Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    ... не!

    Кожа со акни не треба да се суши, така се оштетуваат длабоките слоеви и не и’ оставате можност да се регенерира сама од себе. Не треба мрсни кремови, ама ова со сапунов е смрт за кожата.

    @Rama оди на дерматолог и одбери квалитетна козметика. Инвестиција е, ама ќе има резултат ако ја погодиш. Еуцерин, Виши, Авен, Хаушка.. имаш избор. Ама најдобро по препорака на дерматолог. Од Здраве и Дове сапун нема фајде.
     
    На Mishela, danichap, Sanjichka007 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    Јас не знам ко помала како се излажав да купам од тој "крем" Здраве, откако се намачкав цело лице ми се исфрли.
    Кога имав акнеична кожа користев сапун на Еуцерин, во комбинација со зелената нивна линија DermoPurifyer, а пена на Неострата. Cleanance гелот на Авен исто многу ми пријаше, а нивната крема Triacneal немаше никакво дејство на мојата кожа. Исто користев маска за минимизирање на порите на Хаушка.
    Инаку со испробување најразлични (понекогаш агресивни) препарати може само да се оштети кожата.
    Не можам да кажам дека одредена линија на козметика ми помогнала за да ги снема акните, затоа што постојано одев на најразлични третмани, а и ден денес одам за да ја одржувам кожата чиста. Ама паралелно третмани + козметика ми ја исчистија целосно кожата.
    Патем сите производи на органската козметика Gamarde ќе бидат на 20% попуст од денес до 27ми август, во аптеката Еурофарм - Рамстор. :)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Инаку, и мене ми се исфрли лицето на 29 години, а отсекогаш ми било чисто. Сега ми е катастрофа, еден ден станува подобро и другиот е цело воспалено со црвенила. Лошо е околу вилицата и на брадата, останатото е сосем чисто. Користам козметика на Guinot, ама ќе мора да ја сменам затоа што нема резултат.

    И секој што ќе ме сретне на улица ми препорачува по нешто. :D Последниот пат добив ваков совет - маст што ја препишуваат ветеринари! Сериозно. Mаж и’ ја користел и чирот му поминал од тоа, а требало да го оперира. И ми кажува дека на некој друг му се исчистило лицето од истата. Го видов составот, на природна база е ама има лаванда и други етерични масла што можат да бидат агресивни на лице. Нема шанси да пробам, само сакав да прашам да не сте слушнале за оваа маст да се користи на акни. Ја имало и во аптеки.

    [​IMG]

    Aха, сега читам упатство, се користи и за акни. Изгледа не е само за животни. :D

    http://www.flogocid.com/sta_je_flogocid.html
     
    Последна измена: 20 август 2015
  4. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    ^ Јас не би ја купила заради самиот состав (како што видов има и парафин).
    Најубаво да појдеш на дерматолог да ти препорача нешто конкретно за твојот тип на кожа. На Еуцерин имаше една линија anti redness, без парабени, парафини и останати штетни состојки.
    Инаку знам дека кога имав воспалени акни, во салоните што држат Guinot козметика ми правеа третмани со ласер еднаш неделно. Тие, заедно со хемиските пилинзи во дерматолошка ординација мислам дека ми ја препородија кожата.
     
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Правев и јас таков третман, добра беше кожата една недела и после веќе не. Не можев да направам серија, па така испадна. Наредната недела закажувам и планирам неколку по ред да направам. Инаку хемиски пилинг не прават во салонот каде што одам, затоа што се исклучиво со Guinot третмани. Не се ласери, туку некакви електроди. @blueberry93, во салонот каде што си одела веројатно прават и други третмани покрај Guinot. Плус, еднаш пред неколку години козметичарка ме убеди да направам и веќе не... имам ултра осетлива кожа и буквално ме болеше на допир со денови после тоа. Резултатот беше зголемена иритација.

    Во секој случај, и јас секогаш барам козметика без парафини и парабени и засега немам намера да ја користам оваа маст. Ама нема да ни штети ако добиеме искуство од некој што користел, ако има таков.

