Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. Nona13

    Nona13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Здрaвo имaм мнoгу aкни нa лицетo и ми препoрaчaa дa стaвaм oд тaa пудрaтa зa сипaници јa имa некoј прoбaнo :)
     
  2. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.085
    Допаѓања:
    77.111
    Пол:
    Женски
    Јас го користев зелениот ама од него лицето ми се направи лом,тој е со некоја овошна киселина и мене лично ич не ми одговараше.Ми искочија многу акни па после тоа го земав овој плавиов и ми се исчистија скорз акните,останаа само флеки.И сега само него го користам,не го менувам веќе.
     
    На Tedd. му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Askopje

    Askopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    547
    Вода, дове сапун и меко пешкирче за најчисто лице.
    Супер ми одговара за мојава сува кожа.
     
  4. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    моја препорака е да не ставаш такава пудра на лице со акни ....не се исти акните на лицето со обична брунка ...купи си далацин ц од аптека или ако имаш многу акни и ако имаш можност оди на дерматолог за да не се ни направиш поголема белја....:inlove:
     
  5. DoktorkaOz

    DoktorkaOz Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со presiosaP дека во никој случај да неставаш течна пудра(на белата мислам), незнаеш како може да реагира лицето на тоа, бидејки сепак станува збор за акни кои се предизвикани од некоја бактерија, но не се согласувам за Далацин Ц затоа што тој е антибиотик, а антибиотици во никој случај неземај на своја рака.
    Јас би ти препорачала само да земаш соодветно срество за миење лице, а тоа да не биде во никој случај сапун. Јас го користам овој:
    Photo Cleanance Gel 200ml NOUVEAU-500x500.jpg
    Многу е исплатлив трае најмалку 3 месеци, а го препорачуваат и многу дерматолози. Пробај да го смириш лицето сонего, ако не успееш ке мора да посетиш дерматолог.
     
    На Nona13 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tedd.

    Tedd. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2015
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Дали помага овој плавиот за флеки и дали ти искачаат акни откога почна да го користиш?
     
  7. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.085
    Допаѓања:
    77.111
    Пол:
    Женски
    Кај мене помага.Цели образи ми беа со жар црвени флеки а после еден месец ми станаа бледо розеви и затоа сум многу задоволна од него и не го менувам веќе.А и акни не ми излегуваат веќе,инаку со тој другиот секој ден по 5,6 нови акни ми излегуваа,ренде ми го направи лицето.Премногу е груб за лице иако пишува дека се користи два пати дневно.Има некои зрнца низ него и го иритираат дополнително лицето,бар кај мене беше така.А плавиот е многу нежен и долго време откако ќе се измиеш ќе го чувствуваш лицето чисто и свежо иќе гледаш како акните се сушат а флеките избледуваат.
     
    На Tedd. му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tedd.

    Tedd. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2015
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на одговорот,јас се мислам дали да го земам постојано ми искачат нови и имам црнки и флеки а притоа имам суво и чувствително лице.
     
  9. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.052
    Допаѓања:
    8.179
    Пол:
    Женски
    Јас го користам оној во портокалово пакување,плус има и четкичка со која можеш убаво да го истриеш лицето. Perfect_Clean_range_shot_FINAL.jpg
     
  10. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.085
    Допаѓања:
    77.111
    Пол:
    Женски
    Аа,не чекај,овој плавиов па и зелениот се за мрсна кожа,а на тебе штом ти е суво лицето нема да ти одговара,ќе си направиш дополнителен проблем.Види на Балеа,треба да има и за сува и чувствителна кожа.
     
  11. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.819
    Допаѓања:
    8.690
    Пол:
    Женски
    Читам многу феминки ја користат мицеларната вода па ме интересира од кои фирми ги има кај нас и цена?
     
  12. Tedd.

    Tedd. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2015
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    За каква тип на кожа е наменет и кај можам да го најдам?
     
  13. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.052
    Допаѓања:
    8.179
    Пол:
    Женски
    Тој е за сите типови на кожа со ситни гранули за ексфолијација,мене супер ми ги чисти и остатоците од пудрата и знам дека има салицилна киселина.Плавиот е за нормална/комбинирана го имам и него ама малку го користам, а розовиот е за сува/осетлива кожа.Ги има во аптеки,маркети (јас го имам купувано во Зегин,Тинекс).
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.819
    Допаѓања:
    8.690
    Пол:
    Женски
    А колку пари?
     
  15. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.052
    Допаѓања:
    8.179
    Пол:
    Женски
    Не помнам точно колку ама нека беше најмногу до кај 200-250 денари :?:
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Aries.n

    Aries.n Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Ми треба совет...:/
    Имам мрсно лице со акни(пред некое време ми се намалија),и повејќе флеки...и дупчиња...се мислам дали да ја земам,eucerin зелената колекција или арганово масло да се мачкам само навчер??
    Или некој друг совет :)
    Ви благодарам...:)
     
