Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.880
    Допаѓања:
    5.216
    Пол:
    Женски
    потврдувам за производот од лево, го купив по препорака од аптекарката и за некое чудо ми помага. :D
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Благодарам, ќе споделам впечатоци по неколку недели :) Поради осетливата кожа се трудам да избегнувам купечки креми, маслово ми се чини како едноставно а ефикасно решение.
     
  3. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Користи го само на пределот околу очите каде кожата е многу почувствителна. Пиши импресии.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sweet-mia

    Sweet-mia Нов член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ke probam..a go ima vo site apteki losionov ili..:)
     
  5. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    986
    Допаѓања:
    19.683
    Пол:
    Женски
    Препорака за добро средство за чистење лице?
    Имам мрсна кожа,склона кон создавање акни и црнки, и по некоја флека од нивно стискање...Го чистам лицето секој ден со Sensilis, но не приметувам ефекти... :/
     
  6. young.lady

    young.lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Сенсилис многу го суши лицето бидејќи во него има алкохол и не е препорачано да се користи многу често.Пример можеш да го користиш една недела,па 2-3 дена да престанеш и потоа пак.Ги суши акните,но ако имаш флеки тие остануваат не помага за флеки.И извини што јас ти одговарам,но го има во сите аптеки и во космо го има.:)
     
  7. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.679
    Допаѓања:
    2.158
    Пол:
    Женски
    Феминки, имам едно прашање. Во некој период (најмногу есен и зима) на делови од лицето (и на десната страна од чеканката под усните) ми се појавуваат едни црвени точки и некогаш се поизразито црвени, некогаш побледи, но постојано се тука. Не се многу нападни, скоро лесно ги покривам со пудра но се прашувам од што би можело тоа да биди. Дали да направам некој алерго-тест или не знам...престанав да употребувам одредна козметика но како да нема подобрување. Можеби е до исхраната, појма немам. Дали имате некое искуство со ова, некој крем за лице или слично (некој третман)? Понекогаш им ставам од онаа кремана ЗДРАВЕ ама некако не се чисстат целосно. Некој предлог?:?::)
     
  8. ton4ica

    ton4ica Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    172
    Пол:
    Женски
    Девојки постои нешто за избелување на флеки од акни? Ми се појавија на вратот, сега акните се повлечени ама флеките мора да ги покривам со пудра
     
  9. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Веројатно имаш осетлива кожа која реагира на температурни промени. Да не нагаѓам на памет за тебе, еве за мене ќе кажам. Имам комбинирана/масна но осетлива кожа која реагира на температурни промени, како и на одредени производи (со алкохол, салицилна коселина.) Се јавува црвенило на образите и носот, понекогаш и баш како точки/пликчиња кои знаат и да печат или чешаат. Кај мене се утврди розацеа, ама слични симптоми дава и контактен дерматитис, алергиски дерматитис, лупус, себореја итн. Затоа ти велам, најдобро е да си испиташ кај дерматолог (не козметичар!) кој ќе види за што точно се работи и ќе ти препорача соодветна нега и козметика.
     
    Последна измена: 13 јануари 2016
    На lavinija28 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    [​IMG]

    Гел за чистење, пилинг и маска. Имаше само за нормална до масна кожа.

    Од кремата на Афродита сум презадоволна, а и меѓудругото се користи и како подлога за шминка, имам пишувано за неа во соодветната тема.
    А, од еден производ доколку сум задоволна, сметам дека целата колекција би ми одговарала. Но, овој пат погрешив.

    Масна т - зона, а останатиот дел нормален. Решив да му дадам шанса на гелов, но се` уште си ги жалам парите. Не е многу скап, околу 280 ден. го зедов.

    Т - зоната како што ми беше масна, после миење уште толку ми се влошуваше.
    Иначе има доста пријатен мирис и има гранули низ, што дополнително ми се допадна текстурата. Му дадов шанса, бидејќи е благ гел, за шминка вадење, па ниту за тоа не го бива. (facepalm)

    [​IMG]

    На производите од нивеа, освен млеко за тело и гел за туширање, им немам дадено шанса. Преценет ми е брендот, а всушност нема некој бенефит од истиот.

    Но, кризен момент, мојот гел го немаше, па втора шанса гелот за секојдневна употреба, плус збогатен со витамин Е.

    После миење, лицето како ботокос да му имам ставено. Затегнато, т - зоната ми се лупи, ниту тоник, ниту мрсна крема, не успева да се справи со ова чудо.

    И неговото височество, што дефинитивно му нема замена :
    [​IMG]

    На природна база, а и во комбинација со тоникот од истата линија им нема замена.
    Имам и за него пишувано во темава, да не се повторувам.
     
  11. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, во последниов месец дена експериментирав со еден навистина интересен третман за лице со етерични масла кој кај мене даде екстра резултати. Еве ви copy paste на статијата доколку сакате да го пробате третманот и да разберете за што станува збор. Поздрав.

    Домашен третман за чиста кожа со етерични масла

    [​IMG]

    Здраво на сите

    веќе сите знаеме дека етеричните масла може да бидат од огромна корист за кожа со проблематики како проширени пори, акни, митесери итн. Во една статија веќе говорев за етеричните масла кои се најприкладни за овие неправилности кај кожата и ви кажав на кој начин може да ги употребуваме (http://biodevojka.blogspot.mk/2015/08/blog-post_16.html). Затоа денес ќе ви предложам еден супер ефикасен домашен третман кој има фантастично дејство врз кожата. Станува збор за треман со етерични масла на пареа.

