за нега на кожа можеби е добро да се става масло читам дека многу од девојките користат најразлични, меѓутоа директно на акни односно на проблематична кожа дека не треба да ставаш масло.
Здраво драга, значи ако разбрав добро имаш чувствителна кожа со акни (сигурно Т зона со сува зона). Логона и Лавера најискрено ги немам користено, ама ако сакаш ќе ги разгледам па ќе ти кажам. Од лавера ми се допадна една крема базис сеснитив ама формулата е слична како онаа на Хаушка, многу масна формула за сува кожа. Една крема што со сигурност ти тврдам дека ќе ти одговара (доколку немаш некои големи бубуљици) е на Гамард кремата за нормална до комбинирана кожа за активна хидратација. Ја задржува влажноста до 50 % на кожата а воедно го изедначува масниот и сувиот дел. Наменета е баш за чувствителна кожа склона кон иритации. Има и друга за масна која е одлична и не суши туку напротив ја навлажнува. Првата е повеќе за комбинирана а втората за масна кожа со неправилности (проширени пори, акни, бубуљици). И двете се одлични и сум видела како им го чистат лицето на повеќе девојки (особено таа себо контрол од Гамард). Инаку еве утре или задутре ќе ги разгледам логона и лавера и ќе ти пишам. Исто така и виво олео има една убава крема, баш ја гледав пред некој ден, само да ја видам уште еднаш дали беше за комбинирана кожа па ќе ти пишам. После изборот го оставам на тебе. Поздрав. Кажи ми што користиш во мометов? Сакам да ја видам декларацијата на производот и ќе ти кажам зошто кожата ти се влошила. За секое лице има лек за чиста кожа, не се секирај. Поздрав
@Biodevojka ти благодарам за предлоЗите. Немам масна т зона, акните и иритациите се по линијата на вилицата. Креми за комбинирана до нормална секогаш ми ја сушат, па обично се држам до тие за нормална чувствителна. Проблемот е што нема таква против акни. Гамард не сум користела, утре обавезно ќе ги разгледам и ќе одберам нешто. Колку што знам ги и а во Зегин, така? Можеби ќе е најдобро акните да ги третирам со некој производ само на на нив што се нанесува, остатокот од лицето со крем за чувствителна. Ќе разгледам, па се надевам конечно да го решам проблемот, веќе три месеци ме прати. Наредно што ќе направам е исфрлање на омекнувач и ќе сменам прашак за перење, мислам дека и тоа ми ја иритира кожата. Фала уште еднаш
Ги одбегнувам јадењата кои содржат калории и оние кои се мрсни ис Повекје внинавам да консумирам овошје и зеленчук а мрсната, пржената и калоричната храна ги одбегнувам
Biodevojka најпрво да ти се заблагодарам што сакаш да ми помогнеш, морам да те пофалам за тоа што на сите девојки им даваш совети за коземтиката без разлика дали станува збор за препаративна или декоративна. Иначе јас во моментов користам козметика што ми ја препорача дерматологот, меѓутоа секогаш сум отворена за нешто ново или нешто дополнително што би можело да помогне. Инаку ја користам кремата на Биодерма Sebium Hydra, која го регулира лачењето на себиум од порите, а за навечер ставам крема Сона, а за околу очите ја користам кремата на Clinique - All about eyes rich. За миење на лицето го користам гелот на Clinique, и искрено од него сум најзадоволна. Шминката ја чистам со мицерална вода исто така од Биодерма, а понекогаш лицето го поминувам и со вода од зовриен ловоров лист, некако ми дава свежина на лицето. Рецептот за тоа го најдов претходно во коментарите, некоја од феминките го имаше постирано.
Некој да не има пробано производи од француската козметика Corine de farme? http://www.corinedefarme.com/women/face-care Јас ја имам маската за коса и ми ја прави преубава и премека. Ја земав во новоотворената Хелти Фуд на Зегин и ми се чини дека имаше и производи за лице (иако не сум сигурна, па ако некој видел за сигурно нека пише). Сега изглуглав и пишува 95% natural origin, мислам дека би била добра. Не ми се купуваат нови производи, да не ја "нападнам" кожава со различни продукти, пошто моментално користам нешто друго, ама сакам да си ја имам предвид за понатаму.
Откако ми ја опиша кожата дефинитвно земи гамард за активна хидратација (плаво бела опаковка се). Одбери ти сама дали сакаш за нормална до комбинирана кожа или за сува.И двете се наменети специјално за многу чувствителна кожа склона кон иритации и црвенила. Ги има во зегин и во еурофарм. Според мене многу ќе ти ја подобрат состојбата и нема да ја исушат кожата. Поздрав и се слушаме. Може ли да ми кажеш како ја чувствуваш кожата наутро? Дали е повеќе масна од нормално? Колку време ги користиш кремите и дали има ефект според тебе? Доколку козметикава ти прија тогаш не ја менувај, доколку сакаш нешто органско може да ти препорачам ама опиши ми го типот на кожата.
