Форумџика на годината

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.327
    Пол:
    Женски
    Сигурно ти се погодило и си имала огромна среќа.Мене флеките ми се доста избледени а нови акни ми искачаат чат,пат ама не е така страшно ко што беше.Ама си земав на своја рака гел за миење лице од Балеа и само со него,друго ништо не ми одговара.И мака мачам да најдам крема соодветна за лице,до сега ништо не ми упали.
     
    На Lovy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    487
    Пол:
    Женски
    Пробајте ги од Балеа кремите за нечиста кожа , мене ми одговараат и нови акни ретко ми излагаат.
     
  3. NESKAFE25

    NESKAFE25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Го користев Vichy-normadem гелот за миење лице,наутро и навечер,темелно го чисти лицето,нема потреба од лосион и воопшто не ми ја мрсеше кожата а и тенот ми се изедначи, најверотно и затоа што го користев и кремот Vichy-normaderm за неправилности,намалување на порите,црвенилото.Наменет е за мрсна кожа и за неправилности.Некни ќе го земав пак, ама го начекав Aven за мрсна кожа намален беше заедно со еден крем и го зедов него (уште тој не ми беше пробан :) ) сега за овие 3-4 дена добар е.Инаку задоволна од Vichy,вреди за парите.
     
  4. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.576
    Допаѓања:
    97.506
    Дојдов да пофалам една крема која лично мене ми е откритие, не листав назад можеби веќе некој некаде ја спомнал, но секако не е штета пак да се спомене. Станува збор за Пантексол медицинска крема.

    0_0030_pantexol_krema.jpg

    Јас имав некоја алергија на очните капаци, па покрај маста за делот околу очите, лекарот ми ја препиша и кремава да ја аплицирам на цело лице, за да биде отстранет било каков сомнеж дека можеби тоа на очите е од крема/козметика која ја користам за лице. Иако имам чисто лице, мене ефектот само после неколку нанесувања ме воодушеви. Сите црвенила кои ги имав тука таму од промената на времето исчезнаа, кожата ми е глатка и мека, прекрасна стварно.
    Чини 145ден, кој сака нека ја набави и проба, штета не би имал во никој случај. Јас сум на мисла дали да ја користам постојано, до толку ми остави позитивен впечаток.
     
  5. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    1.969
    Јас сметам дека кремава не е за секојдневна и долгорочна употреба. Нејзината цел е да ја обнови и заштити сувата и оштетената кожа како и да спречи иритации. Ја има во облик на крема, лосион и масло и мислам дека најдобри резултати би дала доколку се користи во одредени моменти кога има иритација на кожата, во делови каде што е многу суво и има црвенило отколку да се користи како замена за ноќен/дневен крем што сметам дека има многу добри варијанти од што може да се избира, а кремава мислам дека не е за секојдневна намена.
    И дали може да ми кажете помеѓу Bioten и Cera di Cupra млеката за чистење лице, кое е подобро?
     
    На mimi**** му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.576
    Допаѓања:
    97.506
    Во ред, јас само споделив искуство а и информација која ми ја даде дерматологот дека може да се користи и за таква намена. Во секој случај, за црвенила и иритации би било добро да се има при рака. Инаку да, ја има во тие три форми, јас зборував за кремата, си пишува на опаковката.
     
  7. princess92

    princess92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Деликатен сапун эбогатен со алое вера и билни екстракти,природна комбинација има посебна ефикасност на елиминирање на акни и моэолчиња. Исто така одржува природна рамнотежа на маслото во вашата кожа. Цена 199 ден.
     
  8. princess92

    princess92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Snake creаm "Змијски крем"
    -Уникатен крем кој ги намалува проблемите на кожата на лицето од типот на мозолчиња, акни и брчки. Овој крем го штити вашето лице од бактерии кои предизвикуваат оштетување на кожата. Екстрактите од масло и витаминот Е ја избелуваат вашата кожа ја прават помека и нахранета. Цена 370 ден
     
  9. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Имам ептен тенка кожа и подкожни бубулици и црнки. На козметичар ми кажаа повеќе Б витамин на примам. Најдов рецепт за домашна маска, квасец и мед. Ваши искуства?
     
