Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. One.Moment

    One.Moment Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    3.545
    Пол:
    Женски
    Тие капките од чајното дрво го има по маркети или аптеки? И колку чини од прилика? :)
     
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Искрено мислам дека не може да се исчистат мозолчињата со креми, лосиони и гелови. Бидејќи се прават од внатре кон надвор, единствен начин е да се пие некој лек за нив. За тие што си имаат проблем со хормони, хормонска терапија, ама ние другите што патиме од нерви и стрес, што да пиеме ?! Се мислам да одам во аптека и да си купам цинк :)
     
  3. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.366
    Пол:
    Женски
    Го има во аптеки и се користи долго време затоа што се става по неколку капки од него . Јас го имам ова на ЕСИ, затоа што Биодевојка го има препорачано. Цената му е до кај 200 денари мислам. Tea-tree-25-ml1.jpg
     
    На Biodevojka, LollySky и One.Moment им се допаѓа ова.
  4. b.o.n.i

    b.o.n.i Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    1.155
    Фала ти Маринелче.
    Да, го видов производов, во каталогот нa орифлејм е, и што е добро овој месец е намален. Некој го има користено да сподели искуство дали е добар?
    Друго, тие поупатените, а верувам овде има и мн консултанти на орифлејм, да ми објаснат, дали можам некако без некој консултант да отидам и да си го земам производот директно од кај нив, или да си го порачам онлајн без да сум зачленета? не можам да чекам и се бафтам со порачки преку трет човек, па да го чекам тој да направи доволно за една порачка..и така, ме сфаќате :)
    tnx in advance
     
  5. Marinelce92

    Marinelce92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    16
    @Biodevojka те молам ако можеш да ми препорачаш нешто за проширени пори на лицето, многу ќе ти бидам благодарна :) :*
     
  6. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, што точно те интересира, крем, маска, тоник, домашно направено, производи во продажба итн? Поздрав.
     
  7. Marinelce92

    Marinelce92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    16
    @Biodevojka ги видов домашните рецепти на твојот блог за пори и секако ќе ги испробам во најбрзо време :inlove: , но сакам и да купам некој производ, ја имав еднаш купено ноќната крема на Виши Нормадерм, меѓутоа кај мене никакви резултати не покажа, инаку незнам, крем маска тоник било што.. што веќе се покажало како ефикасно :)
     
  8. young.lady

    young.lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Имам акни и флеки на лицето.Користев еден сапун 2-3 дена и лицето ми е катастрофа,образите ми де ептен суви како кора некоја да имам,а Т-зоната мрсна.Веќе 2-3 дена го мијам само со вода и не ставам ништо ама не изгледа ич убаво;(што да ставам за да си ја вратам нормалната кожа на образите?:sweat:
     
  9. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Извини ако се вмешувам, и јас имам проблем со проширени пори па ќе споделам мое искуство. Најефикасно ми се покажа редовно ексфолирање (2-3 пати неделно), и маска од зелена глина. Ексфолирањето е битно за да се отстранат мртвите клетки кои ги прошируваат порите, а и за да не се затнат порите( со мртви клетки,себум) што може да предизвика акни/комедони, а маската од зелена глина е исто многу ефикасна, го мазни и чисти лицето, го собира вишокот маснотија и визуелно ги собира порите. Зелена глина има по аптеки, маркети, има на кутијата упатство како се користи.
    Ако не бараш стриктно козметика на природна база, Garnier Pure Active Pore Unclogging Wash е многу добар гел за миење лице што ексфолира и ги минимизира порите.
     
    На blueberry93 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, не сум те заборавила. Веќе имам идеја што да ти препорачам, меѓутоа остави ми неколку дена затоа што сакам да разгледам уште нешто пред да ти предложам производи. Кажи ми само до која цена да гледам. Поздрав.
    Здраво драга, има сапуни и сапуни, има природни со убаво избалансирани масла, потоа има агресивни и секако има и синдет (syndet). Не знам каков сапун си користела меѓутоа се гледа дека ја суши кожата. Масната кожа спротивно на она што се верува не треба да се суши или обезмастува (со агресивни состојки или алкохол) затоа што таа уште повеќе ќе лачи себум, а деловите кои се и онака природно суви стануваат уште посуви. Доколку сакаш сапун ти советувам да ја прочиташ статијата која ја објавив за сапуни (може да ја најдеш и во секцијата декларации на производи овде на форумов или пак на мојот блог), или пак да одбереш благо средство кое ќе измива без претерано да обезмастува. За било што пиши. Поздрав.
     
