Колку третмани со ласер треба да се направат за да избелат флеките од акните? Јас еве веќе неколку пати со ред одам на ваков третман но резултат никаков, до сега си велам дека требаше да има некоја разлика но ништо...
А зошто не побараш тестерче од кремите? Обично дерматолозите имаат тестерчиња. Пример мене кога ми правеа третмани, ми даваа од Еуцерин кремите во малечко пакување, да видам прво дали ќе ми одговара на кожата и ќе сум задоволна. А потоа ако ми се свиѓа си ја купувам.
Ми даде дерматологот од две креми ама ниедна не ми одговараше.После тоа зимав креми на своја рака и пак ништо.Незнам дали е од хормоните ама па неможе ништо да не ми одговара,незнам само до кога ќе трае ова,зошто лицето ми се унакази од флеки о нови акни.
Незнам колку години имаш ама ако си над 20 ти препорачувам да ја земеш EVEN BRIGHTER na EUCERIN јас имав флеки од сонце и солариум,и штом нив ги снема ова со акниве сигурно ќе го среди.Јас ја користам ноќната крема
Веќе долго време можда две години не можам да се исчистам од бубуличките и црнките.Ја користам кремата и лосионот Јанг Дерм онаа за појако дејство но ништо.Обично ми се појавуваат во Т-зоната особено на челото а можда и дека ги чепкам па уште толку ми се воспалуваат.Некоја од вас да ми каже некоја поефикасна крема,лосион дури или некаков третман(домашен) со кој можам да го исчистам лицето?
Ќе ти препорачав хемиски пилинг, моментално им е на попуст во Рес Хумана (еве за оние што не знаат, а воедно има и добар дерматолог) 990 денари од 3200 ден (иако реална можеби е 2500). Меѓутоа ти си бремена, така што освен такви кремчиња/лосиони, ништо друго не ни треба да ставаш. Пробај со медицинска козметика. Гелот на Авен за регулирање на маснотиите, да ти се намали секреција на себум, можеби ти е прекумерена поради хормонални проблеми, и да ставаш некој матирачки крем. Ако ти остане лицето во иста состојба и после бременоста, можеш да направиш некој хемиски пилинг. Верувам дека ќе ти се потсреди.
Да,после бременост ако остане вакво се ќе направам што треба ама сега сум многу ограничена а и дерматолозите неможат ништо да ми дадат,ми рекоа дека џабе одам.Ќе пробувам со медицинска козметика па може нешто ќе ми упали
Откако користам малку кокосово масло на лицето, тотално ми се промени кожата, доби поразличен сјај, чистота и мекост. Го нанесувам и 3 пати на ден помалку и добив позитивен ефект и околу подочњаците и самата боја и чистота на лицето. Башка имам нормална кожа, нит сува нит мрсна, јас сум задоволна.
Здраво на сите, еве ви како може во домашни услови да го направиме познатиот чистач на лице на Lush Angels on bare skin. Поздрав Направи сам: природен чистач за лице Здраво драги мои, денес за вас имам еден навистина необичен туториал, односно како да го направите сами дома познатиот чистач за лице на Lush Angels on bare skin. За оние кои никогаш не го користеле, ова е еден вид на чистач без сапун кој убаво ја отстранува маснотијата и нечистотиите од лицето, на природна база е и прави нежен пилинг на самата кожа. Навистина е лесен да се направи во домашни услови (а и доста заштедувате), така да вреди да се обидеме. Еве ја декларацијата на оригиналниот производ на Lush: Мелени бадеми, каолин (бела глина), глицерин, етерично масло од роза, етерично масло од лаванда, цветови од лаванда. Ние во домашни услови малку ќе го промениме рецептот (со оглед на тоа што некои од состојките како на пример каолинот, етеричното масло од роза или растителниот глицерин не може да се најдат лесно кај нас, а и сакам да ви понудам производ кој сите ќе може да го направите дома), а ќе направам две варијанти една за оние кои имаат сува и чувствителна кожа и една за оние кои имаат масна кожа. Ајде да започнеме. 1. Чистач за лице за комбинирана до масна кожа - една полна супена лажица зелена глина - една ипол супена лажица мелени бадеми - една супена лажица алое вера гел - 6 капки етерично масло од лаванда - малку суви цветови од лаванда (моите беа мелени затоа не се познаваат) - малку вода од рози, термална вода или тоник за лице Во еден сад најнапред помешајте ги мелените бадеми, зелената глина и сувите светови од лаванда (сетете се да мешате со пластична или дрвена лажица поради зелената глина) и потоа додајте го алое вера гелот. Во смесата додадете малку ружина вода, термална вода или тоник за лице (навистина малку прснете еднаш па ако е потребно уште еднаш затоа што треба да добиете густа смеса). Додадете го етеричното масло и убаво промешајте. Зошто ги одбрав овие состојки: алое вера гелот го одбрав како алтернатива на глицеринот затоа штое многу понежен за кожата, омекнува и спречува иритации, а и полесно може да се најде од глицеринот (јас барав растителен глицерин во Скопје и не најдов никаде, во ниедна аптека). Зелената глина е како замена за белата со оглед на тоа што во Македонија не успеав никаде да ја најдам, а етеричното масло од рози ретко се наоѓа кај нас и има екстремно висока цена. 2. Чистач за лице за сува и чувствителна кожа - една полна супена лажица нишесте или брашно од ориз - една ипол супена лажица. мелени бадеми - една супена лажица алое вера гел - 6 капки етерично масло од лаванда - суви цветови од лаванда - маслку вода од рози, термална вода или тоник за лице Постапката е иста како за чистачот бр. 1. Овде зелената глина ја заменивме со нишесте или доколку имате брашно од ориз уште поубаво, затоа што е поблаго за кожата. Како да го употребуваме? Откако ќе го направите ставете го во една тегличка или кутивче. Наутро или навечер кога ќе го миете лицето, наместо класичното средство за миење, земете мал дел од оваа смеса на раката. Додајте малку вода за да направите еден вид на кремаста смеса и нанесете ја со благи кружни движења на навлажнето лице. Убаво измијте со млака вода. Колку трае и како да го чуваме? Овој производ со оглед на тоа што е природен и без конзерванси, најдобро е да го чувате во фрижидер и ќе ви трае околу 10 дена (најмногу до две недели). Тоа на Lush е исто така без конзерванси, но трае подолго затоа што има глицерин кој ја впива водата и го прави производот потраен, а ние ставивме алое вера гел кој е водест и може да доведе до расипување. Затоа и дозите кои ви ги предложив се мали и доволни за овој временски период. Се надевам дека и оваа статија ви се допадна. Голем поздрав Вики
И мене исто ми го исчисти лицето кокосовото масло. Одлично е!!! Се гледа дека на нашиот тип на кожа ни прија. Поздрав
Биодевојка сепак ќе ти се заблагодарам јавно за препораките и несебичните одговори кои ги даваш, многу ми помогнаа твоите совети и препораки, кокосовото масло почнав да го користам при многу намени а неговите благодети веднаш ми го покажаа резултатот, затоа ќе препорачам на сите кои имаат сува или нормална кожа да пробат да го користат, нема да зажалат.
Дали некој знае во која аптека го има овој хлорамфеникол Спојлер: Chloramphenicol јас го барав во зегин ама ми кажаа бил сменет и ми го дадоа овој: Спојлер: Sensilis lotion Само што не ми се верува дека е тој затоа што мислам дека беа различна фирма а и плус овој има алкохол а тој мислам немаше
Ова е прекрасно, Биодевојка. Го пробав уште денес чистачот за комбинирана и масна кожа, малку го држев на лице како маска, но кратко. Како за прво користење баш ми се допадна. Пофалби и за средството за отстранување шминка, го направив и него, не можев да одолеам.
Благодарам драга Мишела баш се радувам и многу ми е мило што ти се допаднаа. И јас си го користам отстранувачот за шминка и екстра ми е, а чистачов веќе го завршив треба нов да си направам
sum slusnala deka kolekcijata nive visage young e mnogu dobra, no kaj nas nikade gi nemam videno.Sakam da si ja kupam cela kolekcija (tonik, gel, stik, dnevna, nokna krema i toa za piling. Mozwe li nekoj da mi kaze kade mozam da gi najdam i koja cena se od prilika? Fala odnapred
sega vo momentov ja koristam kolekcijata Balea young i ne sum bas zaadovolna,uste poveke mi se isipuva liceto
После многу користени производи од Орифлејм, Нивеа, Гарниер итн. се решив да одам на кожно. Бидејќи имам ептен мрсна кожа ми препорачаа гел за миење лице од Еуцерин , и Леа лосион и гел за на акните. Во меѓувреме пиев и апчиња, само им го заборавив името. Моментално лицето ми е делумно исчистено, флеки ми се останати од предходно па уште нив да ги снема. Така да најдобро е да одите на кожно, ќе ви кажат што е најдобро да користите. Затоа што одредени производи кај некој делуваат а кај некој не
^ Некогаш и дерматологот може да ти ја утне кремата па џабе фрлени парите.Јас бев на кожно и ми даде две креми кои не ми одговараат и крема за акните која ја нема во ниедна аптека така да и докторите идат на проба.Муабетот на докторката беше еве препорака од две креми ако не ти одговара едната земи пробај ја другата а тоа нели можеме и ние сами во аптека за на крај ниту една да не ми одговара.Плус јас лично имам искуство што незнаеја да ми одредат тип на кожа,јас имам комбинирана а они ме водеа како да имам мрсно лице,страшно.А сите кожни лекари реално даваат скапа козметика како Биодерма,Еуцерин и други скапи козметики кои не му одговараат на секое лице.Можеби ти си имала среќа па одма ти ја погодиле козметиката ама не е кај сите исто,зборам од искуство.
Е можеби. Можда во случајов на среќа ми се погодило, затоа што досега се имав пробано.. А моментално лицето како ти е? Го исчисти ли со нешто ?