Имаш гел со клиндамицин за 212 денари во Зегин, јас го користам и сум задоволна. Не ја суши кожата, кожата не се лупи. Го намалува црвенилото и ги суши мозолчињата. Пробај го за 212 денари вреди да го купиш во споредба со други гелови кои се три пати поскапи
Вчера мајка ми ми купи некое Нивеа washing gel во сино пакување е мириса на море многу е убаво Се миам со него на сабајле и навечер и лицето ми е мазно и убаво. А тоник имам еден на Балеа плав,и На Нивеа зелен. Ја имав кремата на Јанг Дерм од чајно дрво за акни добра беше имаше резултати Имам користено пилинг гел на Клир анд клин вака ако се пишуваше,го користев 3-4 месеци ништо,ми беше онака колку да го измијам а тој гелотна нивеа ми изглефа добааар може да го пробате❤️❤️
Бидејќи има доста задоволни луѓе што ги знам од маслото од кантарион, од вечерва почнав и јас да ставам па за некое време ќе пишам резултати.
Имав јас бекутан мене не ми прија на кожа ме чеша не го можам,а сестра ми си го користи. Кај секого различно сега користам гелче за миење лице и подобро ми е,сепак во таа фаза сум мора што се мора! Иначе во право сте Мишела
Дојдов да си кажам нешто од лично искуство. ИЗБЕГНУВАЈТЕ да си го чистите лицето со ВЛАЖНИ МАРАМЧИЊА. Без разлика какви и да се, без разлика каkва намена и да имаат, да не содржат алкохол, да се поскапи, да се наменети за лице, не ги користете во ниеден случај. Имав проблем со лицето, имав акни не кој знае колку ама баш акни. Бев на дерматолог, го средив, и после си продолжив да користам млеко за вадење шминка, гелче за миење тоник и соодветна крема. Со ова го држев лицето под контрола се додека не се зезнав и не почнав пак да користам влажни марамчиња. Прво кога ме виде дерамтологот дека со на нивеа ( специјални за лице за вадење шминка, и тоа органски) влажни шамивчиња вадам шминка ми се развика ама буквално ми се развика. Ја послушав прекинав, и еве пред месец дена пак почнав и лицево ми е ужас сега. Причината, колку што ми ја објасни дерматологов е дека со влажните мрамчиња ги блокирам каналите/порите, буквално ги затварам, па така шминката/нечистотијата останува заробена внатре, а чистењетоа понатаму со сапун гелче пена сеедно нема никаков ефект. Дефинитивно после ова што го забележав прекинувам со марамчињата, за вас не знам, се почувствував должна да споделам
Се согласувам. До пред 2 години и јас шминката ја вадев со влажни марамици па потоа миев лице со сретство за чистење. Тој период лицето решето ми беше. Ништо буквално не ми помагаше. Башка што ми беше дехидрирано лицето и покрај хидратантните креми кои ги користев. Ем масна т-зона ем цела кожа ми се луштеше. Од кога прекинав да користам влажни, лицето ми е под контрола. Освен пред добивање кога знае пак да ми се исфрли по некад, ама шта чеш, не можам тука ништо.
Не го знаев ова, фала ти што напиша. Јас маки мачам со лицето еве веќе одреден период, никако не можам да го средам, имам малку акни но многу флеки околу устата. Баш ќе пробам еден месец да не користам влажни марамчиња па ќе видам дали ќе има некое подобрување. Инаку исто така приметив дека кога пијам повеќе вода лицето ми е помазно, ми се чистат акните и не ми се толку мрси лицето, што значи пијте што можете повеќе вода.
Прочитав пост од 2011 за чичко Саше кој подготвувал крема/маст за акни, па би сакала да ве замолам ако може контакт од него во лп.
Полезна информација за сите кој вистински се грижат за својата кожа. Денеска во Скопје City Mall од 12-14 часот ќе има промоција на Францускиот бренд Avene со ПОПУСТИ до 45%, исто така ќе има и стручно лице за совет.
Нјадобриот сет производи за оваа состојба според мене е: 1. За хигиена - Mousse nettoyante - пена (двапати дневно, наутро и навечер) 2. Дневна крема - Cleanance MAT 3. Нанесување на Fluide Matifiant Hydratant наутро и навечер после миењето на лице со Mousse nettoyante. резултат треба да има после 5-7 дена користење и правилна примена, и мислам дека на овој сет има 25% попуст денеска во Aптека „ZEGIN“ - Скопје City Mall https://www.facebook.com/events/1678398029042536/
Здраво !! И јас имам проблеми со лицето, кожата ми е многу мрсна, сум користела многу тоници и лосиони, но никаков ефект... Може ли да ми препорачате нешто за чистење на лицето ??