    Сега имам намера да купам козметика на Клиник, или да се вратам на Хаушка... за дерматолози во мојот град ич не ми се прави муабет. Ги избегнувам после неколку лоши искуства, а знам дека треба да бидат прв избор при вакви проблеми. Секому советувам да оди на дерматолог, ама ако не е од мојот град. :D
     
  6. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    Сосема заборавив дека си од друг град, јас ги правев во Guinot во Скопје, ми се чини дека ласерските третмани ги работеа со апаратот Flox 7.01.:wasntme:
    Јас деновиве планирам да си ја купам кремата на Gamarde, имам комбинирана кожа (со изразено масна т-зона). Само креми кои содржат масло од лешник/аграново, може да ми ја регулираат. Планирав и на мајка ми да и земам, па попустов ми дојде како полн погодок. Инаку јас имав читано за Клиник производите за проблематична кожа дека се солидни, ама пошто дерматолог ми препишуваше, не сакав да испробувам препарати на своја рака. Ако има некаков напредок, те молам напиши апдејт. Секогаш сум отворена за нови квалитетни производи.:makeup::D
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    @LivingGlam Срцка мене ми помина така ми се изгубија флеките се засушуваат пресните , а оние застарените побледуваат , не да го користи сапунот така секој ден , може еднаш во неделата , нека проба еднаш не губи ништо , јас сум презадоволна и еве лицето ми е чисто а и од авон еднаш во неделата си ставав маски .Или 2 пати во неделата или 2 пати во месецот како ми дојдеше и убаво ми е лицето.Битно сапунот ми помогна.Нејзино е дали ке стави , може еднаш да проба инаку за дерматоголот не е лоша идејата ,а од третмани има личности кои оделе лицето им се расипуваше.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Како што ветив еме ме со рецензија на етеричното масло од чајно дрво и сите начини на употреба на истото во домот, како лек за здравје и во третманите за убавина. Поздрав и прекрасен викенд.

    Етерично масло од чајно дрво за здравје, убавина и како помош во домот

    [​IMG]

    Познато под името чајно дрво, ова етерично масло е екстрахирано од австралиската билка Мелалеука алтернифолиа, преку дестилација со водена пареа Има огромно антибактериско, антифугално, антивирално и антивоспалително дејство, од огромна корист е во третманите за здравје, убавина и како помош во домовите. Ова етерично масло е многу концентрирано како структура и состав и затоа се препорачува да се биде многу внимателни при неговата употреба и скоро секогаш да се употребува растворено во базно масло, алое вера гел, мед и др. (во зависност од намената).

    Ова етерично масло спаѓа меѓу оние најценетите во ароматерапијата кој го балансираат организмот (на физичко и психичко ниво), и според филозофијата на ароматерапијата, ова етерично масло е во можност да им помогне на одредени личности да се справат со проблемите од психофизичка природа.

    Етеричното масло од чајно дрво обично се продава во мало темно шишенце затоа што е чувствително на светлина и на тој начин ги задржува квалитетот и составот. Пред да преминам на оној дел во кој ви кажувам на кои сѐ начини може да го користите ова етерично масло, би сакала да кажам збор два за едно многу убаво етерично масло од чајно дрво кое го открив неодамна и го купив пред некој ден со цел да го истестирам, односно етеричното масло од чајно дрво на ESI. Како што веќе знаете јас секогаш ги купувам етеричните масла на марката Флора, меѓутоа со оглед на тоа што сакам да ви дадам повеќе избор и да пробам нешто ново, се решив да го истестирам ова етерично масло.



    Ова етерично масло доаѓа во пакување од 10 мл. во темно шишенце со многу мал отвор кој дозволува контролирана употреба ма самото масло со оглед на тоа што, како што веќе реков, е доста концентрирано и доволна е сосема мала количина.

    [​IMG]

    На самата опаковка пишува дека станува збор за 100% чисто етерично масло и сега ќе направиме тест за да се увериме дали е така. Доколку се сеќавате во статијата за етеричните масла ви откив еден мал трик како да препознаете дали едно етерично масло е чисто или продолжено со друго масло. Тестот се состои во следново: на еден лист се капнува една капка од етеричното масло и доколку капката веднаш се рашири на самиот лист е прв знак за чистотата на маслото. Листот се остава цела вечер така и изутрината, доколку дамката потполно е исчезната значи дека маслото е чисто. Доколку има масна дамка (како онаа од зејтин) на местото каде сте капнале, во тој случај етеричното масло не е чисто и разредено е со некое друго базно масло. Еве ги резултатите од ова етерично масло:

    вечерта капнав една капка на еден бел лист која веднаш се рашири на самиот лист

    [​IMG]

    изутрината дамката комплетно ја немаше.

