Ти благодарам @Biodevojka, моментално го имам гелот на Алверде, па ќе направам само за лице колку за проба. Ако ми се допадне - а верувам дека ќе ми се допадне, ќе се снабдам и со понежен гел, кој нема да ми ги иритира очите.
Супер, па пиши каков ефект има кај тебе. За очите што и да одбереш нека биде на база на глукозиди никако сулфати, ако во меѓувреме откријам некој друг убав гел кој е нежен ќе ти пишам. Поздрав
@Biodevojka дали може да користам Balea erfrischendes waschengel од лотус, само таков гел за миење лице имам моментално? А за алое верата , може ли да ставам директно од растение или може од оној гелот од Еси?
Да се цитирам самата во рецептот пишав две супени лажици а мислев на кафени лажички. Така да сите што ќе го правите две КАФЕНИ лажички гел за миење на лице. Се извинувам за пропустот. @Ginger^ Алое вера гелот од растението е супер уште подобро ако го имаш (најдобар), а за гелот за лице сега ќе го ѕирнам на страната на дм па ќе ти кажам. едит: го разгледав гелот за миење на лице, доколку веќе го користиш за лице и не ти прави порблеми направи го растворот како што ќе го прави мишела само за лице (за вадење на шминката од лице). За пределот околу очите јас најискрено не би го користела. Поздрав
Девојки не можам да се сетам поназад која од вас прашуваше за линијата производи la roche posay дали ја има кај нас, па да ви кажам дека денес проверив во ани фарм во капитол и ги имаат. Премногу се израдував, веднаш си ги зедов гелот за лице и кремата што ги зборевме претходно. Се надевам дека ќе бидам и јас од многуте задоволни феминки ☺️
Колку пари се кај нас? Ууууффф не можам да поверувам дека ги донеле Мислам дека ќе имаш многу позитивно искуство.
Женски јас го користев цела година тоник/млеко од Кливен (тоа во розевото пакување) и сум делумно задоволна. Мислам дека кожата ми е како презаситена од него и сакам да сменам. Инаку имам комбинирана кожа, а неодамна прочитав дека за комбинирана или масна кожа тоник не се користело туку лосион. Дали може да препорачате добар лосион од кој што сте задоволни,а воедно и млеко? п.с дали после нанесување лосионот се измива?
И јас бев пресреќна кога видов дека ги има, иначе гелот за лице беше 694 денари, а кремата за лице Effaclar Duo+ е 915 денари.
искрено мислам дека ги имаше основните продукти што најмногу им се трошат за секој тип на кожа, јас не ни гледав многу бидејќи знаев дека ги сакам овие што се за мојот тип на кожа. Меѓутоа мислам дека ќе најдеш тоа што бараш, има цела полица само за нив
@AGIrlNamedMarija кој гел за миење на лице го зема од овие два? Јас го земав тој вториот , но се уште не сум го пробала зашто чекам да ми се потроши еден друг ме интересираше дали знаеш што е разликата меѓу нив? Само милимитражата или? Пишува дека и двата се за мрсно лице
Прашав во друга тема , али никој не ми одговори. Ве молам кажете ми за дневната крема за нечиста кожа од ДМ. Ја купив пред некој ден , али не ни приметив дека е тонирана мат крема. Пишува дека е за секојдневна употреба , али ме плаши тоа што содржи боја. Не поднесувам пудра и ептен за некој битен настан ставам. Да продолжам со употреба или да најдам "нормална" крема? Тенкју
За масна кожа со акни најдобро е да не се користи сапун, туку нежно средство кое не ја суши кожата а сепак го решава проблемот. Важно е да не се суши кожата затоа што на тој начин таа повеќе лачи себум и се вртиш во круг. Тајната е да се нормализира маснотијата и да и дозволиш на кожата сама да се нормализира со некој добар нежен производ. Поздрав За која крема станува збор? Пиши за да ја видам декларацијата и кажи ми каква кожа имаш и на што точно ти реагира, односно на која состојка. Поздрав
За која крема станува збор? Пиши за да ја видам декларацијата и кажи ми каква кожа имаш и на што точно ти реагира, односно на која состојка. Поздрав[/QUOTE] Имам масна кожа и ноќната ја користев пред некое време и ми се покажа одлична , па затоа сега си купив и дневна. Очекував стандард крема без боја , али ете ако не е тешка ко пудрата ќе помине
Девојки да ми препорачате некој добар пилинг, го користев тој на Хималаја и еден на Биоре, па сакам да тестирам некој нов. И би ја прашала @Biodevojka кое масло повеќе го препорачува за комбинирана и на периоди проблематична кожа - кокосово или арганово?