Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Мене ми треба нешто за фелките од акните, акната ми минува за неколку денови а со флеките по месеци се мачам. Не знам веќе што да пробам. (facepalm) Затоа мислев дека таа кремата помага нешто за фелките, добро што не ја земав денес, а баш ја гледав во аптека.
     
  2. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, еве уште по сабајлечки предлог за домашен СПА третман кој буквално ќе ја препораоди вашата кожа. Толку едноставен а толку ефикасен. Поздрав и прекрасен ден.

    Домашен СПА третман за неверојатно убава кожа

    [​IMG]


    Здраво драги мои,

    во оваа статија сакам да ви дадам идеа за еден фантастичен домашен спа третман кој буквално ќе ја препороди вашата кожа на лицето. Веднаш по третманот кожата ќе ви биде исклучително мека и нахранета со прекрасен тен и здрава боја. Ќе ви дадам варијанти за нормална до сува и комбинирана до масна кожа, со цел да ги задоволам сите читателки на мојот блог и да не изоставам некого. Ајде да не должам многу, запалете по некоја свеќа, пуштете си релаксирачка музика, исклучете го мобилниот и да започнеме со третманот.

    1. Скраб за лице на пареа

    Пред две години во еден спа центар во Рим имав неверојатен третман кој е уникатен, многу функционален, а неверојатно лесен за правење. Третманот се состоеше во тоа што ти даваат смеса од кафеав шеќер и мед која ја мачкаш на лицето и телото. Влегуваш така намачкана во турска бања и сама правиш пилинг на телото под дејство на топлината и пареата. Добро, во домашни услови немаме сауни или турски бањи (блазе си им на оние кои имаат), меѓутоа сите имаме кујни со тенеџериња и шпорети :), така да ќе направиме домашна верзија само за лицето.

    Во едно тенџере загрејте вода како што обично правите кога треба да го парите лицето. Тенџерето ставете го на масата каде ќе го правите третманот (секако врз една крпа или даска да не ја уништите масата) и ставете врз него пешкир. Во меѓувреме помешајте две мали лажички шеќер со мед додека да добиете убава густа смеса и нанесете ја на лицето. Внимателно изложете го лицето врз тенџерето со вода (не многу блиску за да не се изгорете, ве молам внимавајте пареата да не биде многу жешка) и ставете го пешкирот врз главата. Под дејство на пареата медот и шеќерот ќе почнат да се топат и порите на лицето да се отвораат. Вие со многу благи и нежни кружни движења направете пилинг. Постапката треба да трае околу 5 мин. на следниов начин: направете малку пилинг, па оставете го така лицето некоја минута, потоа пак пилинг па пак почекајте. Немојте постојано да правите пилинг во текот на тие 5 мин. за да не претерате. По истекот на времето измијте го лицето со малака вода. Кожата ќе ви биде толку неверојатно мека и нежна што ќе бидете воодушевени. Значи повторувам движењата нека бидат благи (не притискајте) и не се доближувајте многу блиску до пареата. Скработ е ист за сите типови на кожа.

    2. Маска за лице од чоколадо

    [​IMG]

    По прекрасниот скраб, кожата на лицето е подготвена за една прекрасна антиоксидантна маска која има голем анти ејџ ефект и буквално ќе ја препороди вашата кожа.

    Варијанта за нормална до сува кожа

    - 1 кафена лажичка мед;
    - 1 кафена лажичка павлака;
    - 2 коцки чоколадо (претходно стопено на пареа) или 1 кафена лажичка какао


    Помешајте ги сите состојки и нанесете ги на лицето. Оставете ја маската да делува 10 мин. и измијте со млака вода.
    Медот одлично ја омекнува кожата, павлаката ја храни и хидрира, а какаото има огромно антиоксидантно дејство и помага во спречувањето на слободните радикали, а со тоа има и анти ејџ ефект врз кожата.

    Варијанта за комбинирана до масна кожа

    - 1 кафена лажичка зелена глина;
    - 1 кафена лажичка мед;
    - 1 кафена лажичка цеден сок од портокал;
    - 2 коцки чоколадо(претходно стопено на пареа) или 1 кафена лажичка какао

    Помешајте ги сите состојки и нанесете ги на кожата (сетете се глината да ја земате со пластична или дрвена лажичка). По потреба додадете некоја од состојките додека да добиете густа смеса која лесно се нанесува на лицето. Оставете да делува околу 10 мин. и измијте со многу млака вода.
    Зелената глина ја прочистува масната кожа и помага во отстранување на митесерите на лицето. Сокот од портокал е богат со Ц витамин кој го изедначува тенот и дава убава здрава боја на кожата, медот омекнува, а какаото има огромно антиоксидантно дејство и помага во спречувањето на слободните радикали, а со тоа има и анти ејџ ефект врз кожата.