    [​IMG]

    Ова е одличен знак за чистотата на етеричното масло, како што и пишува на самата опаковка. Интересен е фактот што овој вид на етерично масло содржи повеќе од 100 супстанции, од кои онаа која е присутна во најголема количина е терпинен-4-ол кој претставува најмалку 30% од составот на маслото. Во ова етерично масло, назначено е дека оваа состојка е присутна повеќе од 38%. Има многу јак мирис.

    [​IMG]

    Откако ги разгледавме составот и откако се уверивме во чистината на ова етерично масло од ESI, ајде да ви објаснам на кои се начини може да го користите во домовите, како лек за подобрување на здравјето и како состојка во третманите за убавина.

    1. Здравје

    - Во случај на настинка и кашлица, растворете од 10 до 20 капки етерично масло во када со топла вода (секако не премногу топла), или пак 5 капки во сад со топла вода за инхалации (оваа може да биде повеќе топла). Неколку капки растворени во дифузер за ароматерапија, може да ја прочисти куќата и да го оддржи просторот чист за нашите дишни патишта. Исто така може да се конзумира и по орален пат, односно 2 до 3 капки етерично масло од чајно дрво во една мала лажичка мед. Секако за орална употреба најнапред консултирајте се со вашите матични лекари.

    - Во случај на мали рани или каснување на кожата, растворете 2 до 3 капки од ова етерично масло во една супена лажица базно масло (на пр. бадемово) и со помош на едно памукче нанесете го само на местото каде имате проблем.

    - Ова етерично масло е одличен лек и против кандида. Меѓутоа, начинот на употреба и дозите зависат од видот на случајот и не се исти за сите. Затоа ви советувам да се консултирате со вашите гинеколози.

    - Во случај на реума или болки во мускулите, од огромна помош се масажите со маслото од чајно дрво. Во 20 мл. базно масло како на пример бадемово, додадете 6 капки етерично масло од чајно дрво и со таа смеса правете масажа на оној дел каде чувствувате болка.

    - Во случај на лесни изгореници најнапред убаво измијте го делот каде сте се изгореле со ладна вода. Почекајте неколку минути, па потоа на местото нанесете смеса од една мала лажичка мед со 4 капки етерично масло од чајно дрво.

    [​IMG]

    2. Убавина

    - Ова етерично масло е одличен лек против акни и бубуљички и спас е за масна кожа. Доколку имате една до две бубуљички во тој случај може да капнете една капка од ова етерично масло на едно памучно стапче (она за чистење уши) и да го допрете само врз бубуљичката, избегнувајќи ја зоната околу за да не ја оштетите или иритирате кожата. Во случај на нечисто лице склоно кон акни, митесери и бубуљички, најдобро е да се користи раствор од 50 мл. базно масло (најдобри за масна кожа се јојоба, арган и лешник) во кое ќе додадете 10 капки етерично масло од чајно дрво. Доколку имате многу чувствителна кожа ви советувам да додадете не повеќе од 7.

    - Како лек против првут, растворете 10 капки од ова етерично масло во едно шише базен шампон (неутрален). Овој метод одлично ја прочистува кожата на главата и со самото тоа помага во лечење на првутот. Како добри базни шампони би ви ги препорачала: шампонот неутро на Aloedermal и шампонот на Alverde Ultra Sensitiv (и двата ги немам пробано ама според составот одговараат).

    - Доколку сакате природен исплакнувач за уста, во една чаша вода растворете две капки етерично масло од чајно дрво. Со оваа смеса исплакнете ја устата навечер по миењето на забите и бидете многу внимателни во никој случај да не ја проголтате.

    - Ова етерично претставува и природно средство за чистење на вошките кај децата и за спречување на истите (ќе посветам една цела статија за природни начини на спречување на оваа проблематика).

