И уште нешто сакав да прашам, дали некој има позитивен ефект од маст од невен( домашо правен) за црврнилата од мозолки што остануваат
Здраво драга, ја има во еурофарм, а цената е 860 денари. Поздрав Ти благодарам многу на одговорот. Секако за ефекти треба повеќе време и упорност. Браво што не ја стискаш кожата. Од време на време прави си маска од зелена глина, ако сакаш ќе ти оставам рецепт. Ти имаш масна кожа нели? Доколку е така прво правило е да не се обезмасѕува кожата и да се третира со нежни препарати. Идејава со медот ми се допаѓа затоа што смирува, ја избелува кожата и дури во некои случаеви лечи лузнички пост акни. Внимавај само на количината на циметот која ја ставаш затоа што ако имаш чувствителна кожа може да ти реагира. Прополисот е ок. Поздрав
@Biodevojka имав премногу мрсно лице,сега некако ми е повеќе комбинирано,мрсна Т-зона,и еден дел под подочнаците ми е мрсен(незнам колку ќе ме сватиш,многу мал дел од образите,веднаш под очите) и останатиот дел ми е нормален.Сакам со домашна приготвена маст од невен да ставам на лузничките и флеките од акни
Јас лицето си го исчистив со пареа од камилица и веднаш после тоа ставам крема здраве. ова го практикувам еднаш неделно лицето целосно ми се исчисти од акни
Невенот е супер против лузнички и флеки, еден од најдобрите лекови. Се надевам дека домашната маст ќе ти помогне во тоа. Ако сакаш еве ти повеќе рецепти за лечење на флеки и лузни па ти одбери си она што најмногу ти одговара. Поздрав п.с.Доколку сакаш предлог за некои готови креми за масна кожа или против лузнички кои сум ги видела во продавниците и ми се допаднале слободно пиши. Природни лекови за флеки и лузни на лицето Здраво на сите Денес сакам да отворам една тема за која добив навистина многу барања и приватни пораки. Станува збор за природните методи на лечење на флеките на лицето и лузничките кои остануваат после акните. Флеките на лицето се доста честа појава кај многумина и тие може да се појават како последица од сонцето (доколку не сме се заштитиле добро од сончевите зраци), во текот на бременоста или да останат после третмани од акните. За среќа постојат природни состојки и природни производи со кои видно може да се намали нивната појава и да се држат на некој начин под контрола. Најнапред еден важен совет. На пазарот постојат голем број на производи кои ви ветуваат чуда за два дена и блискава и бела кожа. Меѓутоа бидете внимателни и секогаш контролирајте ја декларацијата на производите. Не се залажувајте со маркетингот, туку внимателно читајте што таа крема содржи. Еве ги основните состојки кои се од огромна помош за оваа проблематика. Витамин Ц Корисна состојка во борбата против флеките на лицето е витаминот Ц, кој има фантастично дејство врз кожата и добро е да се конзумира и внатрешно а не само надворешно. Во декларацијата на кремите ќе ја најдете под името Sodium ascorbyl phosphate или Ascorbyl palmitate. Не знаете колку се обидував да произведам сама серум од чист витамин Ц, меѓутоа за жал овој витамин во неговата чиста форма ascorbic acid не е стабилен и многу е тешко да се вметне во една формула, затоа што брзо оксидира, а по оксидацијата веќе го губи своето дејство врз кожата. Затоа квалитетните и природни производи како креми и серуми на база на витамин Ц се доста скапи. Ви советувам да конзумирате доста овошје и зеленчук богати со витамин Ц. Шеа путер Шеа путерот е фантастичен за кожата и многу помага во ублажувањето на флеките на лицето. Најдобро е да земете чист шеа путер или пак во комбинација со други состојки кои додатно го зголемуваат неговото дејство. Важно е да во составот нема нафтени деривати или силикони. Шеа путерот е еден од ретките производи кои може да се користат и за време на бременоста, а одличен е и како крема за нега на бебешката кожа, особено на бебешкото газенце како крема против црвенило. Еве еден предлог за шеа путер од марката la soy кој моментално го тестираме дома кај мене и за кој наскоро ќе напишам детална рецензија. Алое вера Алое вера има неверојатно хидратантно дејство врз кожата, ублажува и лечи секаков вид на црвенила и иритации. При изборот, гледајте гелот да биде од органско потекло и внимавајте што содржи во својот состав. Најдобро е да го нанесете на чиста кожа навечер. Поопширно за алое вера говорев во http://biodevojka.blogspot.com/2015/03/blog-post_28.html Јас лично го користам овој гел од алое вера и сум многу задоволна. Неем