    Совет плус: маската пригответе ја пред да го правите пилингот, за веднаш потоа да не губите време да ја правите туку веднаш по парната бања да ја нанесете директно на кожата кога порите се сеуште отворени.

    [​IMG]

    По овој третман на кожата на лицето нанесете некое хранливо масло според типот на вашата кожа, или пак вашата омилена крема. Ово третман доволно е да го правите еднаш месечно или евентуално на 15 дена.

    Се надевам дека и оваа статија ви се допадна и дека ќе бидете воодушевени од резултатите. Доколку е тоа така, споделете ги вашите импресии и мислења.
    Ние се читаме наскоро, а дотогаш ве гушкам силно и ви праќам огромен баќнеж.

    Вики
     
    На mila89, Giovanna, Avery и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Значи ќе земете сјај Феја или Спин и зимате сунгер и трљате по лицето и чекајте да упие,па земете Арф и жица и трљакте по лицето и оплакнете со млака вода! резултати видливи за 1 недела,но редовна употреба
    ШАЛААА! НиКако оваа!

    -Има една многу добра крема на Еуцерин за акни и со фактор 30ка е многу е добра има резултати ама кој како може да си дозволи мене тетка ми ми ја даде и ми рече дека била прилично скапа ќе ви ја сликам ако сакате:)
     
  4. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Ииии добро било паста да ставите на акните,ги горело
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  5. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    ајде сликај и ставј да видиме јас користам на еуцерин денски со 30 фак и нокен
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Smiley11

    Smiley11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    170
    Здраво.не знам дали е соодветна темата ако не е префрлете ме...Имам комбинирана кожа. Се изнамачив веќе...
    Најголем проблем имам со носот. Кога ставам пудра многу лошо изгледа како кога ќе ти се лупи никако не можам да го средам. И крема да ставам па пак пудра исто така ми се познава! Кажете некое решение не можам пудра раат да си ставам :(
     
  7. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    image.jpeg Еве ја кремата ја ставам и добра е
     
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Правиш редовен пилинг?
     
  9. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    епа тоа е тоа што јас го имам денски крем за лице со фактор и чини околу 600 ден од зегин....таков крем се става кога веќе ќе немаш акни ...значи тој е да го одржуваш лицето да не излегуваат нови....а не е наменет да ги лекуваш акните:)
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Поим си немав:lol:
    Мене тетка ми ми рече за акни и ја и викам еј дај ми ја и ми ја даде и се мачкам со неа :D
     
  11. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    мачкај се ....ама ти викам тоа е за да немаш акни ...спречува појава на нови....а ако имаш акни тогаш треба да корстиш антибиотик
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mimi****

    mimi**** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2015
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    3.636
    Пол:
    Женски
    Preporacajte mi nekoj tonik za cistenje na liceto,imam suva koza
     
  13. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Добри се на балеа,јас го имам синиот тој е за комбинирана а мислам дека розевиот е за сува
    И нивеа се добри,можеш и да си земеш некое гелче за миење
     
    На mimi**** му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mimi****

    mimi**** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2015
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    3.636
    Пол:
    Женски
    Balea proizvodi nema vo gradot vo koj ziveam,a nivea moze da probam,do sega go koristev toj na garnier ama mislam deka mi se prezasiti kozata od nego.Fala ti na predlogot Kimberly
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Smiley11

    Smiley11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    170
    Зелена глина ставам само сега. Предлог пилинг и на колку време да го правам?
     
  16. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Супер идеја со скработ на пареа, @Biodevojka. Го направив пред некој ден и милина лицето нежно, меко. После и маската со чоколадо ја ставив и убавини. Ќе ми стане навика ова дефинитивно.
     
    На LivingGlam и Biodevojka им се допаѓа ова.
  17. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Баш ми е мило драга, и јас си го правам. Супер е да ја омекне кожата сега кога е ладно, а богами многу делотворен е и во зима. Фала ти многу на одговорот и фидбекот. Голем бакнеж до тебе.
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tedd.

    Tedd. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2015
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Сакам да пробам некој гел за миење лице со салицилна киселина.
    Дајте некој предлог имам чуствителна кожа склона на акни,флеки и црнки на носот.Неутрогена не ми одговараше.
    И кој е подобар од овие два гела на Балеа?
    [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
    Последна измена: 12 октомври 2015
  19. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    За овие не знам дали имаат сал. киселина, ама има едни креми ноќна и дневна со сал. киселина се јас ја имам ноќната, ми се средува лицето кога ја користам.
    Едит: Сега гледам, кремите се од истата линија како првиот гел, па можеш да го пробаш тој :)
    Исто така има на Авон едно такво за миење лице со салицилна киселина, јас сакам тоа да го пробам, имав едно на Балеа ама не ми се допадна.
     
    На Tedd. и simoncelicius им се допаѓа ова.
  20. Tedd.

    Tedd. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2015
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Фала на одговорот :))