    3. Хигиена на домот

    [​IMG]

    - Етеричното масло од чајно дрво е одлично средство против муфла во домот. Во еден литар вода ставете половина чаша оцет и 15 капки етерично масло од чајно дрво. Префрлете го во едно празно спреј шише (може и да рецилкирате некое од потрошено средство за чистење, отакако убаво ќе го измиете, или пак да купите ново празно спреј шише).
    Истиов производ може да го користите и за чистење на огледала, стакло, па дури и за плочките во купатилото. Може да додадете 10 капки етерично масло од лимон за да го подобрите мирисот.

    - Доколку во една голема кофа со вода растворите половина чаша сода бикарбона и 20 капки етерично масло од чајно дрво, може да добиете одличен детергент за чистење на подовите во вашиот дом, која не само што убаво ќе ги светне, туку пред сѐ и ќе ги дезинфицира.

    - Додадете 10 капки етерично масло од чајно дрво во прашокот за перење на алишта за да ги дезинфицирате алиштата и да ја зголемите моќта на самиот прашок за перење.

    - Во случај да сакате да ја исчистите вашата рерна или пак шпорет на природен начин, 4 големи лажици сода бикарбона помешајте ги со 5 капки етерично масло од чајно дрво и ставете онолку вода колку што е потребно за да добиете густа кремаста смеса. Со помош на еден сунѓер исчистете ги рерната или шпоретот и исплакнете со многу вода.

    [​IMG]

    Ете драги мои, се надевам дека успеавте да дознаете нешто повеќе за својствата и бенефициите на етеричното масло од чајно дрво и пред се за начинот на употреба на истото.

    Ви благодарам многу за вниманието и се читаме многу наскоро.

    Вики
     
    На sesilija, viviette, Mama25 и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Не собира во претходната порака: цената на ова етерично масло е 190 денари и истото го купив во Аптеката Ани Фарм во т.ц. Капитол.
     
    На Mishela и blueberry93 им се допаѓа ова.
  10. sweety90

    sweety90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    Побарај во Зегин, инаку освен кремата има сапун, гел и лосион за лицето, можеш да порачаш. Кремата ја користам веќе 3 недели и навистина има ефект, и не е многу скапа 150 денари. :)
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Периодов лицево ми стана катастрофа. Црнки, цели образи и вилица ми се со акни, постојано ми е мрсно, крај не можам да му најдам, Ја менувам исхраната, исфрлам леб, благо, газирани сокови, манџи и слично, па се тешам дека лицето се чисти на овој начин. Пијам и зелена глина.

    Едно нешто што ми го опорави колку толку, ми го освежи и смири, ми ги намали акните е тоник од ловоров лист и магдонос, во кој додавам и една супена лажица јаболков оцет. За некое чудо, лицето ми останува матирано подолго време, посебно кога тоникот ми беше без јаболков оцет, но испробувам различни варијации па сакам да видам и вака како ќе делува. Наутро не ми беше толку мрсно, не ми сјаеше како лампион, а акните беа видливо посмирени.

    Сигурна сум дека и друг пат е спомнат овој тоник/лосион ама за секој случај : Во 200мл вода незовриена ставам 3-4 ливчиња ловор и малку свеж магдонос. Кога ќе зоврие го тргам и оставам да се олади, потоа го пресипувам во шишенце и мачкам наутро и навечер, а кога сум дома цел ден и напладне.
    ДА НАПОМЕНАМ, да се вари нов лосион на секои 4-5 дена, и обавезно да стои на темно место.
     
    На blackstyle и LivingGlam им се допаѓа ова.
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Јас сакам да ве прашам, се разбира доколку некоја од вас има познавања, за една дилема што ме мачи долго време.
    Последниве неколку години, кога одам на море секогаш лицето ми станува катастрофа уште од вториот ден, такво ми е цел одмор, и потоа кога ќе се вратам ми треба уште недела дена да го вратам во нормала, а за тој период ни коректор ми помага да ги прикријам акните, ни пудра, ни ништо.
    Не ми е јасно дали е од солта, или од нешто друго?
    Не верувам да е од сонцето бидејќи секогаш ставам средство со висок фактор за заштита на лицето, плус првите денови не се ни сончам многу, а како што кажав уште од вториот ден образите и брадата ми се исфрлаат со голем број црвени акни кои болат доколу ги допрам, некои се со бело кое исчезнува кога ќе го поминам лицето со тупфер натопен со мицерална вода, меѓутоа за кратко време пак стануваат исти.
    Дефинитивно не се како класичните мозолчиња и многу ме нервираат, ама си трпам, не ги чепкам и ги игнорирам, не сакам само да ги воспалувам дополнитено.
    Меѓутоа бидејќи ова ми се случува повеќе од 5 години со ред (на различни локации), сакам да знам што би можело да биде проблемот и како да го решам, здравје, идната година?

