Ме изнасмеа,иако не ми беше до смеење.Јас сум стручно лице,шампонот е бебешки и се користи и за лице.. xd Имам 37 години и 15 години сум дерматолог и добро се разбирам во оваа работа.Имам и многу пациенти со овие проблеми. Навистина не ми е до расправање,поздрав и се најубаво! Да даде господ да немаш проблеми со овие работи
Да не се работи за грешка? Да не мислеше на сапун? Ова со шампонот ми нема логика. Како и да е припазувајте што пишувате. Не се сеќавам каде но прочитав некаде на форумов ли или па на друг беше не знам, дека помогнало некому што секоја вечер со памук на лицето нанесувал од сопствената урина. Ми се згрози кога прочитав, ама па уште кога видов надоле постови деке ќе пробаат А на другарка па брат и, некој му рекол со доместос или било кое сретство за чистење купатило да проба, и дечково пробал. Едит: Ако си дерматолог со диплома треба да знаеш дека не можеш да им препишеш терапија се додека не видиш за какви акни станува збор и која е причината за нивно појавување. Ми нема смисла то што го пишуваш, а викаш дерматолог си.
Шампонот не за џабе се нарекува шампон, @Kristen13. Уште една причина плус, никогаш да не се појавам кај вакви „стручни лица.“ Не верувам во дерматолози кои препорачуваат шампони за нега на лице, ниту пак во стоматолози со лоши заби, но тоа не е тема на муабет. Ја читам @simoncelicius и ми текна на мајка на другар, која цел живот си носи унаказено лице за жал, токму од вакви експерименти кај „стручни лица.“ П.С. Да е грешка, не верувам - два-три пати спомна шампон, ќе се поправеше сама ако беше грешка. Мене ми мириса на досада пред почеток на школска година ама ајде.
^ Ја следам членкава зашто ми падна во очи снобовското однесување во други теми. Ај со шампон, туку трипати на ден?! Ако сакаш да ти се излупи и пресуши кожата, генијална идеја.
Јас користам строго бебешки шампони, ја користам и купката на бекутан со камилица, и кога се бањам понекогаш и лицето го мијам и ми е многу убаво. Од други шампони и купки не сум задоволна, не влијаат добро на мојата кожа.. Кога сме тука веќе, и нешто друго да надополнам, за мрсно лице многу помага сапунот на Џонсон, плавозелената паковка, случајно го зедов, со шампонот и лосионот Џонсон, сапунот беше гратис, а сега нонстоп него го користам кога видов дека лицето не ми се мрси толку.. А бекутан сапунот многу ми го суши.
Уште да прочитам дека солната киселина е добра за акни (нели киселина е и ги суши логично размислувајте) Не знам зошто трошиме пари на козметика кога сите дома имаме и Арф и Циф,ем кујната и купатилото ќе светат,ем лицето
@Kristen13 Како прво,ако си дерматолог како што се претставуваш нема на форум да советуваш кој што да става,не па 3 пати дневно шампон или купка.Еве ќе појдам од себе и од ќерка ми.Бекутанот ни под точка разно не ни одговара ни на лице ни на тело исто како и на ќерка ми која има 3 години и која добила страшен осип и црвенило од Бекутанот,зборам за целата колекција па дури и пелените,доби таков осип што го лечевме цел месец. Втора работа е дека секоја девојка што пишува тука има различен тип на кожа и различна проблематика и нели не се лечи и мачка секое лице со сенешто. Затоа,не давај вакви ''генијални'' совети затоа што тука мака мачиме подолго време со лицето и со акните и мрсотијата затоа што не помагаат со сигурност. Инаку,јас се вратив на стариот гел за мрсно лице на Балеа и по препорака на дерматологот од Про медика почнав да ги користам тестерите што ми ги даде од Биодерма кремата и еве веќе 4 ден како ставам од кремата,не ми искочила ниту една нова гнојарка а и флеките ми се малку избелени,минимално ама сепак јас си приметувам.А Проакне кремата против акни никаде неможев да ја најдам зашто лоша серија имаа со рокот по аптекиве па ги вратиле назад.Е сега со оглед на тоа дека не ми искочила нова акна а постоечкиве се смируваат изгледа ќе имам среќа па нема да ми треба.
K Кој дерматолог со искуство од 15 години дреме на форумов и советува млади девојки за бекутан терпаија без претходен преглед?! Може ли да ми кажете во која ординација работите за никогаш да не се појавиме?!
Тоа не е ШАМПОН. Си пишува дека е пена, што заобиколуваш сега? Прекрасно си кажа неколку пати, да си купиме шампон Бекутан, не пена за лице. Како тоа дерматолог, а не правиш разлика помеѓу шампон и пена за миење лице? А и она xd кај секое мислење, ептен зрело, баш типично за жена околу четириесеттите.
За чисто лице пред повеќе од 10 години од дерматолог ми беше препишан скинорен. Тотално ми го исчисти лицето и од тој период не сум имала поголем проблем со акни и болни мозолчиња. Сега брат ми е во тие години и му беше исто како мене тогаш, со поткожни и болни акни, црнки, мозолчиња и лузни од што ги притиска. Ми текна на скиноренот, го најдовме по истата цена како тогаш (околу 500 ден.) и еве за една недела што го користи има огромна разлика. Нема црвенило воопшто, обледени се старите, а смирени и подсушени тие што му беа активни во моментот. Составот е 20% azelaic acid и ги уништува бактериите што ги создаваат акните.
@x.Daisy.x медицински крем е, на него пишува само со рецепт ама ние го купивме без проблем во еурофарм.
девојки ми треба ваш совет.. брат ми моментално е во америка, па сакам да ја искористам приликата да му нарачам некаква колекција со сретства за третирање на проблематично лице.. порано имав поголеми проблеми со лицето, сега имам повремено акни кои најчесто се поизразени во периодот пред циклус, но сепак не можам да кажам дека сум задоволна од тоа како ми изгледа лицето. доколку имате некој совет или знаете за некои креми што помагаат во регулирање на себумот што се лачи, за чистење на пори или слично би ви била преблагодарна.. порано имав слушано за проактив плус, како сет со лосиони и гелови за третирање на проблематично лице склоно на акти, меѓутоа читав по нетов и нема баш добри критики :/
Ako znaes angliski, procitaj tuka, ima mnogu dobri predlozi za produkti, ako ne pisi mi ke ti pomognam https://www.reddit.com/r/SkincareAddiction/wiki/sca_routine
Јас користам проактив активно веќе два месеци. Не можам да кажам дека ми ги излечи акните, сеуште знае да се појави по некоја, но позитивно е тоа што некако ми го измазни лицето, позатегнато ми е некако. Е сега бидеќи јас имам мн лузни и дупчиња му треба повеќе време. И лицето не ми се масти како порано, светнува но не како порано. И позитивно е што почнав да се шетам без пудра затоа што и на слики лицето ми изгледа многу подобро. Сигурно има и подобри колекции оод оваа, но еве да го споделам моето искуство со проактив