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.249
    Допаѓања:
    56.994
    Пол:
    Женски
    Слободно ставај таква маска, многу го измазнува лицето.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    @Papillon.Papi А каков квасец? И јас да пробам ^_^
     
  12. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Обичен. Ја испробав маската пред малку и делува. (y)(y)(y)
     
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.249
    Допаѓања:
    56.994
    Пол:
    Женски
    Загреј го малку медот, околу една лажица. Стави малку квасец внатре (ако имаш сув, врши работа за да не отвораш цела коцка за малку). Измешај и стави на лице, остави 15-20 минути. Може да додадеш и алое вера гел внатре. Бидејќи медот е растопен, ќе тече по лицето... затоа стави си некоја крпа околу косата и под глава кога ќе легнеш.

    Гледај да биде чист, природен мед. Еднаш правев пилинг со несигурен мед од продавница и ми се воспали лицето. :(

    Не знам каков рецеот најде @Papillon.Papi, може да го пишеш твојот. :) Загреваше или не?

    Eдит: за загревањето - не директно на оган. Стопли вода во поголем сад, медот стави го во мала метална чаша или ѓезве, нешто такво, па стави го малиот сад во големиот со вода. Треба само да се замлачи и да се растопи за лесно да го мачкаш, а од топлото и квасецот се активира.
     
  14. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Не загревав. Само измешав мед (чист, домашен) и квасец. Толку. :D
     
  15. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Јас секоја недела обично пред да влезам да се бањам ставам мед само на лицето и од пареата се топи и се масирам така, многу меко станува лицето. Не сум знаела за квасец, ама еве денес ќе пробам и така. Инаку најубаво ќе ти биде да си купиш природен мед, не од продавница. Мене баба ми ми го купува од некој човек, ама има и тука низ Скопјево (ако си од ск) гледам луѓе имаат закачено натписи на оградите дека продаваат природен.
     
  16. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Пареа на лице 2,3 пати во неделата со чај од камилица, маска од глина 2 пати во неделата, вадење шминка со сапунче dove,крема на bioderma -cicabio за регенерација (пред спиење) и соодветна пудра во зависност од кожата! Ова од искуство зошто нема што се немам купено,од третман,до дерматолог,козметичар ,уште бајач што не пробав! :D Патем проверете си јајници,хормони и сл
     
  17. buttercup5

    buttercup5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    1.240
    Пол:
    Женски
    Девојки ќе може ли некоја да ми каже искуство со хемискиот пилинг (по можност каде и по која цена). Имам 20 години и лузни од акни, бев на дерматолог минатата недела и сакам да почнам со третмани, но најпрво сакам да ги слушнам вашите искуства :)
     
  18. Milica Chelsea

    Milica Chelsea Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2015
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Девојки дали да очекувам почисто лице ако не употребувам 5-6 дена шминка, има некоја искуство?
     
  19. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Дека ќе ти се исчисти нешо -нема мн, чисто ќе го одмориш,сјај да му се врати .
     
  20. Aries.n

    Aries.n Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Јас истиот проблем го имам...долго време се мислев каде да одам и решив да одам кај др анчевски..бев пред една недела..лицето вејке ми се излупи и супер е пак треба да одам за 4 недели..инаку цената ти е 3000 ден..а преглед 600 ден ако сакаш одма да започнеш со третман..за преглед нема да платиш.За време на третманот чуствуваш печење болка...ама вреди..па ке видам понатаму како ке биде...сепак само еднаш бев до сега..ама одма се познава разлика..
     
    Последна измена: 20 ноември 2015
    На buttercup5 и Iggy.A им се допаѓа ова.