Nautro so bebeski sapun i ladna voda,navecer so bebeski sapun i brisenje so pamuk i rakija probajte edna nedela pa kazete,od 6odd ova go pravam i da ne sum za podrek nis nemam na liceto onaka samo 1 2 pred da mi dojde pozz
Мене во текот на годината цело време ми е чисто (освен мозолче-две пред мензис) но штом влезам во море утредента ми се случува тоа што го опишав погоре. Јас тој период додека сум таму секако го поминувам без шминка, пробувам и кога ќе се вратам да не ставам тие неколку дена додека да поминат (освен ако треба да се појавам некаде каде што треба да изгледам колку-толку пристојно), ама како што кажав џабе ми е, не ми ги покрива ништо, или ако ставам повеќе слоеви шминка тогаш ептен лошо изгледа на дневна светлина. Баш ќе прочитам сега за Далацин, па догодина може и да се опремам со него, ти благодарам уште еднаш за препораката . За дерматолог размислував и јас, меѓутоа сега веќе ми се речиси исчезнати, па нема да има прегледност каква е вистинската ситуација. И инаку имам мрсно лице, меѓутоа сега го осеќам лицето суво, дефинитивно солта ми го пресушува, нема друго објаснување...
Дали сте задоволни од Clean and Clear? Кожата ми е склона на акни, но не ми е толку мрсна, повеќе на Т-зоната.
Сесилија дали си пробала да го одмиваш лицето после секое излегување од море? Се случува понекогаш од не толку чисто море некој да е и осетлив на морска вода. Поготово ако се чисти морето од период на педиод. Јас и не би се сложила дека ти е од морската вода но нели секогаш има исклучоци. М орската вода содржи состојки кои ја поттикнуваат и поддржуваат основната функција на кожата. Баш поради тоа и многу произведувачи на козметика користат термална и морска вода,зависно нели од типот на кожата,нејзината моментална состојба или евентуалните пореметувања, за секој тип на кожа. И поради тоа морската вода делува како стимулатор и активатор на метаболизмот. Морската вода делува антисептично,ја затега и ја тонизира кожата, додека минералните материии од морето и помагаат да се нормализира виталната енергија од нашиот организам. После пливање кожата станува глатка и затегната а нечистотијата можеш да ја одстраниш со питка или термална вода. Според мене можно да ти е и од сонцето од самото сончање,незнам колку време поминуваш на сонце и дали лицето ти се поти. Зошто причината може да е и тоа во комбинација со кремите без разлика што ги менуваш секоја година. Еве на пример, ако си тип кој е осетлив на морска вода доволно е и пола саат да си изложена на најжешкото и минимално да се испотиш а претходно да имаш нанесено подебел слој на крема да ти ја воспали за брзо време кожата. Јас би ти советувала да си купиш посебна крема со Спф само за лице и тоа за осетливо лице,јас баш користам една која не е толку тешка во составот и лесно се впива дури имаш чувство ко да немаш ништо на лицето.Мислам дека ја имам препорачано во темата креми со заштитен фактор ако не сум грешка И секако пробај да ја одмиваш морската вода после секое излагање можеби проблемот така ќе го решиш
@sesilija Далацинот е антибиотик, прочепкај можеби ќе најдеш нешто за него. Јас го користам ама бидејќи ми е по препорака на дерматолог земен, не сум барала да видам, затоа што го сметам за проверен. А и колку што можам да забележам вака по форумиве, речиси сите дерматолози го препишуваат како терапија. Aко веќе се решиш за него го има мислам само во Виола аптекиве, околу 450 денари е. Го немаше порано јас од Грција го зимав за околу 5евра, ама мислам дека го има и кај нас сега. А за дерматологов, можеби би ти било од помош ако неколку дена пред одморот си направиш некој третман, за тие мозолчиња кои би требало да ти избијат додека си на одмор, ги отстраниш на време, и на некој начин кожата да си ја подготвиш за сонце и солена вода. Како и да е моја препорака ти е да си направиш преглед Инаку @Mama25 , ке можеш ли накратко да пишеш за која крема станува збор? Ти барав низ мислењата ама не најдов. Јас секогаш на лицето употребувам крема за сончање предвидена само за лице, никогаш не се случило да ставам од лосионот за тело на пример. Ја користам на Avene онаа со 50ка фактор, презадоволна сум од неа ама ми е скапа за секојдневна употреба. Би сакала некоја поевтина замена а сепак соодветна онака барем за оние месеци од годината кога и нема јако сонце.
