го користам повеќе години, и ако толку многу си запнала декае штетен нека ти биде, мене одлично ми делува поздрав
Кој разбира англиски само ова ќе го оставам тука, да прочита зошто не треба да се користи лимон на лицето. https://www.reddit.com/r/SkincareAd...lemons_and_limes_great_for_food_not_for_skin/ Јас вака најбитното ќе го кажам: 1. Иритира, може да предизивика хиперпигментација на кожата и ја уништува бариерата на кожата. 2. Може да доведе до болест наречена phytophotodermatitis - осетливост на кожата на УВ зраци. Алкохолот, иако се користи, може да предизвика сушење на кожата и може да дојде до мрсење на кожата.
вака ќе кажам значи не се правам стручна ама од тоа што го имам поминато и тоа што имам користено разни креми можам да кажам...НЕ СТАВАЈТЕ СЕ ШТО КЕ ВИДЕТЕ СЕ ШТО КЕ ЧУЕТЕ..консултирајте се со дерматалог ке види каква кожа кожа имате и ке ви даде крема каква одговара...од работи што ги имав земено на своја рака си направив хаос на лицето и еве сега фала богу го средив до денкој степен ..имам и погоре пишувано...за алкохол во никој случај на лице...за лимонот може но сепак пак зависи од типоот на кожата и кој е проблемот...и сега многу внимавам на моето лице тоа бара нега и внимание...
И дерматолозите веќе почнаа бизнис да си прават.Јас бев на консултација зашто лицето ми е партали,цело ми беше со акни и лузни и прво муабетот беше дека можеби имам бактериска инфекција 90% и дека можеби треба да се лекува со антибитик(како тоа можеби???).После тоа муабетот се сведе на тоа дека треба да земам две креми од Биодерма и гел за миење на лицето исто од Биодерма и плус да земам пена за чистење на лице од Рок.Кога израчунав тоа ќе ме кошташе 3500 денари.Епа нека ми извини ама неможе секој да си дозволи толку скапа козметика.Плус нели акните треба да се третираат со нешто,да се исчистат па после тоа да се земе соодветна козметика за лице.Од каде да знам дека мене ќе ми одговара Рок или Биодерма.Еве пример мене Еуцерин не ми одговара иако гласи за една од подобрите за нега на лице.Затоа јас не им верувам веќе ни на дерматолозите,зашто бизнис си прават.
Те поддржувам во ова. Истото му се случува и на дечко ми, оди еднаш, оваа крема, оди за 2 недели на контрола, друга крема, пак после на контрола, пак трета крема, а сите тие чинат над 1000 денари. Оваа малку да ти се среди, оваа малку за ова, оваа за тоа... Па реално, јас да отидев во аптека и да кажев ми треба за тоа и тоа, ќе ми дадеа креми, немаше кај специјалист да го носам за да му помогне. П.С да не бидам офф топик, сигурно е спомнато низ темава, ама тие што не се слабокрвни нека почнат да даруваат крв, голема е можноста да им се среди лицето. Нормално, со консултација од доктор дали смеат да даруваат.
Го користам овој крем пилинг и маска за лицето и можам да го пофалам . Има функција на крем а се користи како пилинг така што на мокро лице се нанесува и со кружни движења и потоа се мие , исто така и како маска на суво лице се нанесува се остава да делува до 3-5 мин и се мие со вода. Во поголем број се намалени моите акни и црнки .Сега го користам само како маска 3 пати неделно + глина има ефект кај мене од оваа колекција има и серуми и кремови што се ефикасни а кај мене барем делуваат
Imav dosta necisto lice i stavav maski i sl. i eden den mi pukna filmot i odluciv da ne stavam nisto na nego duri ni sminka .. eve posle dva meseci liceto mi e cisto.
Лимонот да добар е за избелуванје на флеки од акни ама само зимно време и исклучиво навечер .Затоа и на кремите на Dr.Wolf и на Avene наменети за проблематична кожа што се на база на овошни киселини пишува кога и како се употребуваат.,а строго се забранети летно време,
Лицето пак ми стана катастрофа. Ми се појавија акни и тоа многу во пределот на устата и некои ситни ептен ситни на чело. За лицето не користев ништо освен обична вода и тоник за чистење црнки. Сега ми е и суво и со акни. Е јебига. Како да се вратам во нормала? Планирам да одам на дерматолог ама не знам дали ги има во болниците или приватно се оди? Се наплаќа прегледот или не?
Ако одиш во државна, прегледот не е скап, не знам колку се плаќа ама навистина е малку - ориентационо, преглед на очно ме чинеше само 60 денари и сигурно и ова не би било скапо. Ќе си земеш упат од матичен лекар и ќе ти закажат термин преку „Мој термин“.
Малце ќе забегам од темата ама Мишела не можам да ти пишам порака ... Сега кога видов за преглед за очи , се сетив дека ми закажаа во онаа Романската кај Лептокарија... Тоа е приватна или државна амбуланта?
Не сум компетентна да ти кажувам за акни пошто и самата си имам проблем со нив. Најдобро е прво да испиташ од која причина ти се јавуваат, дали се работи за реакција на храна, промена на нормален хормонален статус, прашина или стрес за потоа да можеш соодветно да ги третираш. Нели имаш проблем со сува кожа од аптека најди некоја соодветна крема за твојот тип на кожа или гел за чистење на лице од нивеа само избегнувај производи кои содржат алкохол затоа што по мене повеќе ги иритираат мозолките и ствараат поголемо црвенило. По мене би требало да е во склоп на државна болница, најдобро прво консултирај се со матичен лекар па потоа може ќе ти треба упат за специјалист дерматолог или ќе те пратат на проверка на хормонален статус ако увидат дека постои потреба од тоа .
Во Букурешт повеќето се приватни ординации, но доколку ти е со упат закажано преку Мој Термин ќе те упатат на некое од државните одделениа.
Да споделам и јас мое искуство околу темата Првите резултати ги забележав веднаш откако почнав да го користам, лицето ми го блесна и очисти, не ми требаше дури ни пудра, се гледаше дека лицето ја смени бојата и кожата ја прави мека и нежна. Ова не е наменето за акни.
Вчера бев на дерматолог и ми препорача Еуцерин гел за миење на лице и Логона шампон од смрека за коса.Дали ги има користено некој производиве?
Девојки, што мислите за Биодерм таблетите, дали сте ги користеле и колку сте задоволни? И ако може да ми препорачате добар лосион за проблематична кожа, но не YoungDerm.