Маслото од неем е навистина многу делотворно кога станува збор за лечењето на лузни и флеки од лицето, така да производите кои го содржат (секако природни) се од голема помош. Единствениот производ со неем кој го имам пробано и тврдам дека функционира е маслото за лице на Dr. Hauschka, кое успешно ги ублажува дури и лузничките кои обично се појавуваат на лицето после третманите за акни. Освен неем во овој производ има и други состојки кои помагаат кај оваа проблематика а тие се: невеново масло и масло од морков. Невен Невенот е исто така многу корисен како лек за кожа без флеки и лузнички. Може да се употребува како масло кое се нанесува на чиста кожа само на оние места каде има флеки на кожата, или пак да се купи веќе готова крема од невен (природна без штетни состојки). Многу ми се допадна кремата на la soy од невен, затоа што во својот состав освен маслото од невен содржи и други состојки кои одлично ја негуваат кожата и помагаат при оваа проблематика како на пример маслото од кајсија, ружината водица, витаминот Е, етеричното масло од грејпфрут. Доколку се одлучите за чисто невеново масло, најдобро би било да го збогатите со некое етерично масло како лаванда или лимон (избегнувајте лимон летно време) и користете го на исчистена кожа навечер. Рицинусово масло И рицинусовото масло е одлично кога станува збор за флеки на лицето. Поопширно за ова масло веќе говорев во статијата http://biodevojka.blogspot.com/2015/04/blog-post_9.html Јас лично го користам во комбинација со алое вера гелот. Навечер на исчистена кожа, нанесувам малку алое вера гел помешан со рицинусово масло. И двете состојки се одлични за кожата и може да се употребуваат сами, а според мене овој микс е идеален затоа што рицинусовото масло не ја масти кожата (со оглед на тоа што е помешано со алое вера). Јас имав многу флеки на челото (како последица од сонцето, еднаш лошо изгорев и скапо го платив тоа), меѓутоа на овој начин успеав многу да ги ублажам. Се надевам дека оваа статија ви беше од корист. Голем поздрав и се читаме наскоро. Вики
Мене од прашина (одев на пракса во сметководствено биро)ми беше исфрлано цело лице, од хартиите, фасциклите (првљаштините таму). Што се не мачкав, цела есен и зима и џабе бетер воспалено ми беше. Пред некој месец го открив хлорамфеникол лосион и за помалку од месец дена ми се исчисти лицето. Го чисти длабински лицето. Доволно е пред спиење да нанесете на памук да ги исчистите лицето и толку. Simple as that. До 150 денари е цената а можеби и поефтин е ласионот. Го препорачувам!
Јас го користев лосионот и гел за акни од Фитофарм , од почетокот имаше резултати но сега мислам дека се намалува нивното дејство , не знам све имам испробано и ништо не помага .. стварно не знам ќе ве замолам кажете ми што да употребам , бев на дерматолог и тој ми ги препорача горенаведените ... од кои бев задоволна но сега не .. се мислам дали да го земам хлорамфеникол лосионот, особено ми се појавуваат мозолчиња пред менструалниот циклус .. некој совет ? итно е ве молам
Здраво девојки сакам помош ми се појавија ко дупки на носов многу грдо изгледет со све со најдов се мачкам а лицево се појке и појке ми се прајт со дупки со да преземам нешто
да не ги вадиш црнките од носот? од нив се прават големидупки на кожата (отворени пори) спас ти се средства за пори(имаш гел за миење на лице ,тоник,пилинг,маска) што ги стеснуваат порите http://www.avonuae.com/PRSuite/static/images/hot_offers/hot_offers_c5_2012/clear_pg59.jpgили можеш некоја друга фирма па не мора авон
Zedov od garnier pure 3 vo 1 cistenje piling i maska se nadevam deka ke mi pomognit Dan mi se napraet i od to dupki na nosov
последниве две недели два-три пати место на носот и брадата за црниките си поминав на цело лице со белката за јајце помешана со малце сода и лимун и цело лице ми се исчисти некако ми омекна и многу се радувам што е тоа на природна база а не купечки препарати
а за пори ли се специјални?затоа што овие што ги користам на авон се специјални за стеснување на порите
Јас имам многу чуден проблем ... значи лицево не ми поднесува никаква нега , до сега имам пробано и ефтини колекци и скапи ...иста песна .Имам комбинирана кожа .Кога не ставам ништо ни маски ни пилигн ни крем се е ок , ама кога ке напрам нега одма другиот ден по три четири акни. Со денови да не го измијам лицето супер е а таман ке ставам нешто одма акни ми излегуваат. Совет некој , искуство ?