Синоќа не знам што ме натера, ставив од оваа крема и сабајле лицето ми беше скроз исчистено, просто не ми се веруваше, целосна трансформација. Ја купив од мерак (симпатична ми беше амбалажата), не дека ми требаше, ретко ја користам- некогаш ми текнува да нанесам пример после депилација со шеќерна паста, меѓутоа сега изгледа цинк оксидот си го направи своето. Знам дека и во кремата Здравје има цинк оксид, сум ја пробала одамна и не ја ни искористив, но можам да кажам дека текстурата на Здравје и оваа не ми се споредуваат, оваа многу полесно се размачкува и е многу попријатна. Наменета е за бебиња за иритираната кожа од пелени, ама очигледно помага и при други иритации. Уште еднаш ќе кажам не ми се верува дека целосно ми ги повлече преостанатите црвенила и акни. Еве опис, можеби и вам ќе ви се најде. Спојлер Category: Moisturizers Nivea Soothing Bottom Ointment provides wet-resistance complex based on 20 % zinc oxide. This product is specially designed to keep the nappy area dry and prevent any diaper rash, redness and irritation. The formula combines germ oil, panthenol and zinc oxide to form a protective but breathable barrier. It also nourishes the skin, while promoting the regeneration and wound healing. This is clinically and dermatologically approved skin-compatible product free from any parabens, alcohol, and colorants. Ingredients:20 % zinc oxide, panthenol, germ oil
Фемники јас од 6то одделение имам акни на лицето но пред 1 година ми го препорача една другарка овај лосион за лице. Почнав да го користам 2 пати дневно. Сега лицето ми е кристално немам ни акни ни лузни како ново да ми е. И што е најважно да не го допирате лицето со раце.
Ја купив одамна во Тинекс, ама сигурна сум дека ја има и во аптеките- пример во Зегин. За цената не сум сигурна, ама мислам дека беше околу 260, тука некаде. Ако ја купиш, нанесувај само на иритираните места, не на целото лице.
За мрсно лице пробај го гелот од Авон со бел чај го држи лицето матирано цел ден дури и другиот ден делува малку , а на жешкото дури не ми даваше мн.да се потам минимално.
Се извинувајм што малку покасно враќам ама не бев во можност да се вклучам вчера. За Далацинот баш вчера бев до Зегин и една девојка го купуваше пред мене на кого му треба го има и таму да си знае,цена мислам околу 400колку што слушнав. Мислењево сум го пишала во "Какава крема за лице користите" крива насока сум ти дала еве подетално http://forum.femina.mk/threads/Каква-крема-за-лице-користите.1652/page-117#post-2389285 Инаку за цената незнам колку ја земав беше спакувана со термална вода и ја земав пролетва во Софија. Јас сум презадоволна од текстурата на моево осетливо лице одлично делува. .Прашај по аптекиве кај нас и во Космо знам едно време гледав нивни производи во тоа во Центар после улица Македонија (за објаснување не ме бива ич ) Само да потенцирам да припазите кога купувате пудра во комбинација со крема со заштитен фактор,зошто ако не се усогласени со состојките нема да делува факторот.
Здраво, Дали некој ги има користено производите за масна кожа и кожа со неправилности на Gamarde Organic Macedonia?
Ајде да ве прашам дали имате искуство со Bioclin acnelia лосионот за миење на лице и крема Проакне.Многу ми е битно зашто гледам дека лосионот не е баш евтин.