    Последна измена: 9 февруари 2016
  11. Marinelce92

    Marinelce92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    16
    @LollySky фала ти многу, само проблемот е што јас имам сува кожа што не оди заедно со пори..чудно нешто, а знам дека зелената глина не е наменета за сува кожа. @Biodevojka може нешто до 700 ден + -
     
  12. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга еве ме. Како измивање ти го препорачувам гелот за измивање со лековита кал на алверде. Баш денес бев да побарам нешто за тебе и ми текна на овој гел кој не суши, а сепак чисти. Сестра ми го имаше и јас и го пробав наколкупати,и мора да кажам дека е добар. Пробај го. Цената му е околу 250 денари. Гледајки ги шминките на алверде за среќа забележав и една мала тубичка со производ на кој пишува pore minimizer. Се става само на местата каде имаш проширени пори, Како состав го разгледав и добар е. Цената му беше некаде околу 190. За остатокот од лицето каде ти е сува кожата може да користиш некое масло (на благо навлажнета кожа) или еве на пример кремот за лице на алодермал кој мене лично многу ми се доапаѓа и чини 460 денари. Сето ова ќе дојде нешто повеќе од 700 денари, ама еве тоа е најекономично што можев да најдам. Поздрав.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Marinelce92

    Marinelce92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    16
    @Biodevojka ти благодарам за исцрпниот одговор, ти си едно големо срце!! :sun:
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Да си купиш мене ми препорачаја шумливи таблети со цинк, пробај сигурно не се повеќе од 100 денари.
    Инаку да ви кажам јас прекинав да јадам мајонез, кечап, се од брза храна, благо не дека не јадам, ама по малце, леб ич, газирани сокови воопшто, и имам многу големо подобрување, лосиони реков дека повеќе не ставам, ја сменав сосем исхраната, и далеку ми е подобро, и со слабеењето и со лицето ептен ми е почисто :)
     
    На pupi.girl и LittlePinky им се допаѓа ова.
  15. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.838
    Акни, поточно бубулици имам отприлика 12 години и сум пробувала најразлични препарати, како хемиски така и природни што дури и се имам мачкано со листови од едно цвеќе(facepalm). И ништо не ми помогна, на периоди се губеа, но пак се појавуваат на крај. Освен ако не се хормонски тогаш препорака од мене ви е да смените исхрана, поточно барем пробајте да се ориентирате кон веганска храна, секој може да проба најмалку 1-2 недели без производи од животни, а како најголем проблем е млекото. Ако неможете тогаш барем јадете повеќе цитрусни овошја полни со антиоксиданти. Да кажам веќе има месец како го пробав ова и не ми се тргнати целосно ама има мноогу разлика(ги немам тие сочните полни мозолчиња), а и тенот ми е осветлен и почист.
     
    На Mishela и LollySky им се допаѓа ова.
  16. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Дали може да се употребува лосион хлоракол за за чистење на лицето навечер, а одма другиот ден бекутан крем со цинков оксид да се нанесеува на лицето? Ај кажете ми дали некој од вас имал вакво или слично искуство и со кои производи во комбинација оди хлоракол лосион за лице?? Може ли против акни да се употребува бб крема и од кој производител??
     
  17. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.673
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски
    Здраво. Дали некоја го има користено кремот за акни INDOXYL(Индоксил)?

    На моја пријателка и помогнал за 3-4 дена..

    indoxyl_gel_peroxido_de_benzoilo_clindamicina-_facial_y_corporal.png
     
  18. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Не знам за друго ама јас во оваа прилика ќе го испофалам оној бугарскиот крем Здраве... Значи за првпат во живот го средив лицето, а имам пробано се и сешто (Garnier, Green Line, Alverde, Balea, Clean&Clear, Lea, Oriflame итн.) Лекот бил пет пари.
    Комбинацијата што ја користам е маска од зелена глина еднаш неделно, а секој ден чистење на лице со мицеларна вода Garnier и Здраве. Тенот ми е ептен свеж, блескав, а проширените пори, црнките и акните се средија.
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  19. s&s

    s&s Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2015
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Од кај го купуваш драга и која цена? :)
     
  20. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.626
    Допаѓања:
    13.307
    Пол:
    Женски
    Го има во сите маркети ДМ, Тинекс, Веро, маалски продавнички.. Цената мислам дека му е 50-60 денари. Последен пат во ДМ на акција беше 55 денари. :)
     
    На LollySky и s&s им се допаѓа ова.