Да имаш црвенило три дена ке ти даде една крема 800 ден(кремата скапа е ама ке имаш и за наредните третмани) и се мачкаш по два пати на ден се до третиот ден после тоа користиш креми за чистење одржување на лицето да не ти испаѓаат акни..мене ми даде на јанг дерм трет ден ги користам вејќе..и ако нешо испаѓаш на сонце ке ти даде тестер крема со заштитен фактор на еуцерин(ке немаш потреба тоа да го купуваш) А за пудра можеш да користиш со заштитен фактор ама кога ќе почнеш да се лупиш нез(мислам дека не би изгледало убаво бидејќи се лупиш,а корузите не треба да ги тегнеш)...јас не испаѓав од дома ич чекав убаво да ми се излупи кожата..
Фала ти,баш доврши ги третманите и кажи ми. Јас бев еднаш кај него, за изгореници од сонце и не ми помогна нишо. Сакав на ласер,зошто сеа немам проблеми ,пуппупу ама лузнички имам и никој не верува дека го немав допрено лицево,ме напаѓаат као чепкаш ете ти
Нишоо ќе ти кажам се надевам дека мене ке ми помогне ја со акни( сега имам мн белези и некоја акна) имам проблем од 6 одд а сеа имам 19 години па ќе видиме ќе те известам
Девојки да знаете, Биодерма има во Зегин. Ја забележав колекцијата за чувствителна кожа зашто таа ме интересира, ама имаше и од зелените. Знам дека девојките што не се од Скопје не можеа да ги најдат производите, па можеби ќе ви користи информацијата.
Епа вака девојки,дојдов на темава да го споделам моето искуство. Во пубертет немав акни на чело никогаш, само на нос и под очи неколку, со тек на време изчезнаа. Но останаа како пори. Со тек на време почна и на образи а најмногу околу уста во период на псм. Ајде да речам некогаш може и два пати месечно да се изнафрлам.Најчесно едно мозулче ќе се смири па друго после 1 ден ќе се појави. Порано се секавам користев хлорамфеникол лосион, немаше некој ефект wow и ми се појавија доста црнки.После се префрлив на клиндацин од овој лосион ми се смири ама ми останаа лузни од неколку мозулчиња. Ми се смачи нон стоп да се гледам како едно спласнува а одма друго се појавува. Кога појдов на лекар ми кажаа влажни марамици и лосиони НИКАКО. Ми препорачаа виши пилинг. Само пилингот пошо кожава не ми беше ептен со акни само на образи 1-2 и околу уста. Овој пилинг многу ми е адресивен за мојава кожа не го ни потрошив го оставив. Летово немав некој проблем со мозулчиња. Но во месец сеп во псм пак се нафрлав.Се вратив на лекар и ми кажаа дека со тек на време ќе исчезнат, дека лицево не ми е страшно како што мислам.И како резервна верзија ми кажаа да купам миробакт. Сама си направив терапија го купив гелот од балеа Спојлер и крем за лице Спојлер два пати на ден и пред спиење ставам Спојлер а некогаш и Спојлер . Лицево ми е кристал во пмс не се нафрлувам како порано. Ако ми излезе едно мозулче од гелот ( миробакт) ставам и вечерта го нема. Конечно сум задоволна од мојата кожа.Уште да ги решам порите ми остана.
Бев денес во Зегин и Еурофарм и го немаа Микробакт. Во Зегин видоа и за во другите нивни аптеки и пишуваше 0 :/ Знаете во која конкретно аптека може да се најде?
Се согласувам со мислењето на феминката погоре - и од мое искуство кога сменив начин на исхрана за месец дена лицето ми се исчисти како никогаш до сега. Многу течности , овошје и зеленчук, а прженици, сокови, леб, бел шеќер и сл. такви ствари ги исфрлив на цело . Друго, аКо сте во пубертет не го мачете лицето со се и сешто нема да ви помине - таков е периодот, кога ќе заврши само од себе ќе ви се среди ( и ова од мое искуство исто ). Позз
Прочитав искуства за Effaclar Duo крема и уште некои производи на Effaclar што пишувале девојки од Хрватска,имаше и слики од пред и потоа лицето од катастрофа за 3 месеци и било преубаво.Не знам дали има такви производи кај нас?
Козметика на La Roche Posay имаш во аптеката Анни фарм- Капитол мол (а мислам и во нас. Хром исто така).
Ти благодарам Ариес, јас сепак се консултирав со друг дерматолог и веќе наптавив еден третман до дермапен и сега чекам резултати
дали некој ја има користено оваа мицерална вода ?јас за прв пат купувам вакво нешто и се надевам ке има некој резултат
А каков резултат очекуваш ти? Ако мислиш дека помага за акни нема врска... Јас ја користам таман ми е за парите си брка работа ми ја вади шминката бидејќи влажни марамчиња повеќе не користам