    Би била благодарна доколку добијам одговор на оваа моја дилема.
     
    Последна измена: 24 август 2015
  13. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Може од кремата со фактор:?:Јас сум спротивна од тебе баш кога сум на одмор стакло ми се прави лицето не знам од што:D и обично не употребувам никаква козметика освен нешто за чистење и секојдневна крема.
     
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.566
    Пол:
    Женски
    Моја блиска пријателка велеше „Флогоцид за сите,сите за Флогоцид“.:rofl:
    Неа навистина и помогна,не знам како го користеше ама знам какво и беше лицето пред и по Флогоцидот.Пробај ,ништо не те чини.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Кала, фала за одговорот, ама не ставам секоја година иста крема, напротив.
    Инаку знам дека обично е спротивно, баш ги гледав девојките на плажа, сите со чисти лица, а моето куку ноне:D. Дури веќе сум помирена дека ќе ми се случи тоа и не се ни нервирам, знам дека ќе ми се среди целосно откако ќе се вратам дома и тоа е тоа, ама ете сега ми дојде мисла да пишам, можеби има некое решение за кое не знам и плус ме копка што би можело да го предизвикува проблемот.
     
  16. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.574
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно е до солта.
    И кај мене е истото, и кај другарка ми, баш пред некој месец дискутиравме за ова.
    Освен да ти препорачам да си ставаш Далацин ц, гелче локално не знам што друго би можела да ти кажам.
    Зборев и со мојот дерматолог и ми го потврди истото. Солтта ти ги турка на површина сите акни кои биле подлабоко во кожата. Не е до кремата сигурно. Крема со заштитен фактор мораш во секој случај да ставаш па дури и кога е облачно.
     
    На Candice.S и sesilija им се допаѓа ова.
  17. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Моја претпоставка е дека лицето ти е премногу чувствително,а водата не е многу чиста сеедно дали е море или езеро.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  18. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    Кремава јас сум ја користела за изгореници и ми помагала многу а ја купив за кучето после операција да му зарасне раната,на природна база е така да не се плаши слободно да си ја користиш
     
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Симончелишс, и јас цело време се сомневам дека е до солта, затоа и пишав дека ми се случува кога одам на море, а не на езеро, ама сепак оставав можност и за нешто трето баш поради тоа што не сум забележала и други со тој проблем- обично сите тогаш се со чисти лица, а кај мене обратно.
    Се мислев дали би помогнало доколку, да речеме, 2-3 недели пред да одам на одмор го мијам лицето со морска сол, меѓутоа не сум многу оптимист.
    Колку ти помага Далацинот во тие моменти, ублажува или целосно ги решава?
    Баш ќе го имам во предвид во иднина.
    А крема со заштитен фактор секако ставам, тоа ми е нешто неизбежно во лето.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  20. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.574
    Пол:
    Женски
    Далацинот мене одма ми ги смирува да не кажам ми ги измазнува акните.
    Ставај го колку што можеш почесто. Мене и преку цела година знаат да ми се појават од време на време огромни акни црвени и болни, онака баш испакнати, кога ќе го ставам Далацинот, до утрето веќе ништо нема. Далацинов средува работа кога веќе ќе се појават акните.
    А за да не се појават, сеуште не сум нашла превентива. И мене ми смета, докторкава баш ја прашував ми вика најдобро е да оставиш така, да ти ги истурка сите акни и потоа лицето ми е подолг период чисто.
    Е сега ако имаш чисто лице и ти смета што баш тој период кога сакаш да шеташ без шминка ти се појавуваат акни можеби и најдобро би било да се консултираш со дерматолог.
     
    На Candice.S и sesilija им се допаѓа ова.