Хлорамфениколот ја суши кожата. Барем мене ми ја сушеше дополнително, а имам нормална кожа. Пробај ставај само навечер, преку еден ден, на челото и брадата, ама после тоа обавезно крема, за хидратација. Или пак, мој предлог ти е да побараш од колекцијата на Алверде нешто за сува кожа доколу има. Прави домашни пилинзи, маски, масло и сл. Внимавај и на исхраната.
Чим така ќе почнам од сега, тоест за една недела ќе ми ги донесст. Сега овие 4-5 дена немам ставено воопшто пудра и јас се чудам дури. Инаку навечер ставам крема, сабајле го мијам или со сапунот од козјо млеко со лаванда (баш ми е пријатен) или со пена за лице од RoC, ја обожавам предобра е. И крема по потреба ако осетам. Шминка кога ставам секогаш одма вадам по доаѓање дома. И некогаш знам зелена глина да ставам исто убаво ми делува. И тоа. И ова да те прашам. А за навечер излегување? Оваа овошната значи апла пред спиење треба да ја ставам. А ако излегувам значи ставам пудра на чисто лице или па крема некоја прво па пудра. Црвенило некое и немам, така да ставам на лузните само. А исто смее и на тие поткожните така? Моите најомразени, оние ситните..вака никој не ги гледа не се приметуваат ама јас кога ќе се доближам до огледало ги гледам. Извини што волку прашувам ама од страв да не утнам јас за една недела ќе почнам со терапијава така да ќе ти пишам како оди ако сакаш
Дали го користел некој ова? Или барем знае која цена е? Го најдов на страната на Зегин http://www.zegin.com.mk/home/products/product-detail.html?uuid=699cdafa-af10-46b5-884f-272c292f22bf
Јас конечно си го најдов лекот за да ми се исчисти лицето.Земав на Балеа од ДМ 3 во 1 гел за чистење и после тоа ставав неколку дена Крема Здраве ама не на цело лице туку само каде што имав флеки од акните и активни акни.Кремата е неверојатна,колку многу го смирува црвенилото и ги суши активните акни.И не ставам веќе никаква крема пошто многу ми се мрси лицето.
Дали знаете дали ги има проиводите на La Roshe Posay кај нас? Конкретно прашувам за овој гел даден подолу. http://www.paulaschoice.com/beautyp...he-posay/Toleriane/_/Toleriane-Dermo-Cleanser
скоро во сите аптеки имате лосион против акни,навечер се става,пред спиење на сува кожа и делува.иначе,повеќе пиете вода ви гарантирам тоа баш и делува.
епа и не е баш така лесно кај сите е различно ..различен организам различна кожа ....од што си земав на своја рака производи едвај го управив сега лицето...чисто лице зависи од многуу факторииии....од мрсна кожа, од полицистични јајници , генетика, местото каде што живееш, храната ,стрес ,нервози,А САМО од ВОДА НЕ МОЖЕ ДА ТИ СЕ СРЕДИ ако си склон кон акни ....така да
@BADLANDS верувам дека 80% од девојките кои се пожалиле тука за проблеми со кожата имаат пробано барем 20 такви различни лосиони, од ниско до видсокобуџетни, од аптеки, маркети и онлајн производи. Резултат или немало, или бил кракотраен или им се влошила ситуацијата. А и индивидуално е.
@kala21 се навратив поназад неколку страни и имаш пишувано за маска од мед и есенцијално масло од чајно дрво мислам беше.Претпоставувам една лажица мед и 2-3 капки од маслото ставаш. Само на мозолките или на цело лице,колку мин.го држиш? Има ли барем ефект? Се мислам и за зелена глина...
Да,веројатно прочита дека прво пробав и само маслотомислам дека ќе ми изгореше лицево,после неколку пати пробав и со мед мн малку од маслото,ама пак ме печеше(кратко помалку од 10 мин ако се сеќавам убаво,на цело лице мислам дека мачкав не ми текнува ) и му раскинав врска еве го ми стои ако сакаш ќе ти го позајмамЗелената глина на Виталиа ја употребував како маска освен што ми го сушеше премногу лицето друг ефект немаше,уствари и од двете не забележав никаков ефект.Сега се мијам со сапунот Асо,ако имам некое гнојанче користам Дермогал,и повторно се вратив на кокосовото масло скоро секоја вечер ставам.Позз
Според мене доколку имате претежно чисто лице но имате неколку акни што ви се појавуваат во период на менструација или слично земете си го Q10 кремот за лице прекрасен е. Мене ми се појавуваат само 2-3 акни ден пред да добијам и ми исчезнуваат по 2 дена. Нанесував многу од кремата на лицето пред спиење.
Здраве кремот секогаш ми помага со акниве, но во последно време ми остава темно кафеави ситни лузни, од нив спас има ли?
Сакам да испробам некој нов гел/пилинг за миење/чистење на лицето. Лицето ми е нормално, малце мрсно во Т-зоната, но со црвени флеки и акни на образите. Се двоумам меѓу овие од Garnier. Знам дека од овие има и поефтина варијанта од Балеа. Ве молам за совет - што е најдобро да купам - некој од овие на Garnier или од Balea? Или од искуство - препорачајте ми друг. ФАЛА однапред!!!
абе луѓе сеа нез зошто уопште ставате глупости на себе. Оние лосиони и креми ви ги затвараат порите на лицето и полошо ви праат За чисто лице ништо освен сода бикарбона. Сакајте верувајте,сакајте не Ваш избор. Сода бикарбона( во половина чаша вода ставете 3-4 лажички сода и размешајте (( да биде повеќе сода,помалце вода)) ,тоа со памукче се нанесува на лицето и се остава да делува на лицето 10-15 мин. и се плакне,резултати одма после миењето (мазно и чисто лице) а крајни резултати има за една недела (после 7дена миење со сода) . Тетин ми е дерматолог и ова ми го кажа. А против црнки е триење на лицето со половинка лимон.
Која е логикава? Од каде тоа дека коензимот помага против акни? Ти знаеш што е Q10? Колку години имаш што користиш крема со Q10? Имаш брчки или сува затегната кожа? Имаш намалено лачење на коензим па што користиш крема со Q10. Ова нема врска со акните и бубуличките, кремава има сосема друга намена, ја подобрува еластичноста на кожата и спречува појава на брчки, затоа терба да се користи над 30тата година затоа што тогаш почнува да се намалува лачењето на Q10 во телото па треба да се надокнадува.