многу ме потсеќа на ориганово масло.
Девојки, некој предлог крема за лице против мозолчиња + да биде хидратантна зошто до сега 3 пробав (Cera Di Cupra, Lorearl (Triple Active Day), Rosal (со бадемово масло)) но нема никаков ефект, дури мислам кожата ми се исуши од нив Поздрав
Каде може да се купи алое вера гел и колку пари е отприлика? Сакам да го направам гелов http://www.crnobelo.com/zivot/ubavi...tojki-leci-strii-akni-pegi-izgorenici-i-luzni
Јас знам за чист алое вера гел од фирмата aloe vera Forever Living Products, знам дека отприлика е околу 1000.јас имам крема со прополис од оваа фирма Еве ти линк https://www.foreverliving.com/retail/entry/Product.do?code=061
Му се случило ли на некој откако ќе испадне од пубертет да му се исчисти лицето, да не му се вцрвенува и воспалува пред менструација и да нема постојани ситни брунчиња?
Јас редовно одам на козметичар и добро ми го чистат лицето. Но, имам одредено црвенило на образите, многу работи (креми, лосиони, серуми, различни козметички третмани) сум пробала, црвенилото останува. Сега ќе пробам со црвениов кантарион (го имаме дома, сами си го правиме). Како се става-со памукче на целото лице или само на проблематичните делови (на црвенилото)?
Од пред еден месец почнав да ставам лимон на лицето и стварно делува,само што црвенилото никако не се трга...:/
Јас го нанесувам дирекно од раце на лице... Секако предходно измиени. Памукот ми го упива кантарионот. Обично ставам на лицето и го масирам. Оставам да си упие колку му треба. Најчесто пред спиење го користам. Кај моите црвенила (а беа многу поради алергија) беа потребни само 4 дена за да се видат ОГРОМНИ РЕЗУЛТАТИ.
за црвенило на лице мене ми помогна еуцерин anti rotungen,тоа е дневен крем со заштитен фактор,и го изедначува тенот а го смирува и лечи црвенилото
Девојки си направив смеса од мед, цимет и прополис и ја ставив во шишенце од капки. Си ставам само на акните, навечер пред легнување.Незнам колку време може да го користам. Бавно се троши, да не правам секој ден ново
mene ....vo pubertet imav mnogu akni mi beshe sram da izleguvam no potoa mi se povlekoa i nikogash poveke ne mi izlegoa ni pred menstruacija
Во продавниците на биокулт (гтц 2 спрат или т.ц. капитол), таму имам видено. Поздрав доколку убаво си го исчистила и стерилизирала шишенцето со врела вода или алкохол во тој случај според мене смесата би требало доста да трае, затоа што медот е многу издржлив како производ и претставува природен конзерванс. Поздрав п.с. кажи ми каков ефект има оваа смеса кај тебе? Забележуваш разлика или подобрување? Здраво драга, кантарионот дефинитивно ќе смири, ама исто така за црвенило спас е и невенот, односно масло од невен. Дали тоа црвенило се појавило како резултат на третманите, односно претставува пост акни? Те прашувам затоа што мој совет би ти бил да не одиш на стискање. И јас порано одев на козметичари и го чистев лицето, се додека не дознав дека во Италија воопшто не прават вакво нешто со оглед на тоа што со стискањето се иритира кожата на лицето и се појавуваат лузнички кои пак после ќе мора да ги лечип, или пак црвенило како во твојот случај. Во Рим третманите им зависат првенствено од маската која за цел има да ги извлече мастите и црнките на некој начин и верувеј ми делува ама треба многу време (резултатите не се видливи одеднаш како со третманите на козметичар). Замисли си, јас кога им побарав во Рим да ме стискаат ме гледаа како да сум паднала од Марс и ми рекоа дека такво нешто во ретки слушаи го прави само доктор и тоа треба да потпишам документ дека сама свесво и на свој ризик го правам.Ова истово ми го кажаа во 5 различни салони. Ова ти е само мој совет па ти како сакаш. Инаку може да ти препорачам една прекрасна крема која веднаш смирува секаков вид на црвенило, иритации, па дури и алергиски реакции, на Гамард кремата за пеленсла реакција кај бебињата. Испробана со сигурност. Поздрав
@Biodevojka уште е рано за ефектите, но како да ја поднамалува акната. Јас ставам и на црвенилото што останува,а никогаш не ги стискам. Се надевам ќе има ефект. Поздрав