Девојки и јас имам проблем со акни, митесери, лузни и што уште не. Толку многу влијааат на самодовербата што има моменти кога со денови не ми се излегува. Од ден на ден состојбата се повеќе ми се влошува. Една акна да исчезне тој ден за мене е празник. Нема нешто што немам пробано и единствена надеж гледам во кремата на саше што се спомнува на претходните страни. Ако може некоја од феминките да ми пише негов број би била многу благодарна
Знам едно време го фалев овдека хлорамфениколот, па ми текна да пишам.Убав е лосионот, ама не е за секојневна употреба.Малку повеќе капилари ми излегоа, некако и кожата ми ја иритираше. Пробав со употреба на едни пилинзи од Oriflame, од тие па, лишаи ми излегоа.Ова, од порано, ама да споделам искуство.Не си ставајте се‘ на лице, поарно отидете на дерматолог. Сега, миење само со вода и сапун на Dove.И кремот исто.
Драги феминки, гледам дека голем дел од вас мака мачат со акни и митесери, па сакав да ви дадам еден топол совет. Пред точно две години започна мојата борба со акните, големи гнојни чирови сконцентрирани во пределот на образите. Една година менував козметичари, дерматолози, орални антибиотици и козметики. Испробав секакви креми, гелови, маски по препорака на доктори, пријателки и сл. Испитував хормони, правев гинеколошки прегледи, тестови за стрептокока.... Се беше во ред со моето здравје, но немаше никаков резултат од моите терапии, а ситуацијата со моето лице се повеќе се влошуваше. Пред година дена на форумов прочитав за докторката Николина од Медикоз и решив да отидам на преглед. Уште по првиот преглед имав претчуство дека сум во вистински раце. Започнав со Далацин терапија и почнав да користам крем и гел за миење на лице од Биодерма. Имав вкупно 3 третмани во септември, ноември и фебруари. По првиот третман имаше подобрување, а веќе по третиот моето лице беше чисто и мазно, без гнојаници. Така и остана, освен понекогаш може да ми искочи некое ситно мозолче кое го мачкам со Миробакт и исчезнува, но ништо во споредба со претходниот проблем. Веќе 6 месеци сум без третман, но се уште се придржувам до терапијата и ја користам козметиката на Биодерма. Моите претпоставки се потврдија, докторката Нина е вистински професионалец со долгогодишно искуство. Топло ви ја препорачувам. Мојот главен совет: Решението на вашиот проблем не е во препораките на козметички производи од старана на вашите пријатели или некој кој имал сличен проблем на вашиот! Ниту едно мозолче и кожа не се исти. Тоа што му помогнало на некој не значи дека ќе ви помогне и вам, напротив може да ви направи поголем проблем. Препуштете им на професионалците да го најдат вистинското решение за вас!
Колку пари беа третманите? Можеш да ми кажеш од прилика што третмани беа? Ако се работи за чистење лице и сл.
Ве разбирам како ви е и сакате да се ослободите од акните. Ќе купите Бекутан шампон оној за бебиња и три пати дневно ќе го миете лицето со него,секое утро и вечер ќе го чистите лицето со добар тоник на Нивеа или Балеа,купете си ја кремата на Јанг Дерм за акни од чајно дрво,и ако бидете упорни ќе го постигнете резултатот. А тоа идење на козметичар за акните ма лице не практикувам Ако имате уште нешто прашајте се разбирам од овие работи,и уште нешто мајонез,чоколади и др мрсни работи не јадете дека тие ги предизвикуваат акните
Третманите беа по 900 денари, а третманот се состои од: најпрво ти прави дермоабразија на цело лице, па ти го пари лицето, па ти прави фореза (стискање на црнки и акни и со помош на струја ти става антибиотик длабоко во кожата на големите гнојаници). Исто така ти препишува и терапија за дома, обично крема за лице и гел за миење лице, тие вкупно ме коштаа 1600ден, но зависи од тоа тебе што ќе ти препише.
А додека го миеме лицето со Бекутан шампонот, кој патем е наменет за тело и коса, да си кажуваме некоја мантра уз ритуалот или ? Не можам да престанам да се чудам; на толку средства наменети за миење лице, се фати баш за Бекутанот, кој пак ќе кажам, наменет е за тело и коса. Остана уште свински сапун да им предложите на луѓето и баш некоја тинејџерка со ваков проблем да ве прочита, да изнашлапа сешто на лице без консултација, па да се кае дур е жива кога ќе си ја пресуши кожата поради користење несоодветно средство за миење. Не, фала. После овој „совет“ не би те прашала ништо друго.