Значи вака, во моментов не би можела да ти го дефинирам точно типот на кожа од причина што кремата што ја користам навечер премногу ја суши кожата, на почетокот дури и ми се лушпеше. Откако ќе ја измијам со вода и со гел, обавезно морам да ставам крема бидејќи ја чувствувам дека ми е затегната. Меѓутоа претходно немав некоја многу мрсна кожа, во лето знае поради топлото повеќе на лицето да светнам особено на Т зоната, а додека пак во зима стандард ми е посува кожата. Во однос на кремата, искрено јас бев задоволна се досега, бидејќи како што спомнав претходно ваква реакција на лицето никогаш сум немала. Моментално сите пори ми се полни со секрет, целото лице ми се направи со нерамнини, мора од нешто тоа да е предизвикано. Ми препорачаа да ги пијам капките Фемисан А кои биле на природна база во случај ова да е некоја хормонска реакција (иако јас ги имам проверено хормоните и се беше во ред), но мислам дека мора и со козметиката нешто да сменам. Не може само за мене да нема спас од акниве...
Обавезно да ја суспендираш кремата што ти ја суши кожата. Една крема наменета за масна кожа во никој случај не треба да ја суши затоа што со тоа предизвикува спротивен ефект. Треба да ја нормализира и хидрира. И масната кожа има потреба за хидратација не само сувата и ако еден производ ја суши во тој случај е премногу агресивен. Прво правило за масна кожа е да не се користат производи кои ја сушат спротивно од она што се верува туку производи кои ќе ја нормализираат нез да ја сушат (по можност без алкохол и други агресивни состојки). Ајде ако сакаш прати ми слика по приватна порака за да ти ја видам состојбата на кожата и доколку ти треба помош за препарати ќе ги одбереме заедно. Доколку ги имаш проверено хормоните не земај ништо за пиење па макар да е и на природна база. Ако се е во ред со хормоните тогаш нешто локално го предизвикува проблемот. И те молам ако не ти е тешко прати ми ги состојките на кремата сона што ја користиш за да видам што содржи. На интернет неможев да ја најдам, а баш ме интересира. Не се секирај колку можем че ти помогнам. Секако не сум експерт ниту детматолог, ама знам дека за се има лек и спас и тоа со најпрости природни производи. Поздрав.
Имав мрсна кожа на лицето но кога почнав да користам од Авон маска за лице, ваква ми се стабилизира и сега иако веќе не ја користам таа маска, не ми e мрсна кожата на лицето. Значи за таков тип на кожа ја препорачувам оваа маска, а инаку за чисто лице, наутро ставам маска а навечер крем за лице. Притоа, внимавам да не го правам тоа секој ден туку околу 3 пати во неделата. Некогаш е добро само да се измие лицето со ладна вода или да се измие со сапун за лице. Масла не би ставала. Имам користено и лосион Дермогал но премногу ми го сушеше лицето а и општо сум против било какви лосиони за лице.
Женски ај и мојава кожа да ја видиме што чудо е. Никогаш не сум имала проблем со акни. Ама неколку месеци ја користев течната пудра на Римел и почувствував промени на кожата и нормално прекинав со пудрата ама кожата не ми се врати во нормала. Носот и брадата ми се склони кон создавање на црнки. Глава не можам да кренам од нив. И не знам како да ги третирам. Исто и на челото забележувам дека ми е мрсна кожата и имам многу ситни малечки акни, што од далеку не се забележуваат многу ама од блиску на огледало се гледаат. Инаку користам крема на Биотен, зашо останатиот дел од лицето ми го прави преубав. Ама овие делови мрсниве, не знам шо да им правам
Се изначитав многу за скиноренот по форумов и да ве прашам. Почнав да го користам од пред два дена и од тогаш ми се појавија повеќе бубулички. Нормално е тоа или да прекинам со користење ?
Девојки ве молам препорачајте ми нешто за миење лице. пред извесен период ја користев пилинг маската на балеа но не ми одговараше па прекинав да ја користам и ја заменив со обичен бебешки бекутан сапун.од него почнаа да ми се појавуваат мали брунчиња на челото... незнам што да пробам следно за кога ќе си го измијам лицето да го чуствувам свежо и чисто
Јас најзадоволна сум од пилингот од орифлејм и од неутрогена 2 во 1 https://s-media-cache-ak0.pinimg.com/236x/06/91/e3/0691e3b833ade809d12a722ffd86ff01.jpg http://3.bp.blogspot.com/-VhNKq5GHpHU/VSrhZtv3mQI/AAAAAAAAIlY/QbhCVVQA-RA/s1600/IMG_5722.JPG
Девојки што да правам за време на пмс? Како да се спасам од тие акни, ситни бубулици, целото лице ми се нафрлува, 5 дена пред да ми дојде лицето цело ми се нафрла, и многу се нервирам..... Откако ќе ми помине се е ок, иако и тогаш лицето не ми е скрос чисто, но може да се каже дека е ок. Пијам вода, еве веќе една недела пијам по 2л вода секој ден, се хранам прилично здраво, неможам да го трпам оцој период, и од нервоза земам и стискам и секој месец се иста приказна. Дајте ми совет, што да користам во овој период, и внатрешно да се прочистам, да почнам да пијам и чаеви или.... Овие денови планирам да ја земам кремата на нивеа со сино капаче, ми ја пофалија, па се надевам ќе ја хидритира кожата добро.
Немој да ги притискаш и немој да користиш пилинг маски. Ако си во пубертет пробај го од Young derm-Alkaloid кремчето за мозолчиња, во зависност од тоа каква кожа имаш тој за мрсна е за длабинско чистење, ако имаш комбинирана земи си го тој со зелената етикета. И јас имам проблем како твојот но само на брадата. Сакам овие денови да побарам аптека некој крем со резорцинол оваа хемиска состојка помага за мозолчиња.