Јас имам природно чисто лице(освен пеги што си имам по малце и посебно на лето). Не сум имала никакви проблеми никогаш, единствено што ме нервира се црнките околу носот. Дали има кај нас онакви лепенки што се лепат таму за вадење на црнките? Вие што користите?
Мој совет е до најчисто лице кога ќе станете од спиење сабајле да си го намачкате лицето со ракија малку да натопите на памукче или крпче
Ima lenticki na nivea za vadenje na crnkite na nosot,mislam deka edna bese okolu 60den,se prodavaat posebno ne mora da kupuvas celo pakovanje,jas gi zemam od zegin
Мислам дека не одговараат, особено ако кожата ти е склона на акни. Бекутанот е мрсен и ги затвара порите. Бидејќи хлораколот ја суши кожата, треба потоа да се нанесе лесен крем кој исто е наменет за мрсна или комбинирана кожа. Јас лично сум задоволна од Clean and clear кремата и Бalea young soft & care, дневна и ноќна крема, кои ги користам во комбинација со Sensilis лосионот. А лицето прво го мијам со Clean and clear 2 in 1. Лицето не ми било почисто до сега.
@muchacha_a Сите овие можеш да ги најдеш во ДМ. Clean and Clear ги има исто и во Зегин и Рамстор, а Sensilis го има и скоро во сите аптеки. Спојлер: Производи
Бидејќи Clean & clear 2 in 1 ми е при крај, ми треба предлог за производ од тој тип од кој сте задоволни. Овој си ја врши добро работата, само сакам да пробам некој друг од кој можеби ќе бидам позадоволна.
Здраво јас лично не би препорачала (ова е секако мое лично мислење). Вистина е дека мицеларните води се три во едно, чистат, освежуваат, тонизираат и притоа не мастат, меѓутоа во својот состав содржат и сурфактанти најчесто глукозиди кои имаат за цел да ја стопат и исчистат шминката и нечистотијата. Тоникот најчесто има друга функција, ја враќа пх вредноста на кожата, ги затвора порите, ги отстранува евентуалните остатоци од шминка и производи за отстранување на шминката. Составот им е различен, а со самото тоа и намената. Поздрав.