  17. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, ако те интересираат оргнски производи би можела да ти препорачам неколку за кои тврдам дека се супер. Прво гелот за миење на лице за масна кожа од Алверде е навистина многу добар, потоа имаш масло за масна кожа од Др. Хаушка кое е исто така одлично и на крај имаш еден сет од пенлива вода за миење на лице и флуид - крем за масна кожа од Гамард себо контрол кој освен што ги лечи акните и бубуљичките, ги лечи и флеките и лузните кои се настанати како пост акни. Ете за овие три можам да ти кажам.
    Што се однесува до маслата според мене подобро е да земеш јојоба (чисто масло), тоа е повеќе наменето за масна кожа и всушност е најкомпатибилно со кожата, односно најблиску е до нашата кожа. Еве имаш повеќе избор одлучи сама. Поздрав
    Здраво, јас ја имам пробано мицеларната вода на Гамард и многу бев задоволна. Убаво ја отстранува шминката без да ја иритира кожата. Органски производ е и има термална вода, екстракт од црн слез и алое вера гел. Само оваа мицеларна вода ја имам пробано затоа што е органска. Другите на пазарот се традиционални така да не сум ги пробала. Цената е 1100 денари а ја има во аптеките во Зегин и Еурофарм. Поздрав
    п.с. доколку сакаш сама да направиш мицеларна вода потребно ти е да имаш убав нежен гел за миење на лице (по можност органски и без сулфати), деминерализирана вода и алое вера гел. Во едно празно шишенце од 100 мл. стави две супени лажици од гелот за лице, една кафена лажичка алое вера гел и остатокот деминерализирана вода. Убаво протреси и ќе добиеш еден вид на домашна замена за мицеларната вода која одлично вади шминка. Секако ова е доколку сакаш сама да правиш проекти и доколку ги имаш овие три соостојки. Инаку во спротивно може да си купиш нели. :)
     
    На Aries.n, blueberry93 и Antebellum им се допаѓа ова.
  18. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    Од искуство ќе ти кажам да посетиш дерматолог..зашто јас имам мрсна кожа-лице со акни и ништо не ми помогна освен регулирање внатрешно...се сум пробала надворешно но ништо не помага ти кажувам да заштедиш на време и на пари секако...сега ти пак како сакаш твој е изборот...
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.349
    Пол:
    Женски
    Колку време е безбедна за користење ваквата мицеларна вода?
    И дали би била добра да се користи и за вадење шминка од очи? Некако гелот за миење лице ме премислува, се плашам да не ми ги иритира очите - го имам оној на Алверде со алгите и не сум пробала со него да давам шминка од очи до сега, баш поради истата причина.
     
  20. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга јас ја користам моментално, трае до 3 недели со оглед на тоа што има веќе конзерванси во производот за измивање на лицето кој го користиш. Секако за да биде нежен за очите пожелно е да се користи нежен гел со убава формула и ако е возможно без сулфати како на пример гелот за измивање на Алоедермал, кремата за миење на лице на Гамард или некој многу неутрален друг природен гел или крема. Еве јас ја направив и веќе недела дена го користам и одлично ми одговара. Фантастично ја вади шминката.

    [​IMG]

    Ова е перфектен производ за вадење на шминка кој воопшто не ја масти кожата, а одлично ја хидрира и негува. Погоден е за сите видови на кожа, особено за комбинирана до масна со оглед на тоа што е лесен и веднаш се измива. Кожата ја остава перфектно мазна, исчистена и мека.

    [​IMG]

    Во едно шишенце од 100 мл. ставете две кафени лажички нежен гел за миење на лице со благи сурфактанти, малку алое вера гел (една кафена лажичка) и наполнете го со деминерализирана вода (не го полнете скроз до горе, оставете малку место). Убаво протресете го шишенцето и ете, вашата производ е готов. Наместо вода може да ставите и чај од камилица или зелен чај доколку сакате оригинален производ. Мојот отстранувач на шминка е бел затоа што гелот за миење на лице кој го користев е кремаст, а не проѕирен и користев само деминерализирана вода. Доколку користите проѕирен гел ќе имате безбојна течност, а доколку користите чај бојата ќе зависи од самиот чај кој што сте го употребиле.

    Овој отстранувач може да го чувате на собна температура до две недели, доколку сте користеле чај, а издржува и до три доколку сте ставиле само деминерализирана вода.

    Како да го употребувате

    Земете едно памукче или дискета за отстранување на шминка, на него нанесете од мицеларната вода и убаво исчистете го лицето. За пределот околу очите, ставете ја дискетата врз окото, оставете неколку секунди додека убаво не се навлажни кожата во тој дел и нежно отстранете ја шминката. Убаво измијте со млака вода и нежен гел за миење.

    [​IMG]

    Инаку сликава со памукчето е шминката која ја извадив токму со овој производ. Количината е 100 мл. (кај мене нешто помалку 75 мл затоа што такво шишенце имав ама ги намалив дозите) токму затоа што трае до 3 недели, а верувај ми ако секојдневно вадиш шминка (од очите и лицето) ќе го потрошиш и тоа како. Важно е убаво да ги стерилизираш кутивчињата и садовите со кои работиш со врела вода или алкохол. Јас пред овој користев друг домашен отстранувач на база на масло, алое вера гел и деминерализирана вода, ама овој подобро чисти дефинитивно.
    Пробај да го направиш, па кажи како си задоволна.
    Поздрав
     
    Последна измена: 18 октомври 2015
    На Antebellum и Mishela им се допаѓа ова.