Имам комбинирана кожа склона кон акни и дерматологот ми препорача следниов период да користам Avene Cleanance Expert крема за навечер, Avene кремата со spf 50 за преку ден на сонце и Dalacin антибиотик за активните бубулици. Читав и на форумов и по нетов еден куп позитивни искуства за сиве производи па ајде ќе пробам. Сакам да прашам само за вечернава крема, ја ставам на цело лице скрос само не на бубулиците оние испапчените, на лузни црвенила и се тоа да? Нема да ми направи лупење некое? А далацинот го ставам постојано ама само на акните. И иако ќе се трудам да избегнувам пудра колку што можам сепак ќе треба некогаш нели, особено за навечер, во ред е ако се стави и после двете креми пудра? Знам ги има во нашите аптеки, али имам прилика да ги купам од странство така да може и квалитетот да е подобар Мислам тоа е се, се надевам некој ќе знае да одговори
^ Сега видов дека за кремата со spf 30 се работело, не 50. Грешка И ова да прашам. Која е разликата меѓу Triacneal и оваа мојава expert што ми е препорачана пошто гледам и другава е доста употребувана и фалена тука
Cleanance expert се става на цело лице, само не на активните воспалени акни и бубулици. Тоа е крема со овошни киселини, се става само навечер и се користи најчесто во есен и зима.Таа е да не ти останат лузни и флеки од акните(јас како што знам може оваа крема да ти ги извади на површина сите нечистотии, на почетокот да имаш повеќе, но тоа е индивидуално). Но бидејќи сега ќе ја користиш летен период ти дале и заштитен фактор.А Triakneal е мн.појака крема,не смее на воспалрни акни. За нив мискам дека е Далацинот. Како подлога за пудра мислам дека може да ја користиш таа со факторот. Секако онаа другата е само за навечер cleanance expert. Ако некаде грешам слободно нека ме поправи некоја феминка Поздрав...
Мене моментално лицево ми е ок да речам, лузни си има од порано, а активни бубулки скоро и немам..со малце пудра и можам да терам. Ме исплаши сега дека викаш за есен зима најчесто била. А ја сред лето..нема да имам проблем ако ја ставам навечер пред спиење еве и после утредента се мијам и ставам од факторот и излезам на сонце? А и ако почне да влече и да ми го расипе лицето, леле не, најмалце што сакам е проблеми да ми се јават дополнитлни летово. Дека пред недела дена бев на дерматолог и ова ми го препорача. Ако не да почнам со терапијава од септември? А до тогаш да правам ко до сега..најобично чистење, денски еве од истиов фактор а навечер обично кремче и толку.
@Name слушај си го дерматологот како ти кажал така. Значи сите креми што се со овошни киселини се наменети за ноќе, бидејќи од сонцето преку денот може да добиеш црвенила и флеки. Ама сепак имаш и фактор 30,така да мислам дека нема да е проблем да ја нанесуваш кремата вечер пред легнување.Или ставај ја само на лузните и црвенилата, флеки од акни. А таму каде што ти е чисто лицето не мачкај. И преку денот ако излегуваш некаде обавезно фактор па одозгора пудра. И јас сакав да ја земам,и уште се двоумам. Но останувам за една недела на одмор, таман ќе го одморам лицето од пудра и јас планирам секако да одам на дерматолог. Штом ти ги препорачува стручно лице, мислам дека нема да имаш проблем. А за тоа што ти реков дека може да ти извади се на површина кремата се е индивидуално. Како го одржуваш моментално?
Девојки да ве прашам,во последно време лицево ептен ми се исфрла во пределот на челото и брадата посебно. Е сега пробав со здраве кремата ама не ми ги отстрани скроз и сите и како флеки ми останаа. Дали ќе ми помогнее Хлорамфеникол лосионот и како го нанесувате? И да напоменам имам сува кожа па страв ми е да не си направам поголеми проблеми?