Здраво за пилинг може слободно сама да си правиш нема поубаво од домашен свеж пилинг со природни состојки. Што се однесува до маслата зависи од кожата, како ќе реагира на одредено масло. Кокосовото мене лично (имам веќе напоменато многупати) ми го исчисти лицето и многу убаво ми одговара, а исто и аргановото. Едното е антибакретиско и со висока омекнувачка моќ, другото е моќен анти ејџ. Исто така добро е и јојобата кое е најкомпатибилно со кожата, па доколку можеш, еве ти препорачувам да земеш токму од јојоба. Поздрав
https://www.google.com/search?newwi...g..34.5.661.Aal6klwnH64#imgrc=nMzulK9IxKgYuM: има некој искуство со ласионот,ми го препорача еден другар па се мислам дали да го пробам
Koritsaki се извинувам што ти враќам со задоцнување, не бев во можност да седнам на нет изминативе денови. Јас го имам првиот гел, во аптеката го имаше само тој, а и на форумот беше тој постиран од друга феминка и не сакав да ризикувам. Сега ги споредувам и двата гела, и мене ми изгледаат дека се исти. Патем јас сум многу задоволна од гелот, дури и можам да кажам и позадоволна од гелот на Clinique, кожата ми е видливо измазнета, носот во животот не ми бил почист иако гелот го користам само 2 недели. Флеките што ги имам се сеуште тука, имам и некои нови акни меѓутоа за нив е сеуште рано да има резултат. Дополнително ќе известам за тоа.
Јас би ти препорачала да си земеш Young Derm крем за длабински третман на акни со масло до чајно дрво, навечер ќе го исчистиш лицето со лосион за чистење, потоа убаво ќе го измиеш со вода, ќе ставиш од кремов, а ако имаш црвенило, или бубулица, ќе си земеш крем Здраве, ќе го избришеш со чепкалка за уши местото, ако систавила Young Derm и ќе ставиш Здраве, и така ќе си преспиеш, Young Derm се користи само на местата каде што е потребно, не се нанесува на цело лице. Young Derm ќе ти ја намали мрснотијата, а и од Eucerin зелената колекција да си ја земеш мислам дека нема да згрешиш, јас ја немам пробано, но другарка ми ја има, и е задоволна, сепак зависи до твоето лице, и до кој степен ти се акните, колку години имаш..
Извини што доцнам со одговорот, мислам дека го има во сите Зегин аптеки и другите поголеми аптеки, и онлај можеш да си го порацас од овде.
Девојки, ми треба совет од вас. Никогаш не сум имала проблем со акни, дури ни во периодот на пубертет. Евентуално, може да ми се појави по некоја пред мензис. Но, последнава недела, целото лице ми е исфрлано со многу ситни гнојаничиња, особено околу устата, на брадата, помеѓу веѓите и на челото. Со еден збор, на Т-зоната, но ги има по некое и на останатие делови од лицето. Ништо од козметиката не сум сменила и не ми е јасно од што се предизвикани. Денес купив антибактериски сапун за четките( до сега со детски шампон ги миев) и темелно ке ги измијам. Но, не знам што да користам за лицево. Да ми препорачате некој препарат што не е многу агресивен за да не го иритирам и остатокот од кожата, или некој лек на природна база... Секој совет би ми бил добредојден. Инаку имам комбинирана кожа ( нормални образи и малку масен т-дел). Ви благодарам и извинете на (пре)долгиот пост.
Последниве две недели во долниот дел на образите ми излегуваат ситни бубулички, но немаат гној или нешто. Немам проблеми со бубулици освен пред циклус, имам комбинирана кожа. Ај ако може препорачајте некоја крема или нешто друго
Започнав да одам на третмани за избелување на флеките од акни кај дерматолог, ми го препорача кремот Solvis Bioclin ACNELIA Mattifying treatment M да го користам како дневен крем и под пудрата.. Веќе година се откажав од користење на било какви креми и конечно престанаа да ми се создаваат акни, па малку сум скептик да почнам пак да користам макар и што е препорачано од дерматолог, ако може некој што ја користел кремава до сега да ми кажи резултати?
Нешто што го спречува потењето на лицето ? Премногу ми се поти и мрси околу т-зоната @Mishela @Winter Lady Дали гелот за чистење на лице од бел чај ( авон ) спречува потење ?
Мене да летно вρеме не ми даваше да се потам иаκо на лето ми е неκогаш повеќе мρсно лицето инаκу имам κомбиниρана наκај сува κожа.Е сега аκо ептен многу се потиш незнам ама сеκаκо има ефеκт ти се зацвρстува лицето мат ми е.Евтин е гелот па не тњ κошта и да не ти одгоцаρа иаκо не веρувам да имаш утκа.Ич не се мисли.
Јас џабе бев на дерматолог пред два месеци,ништо од тоа што ми даде не ми одговараше и веќе дигнав раце.Скапи креми а никаков ефект.Цело лице ми е со црвени флеки и тук таму ќе ми излезе нова гнојарка.Незнам дали има врска што сум бремена па хормониве ми лудуваат и затоа ништо не ми одговара ама две недели пред да останам бремена почна да ми се прави хаос лицето и еве нема спас.
Јас малку од малку се средив во лице со некаква морска вода, ми беше донесена од странство и ништо не разбирам што пишува. Инстантно после нанесување од водата ти се сушат акните и само со нокт излегува кожичката. Сега ќе си порачам и колекција Clear Skin од авон, три производи од кои имаше еден за чистење за флеките од акни, тој ми најпотребен ама во комплет одат па трите ќе ги земам. Исто така сега ново ја користам и милцерната вода од авон, лесна структура, ниту пецка ниту има некој ефект да ти чисти пори, црнки,акни туку само го користам насабајле и навечер површно да се исчисти лицето. Задоволна сум од тоа, баш бев во потрага по некој секојдневен третман што би можела да го правам. Исто така следно на листата ми е да си купам и некој крем за хидрирање на лицето бидејки малку ми е како суво, ептен ми е променливо. Се мислам да ги земам кремите нутра ефектс(пак од авон) пробав тестерче и ми се допаѓа како ми ја прави кожата, нежни се и хидрантни со совршен мирис, плус ја матираат кожата. Еднаш неделно се трудам да и правам вака еден „погруб“ третман на кожата, експеримнтирам со некои маски од мед, банани, млеко и тие состојки. Има разлика одма. Само битно е да му посветиш доволно внимание, малце да експериментираш со креми, лосиони за да најдеш што ти одговара најмногу и после константно да си се користи тоа. Исто така со јадењето на здрава храна и вода се намалуваат акните и кожата е посјајна, научно докажано.