    Како функционира третманот?

    Јас обично досега само го парев лицето над тенџерето со вода во кое ставав свежи или суви билки или пак етерични масла. Целта на ова е да етеричните масла со помош на пареата допрат до кожата кога порите се отворени со цел таа да има поголеми бенефиции од истите. Во последниов месец дена експериментирав со малку поинаков начин на користење на етеричните масла и тоа директно на кожата (не чисти директно на кожата, туку претходно разредени во базно масло) и верувајте ми ефектот е многу подобар. Третманов кој ќе ви го предложам јас лично го правев еднаш неделно користејќи два вида на етерични масла. Еве за што станува збор.

    Најнапред лицето го чистев од шминката, го миев и правев благ пилинг. На тој начин кожата е подготвена за третманот на пареа. Земав една кафена лажичка арганово масло (вие може да употребите бадемово, јојоба, арган, кокосово...она што го имате дома) и капнував една капка етерично масло. Смесата ја нанесував на лицето со благи и нежни движења и започнував со третманот на парење. Времетраењето на третманот треба да биде 5 мин.(не повеќе, затоа што 5 мин. се сосема доволни) со повремена блага масажа на лицето. По истекот на времето лицето го миев со млака вода и нанесував маска од зелена глина и чоколадо (може да нанесете маска која најмногу ви одговара, уште подобро доколку е природна).

    [​IMG]

    Кои етерични масла ги користев за овој третман и какви резултати видов?

    Јас лично направив обид со две етерични масла кои дадоа фантастични резултати особено кај црнките на лицето и проширените пори, а тоа се етеричното масло од жалфија и чајно дрво. Два третмани направив со жалфија, а другите два со чајно дрво. Во една кафена лажичка арганово масло капнував една капка етерично масло од жалфија (во првите две недели а во вторите жалфијата ја заменив со чајно дрво) и со него го намачкав лицето пред да го изложам истото на пареа. Од време на време во текот на петте минути под пешкирот правев блага масажа на лицето со маслото. Забележав подобрување на лицето од аспект на прошиени пори на лицето и секако кожата беше навистина многу чиста и мазна по самиот третман. Од недела во недела бројот на црнките беше многу помал (ги имаме сите да не се лажеме). Со самата пареа од тенџерето етеричните масла кои овојпат се на кожата а не во тенџерето одлично навлегуваат во самата кожа и си го прават своето.

    [​IMG]

    Доколку ги немате овие етерични масла секако може да пробате етерично масло од лаванда, лимон или рузмарин кои исто така се одлични.
    Се надевам дека ви се допадна статијата и доколку се одлучите да го направите овој третман секако сетете се да пишете ваши импресии под самиот текст.

    Поздрав и до скоро читање
    Вики
     
    На Avery, lavinija28, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Ицолгудбејбе

    Ицолгудбејбе Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2015
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.145
    Пол:
    Женски
    Хормонска терапија е спасот...мене цело чело ми беше нафрлано со години спасот го најдов во таблети што ми ги препиша дерматолог..За среќа до ден денеска има "стакло" чисто лице кое ми се нема никогаш после тоа нафрлано.А и кожата и косата повеке не ми се мрсат..
    И мој совет не купувајте скапи креми за лице кои се само губење на.време и пари.(еуцирин и други такви безвезални креми)Поздрав
     
  13. AutumnGirl

    AutumnGirl Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2016
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Јас имав проблем со нечисто лице и до ден денес сеуште имам но не како порано фала му на господ, јас едно ќе ви речам најдоброто нешто што можите да го направите е да го најдите соодветниот лекар тој најдобро ќе открие за каков проблем станува збор, а на ваша рака ништо да не употребувате. Употребував се и сешто но не правилно, сега сум многу задоволна и се надевам дека ќе имам уште подобри резултати.
    Исто така важна улога игра храната како на пример:
    1. Благото освен црното чоколадо
    2. Пржена храна
    3. Мајонез
    4. Млечни продукти (зденки, кашкавал, сирење, јогурт, разни намази и млеко)
     
  14. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.880
    Допаѓања:
    5.216
    Пол:
    Женски
    Има ли некое од овие кај нас и каде? И цена отрпилика ако знаете. :)


    [​IMG] [​IMG]
     
  15. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Zenski dali od micelarnata voda na Balea vi se pravele mali crveni mozolcinja. Se nasminkav i po nekolku casa od koga ja izvadiv sminkata so ovaa micelarna voda zaprimetiv deka kozata mi e povtorno so mozolcinja, pred da se nasminkam ok mi bese. Sto mislite od sto e od vodata ili sminkata ? :(
     
  16. babyane18

    babyane18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    462
    Пол:
    Женски
    Од водата сигурно и јас за прв пат сега ја користам таа вода од Ваlea розевата(со розево капаче) 2 пати ја употребив и цело лице ми се нафрли со акни ама буквално цело и тоа големи акни и сега незнам лек како да им најдам :sweat:
     
  17. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Јас ставам гел со клиндамицин и камилица од Леа и Јанг дерм крем за мозолчиња од алкалоид... да не знае човек што да купи веќе за отстранување шминка :(
     
    На babyane18 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. А18А15

    А18А15 Нов член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2016
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    И јас имам акни на челото...дали пастата за заби делува?
     
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Не.
     
  20. Valencia

    Valencia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    Имам 15год. и маки мачам со бубулициве... дали вреди да се проба кремата на Јанг Дерм? Или пак ако може препорачајте ми некоја. :)