Ај казете ми некој тоник ,за чистење лице против акни( само да не биде од гарниер и тие на балеа, алверде сум пробала не сум задоволна) лицево знае да ми се исфрли од време на време,така да сеа користам тоник од севентин протв мрсна кожа не ми помага баш.
Јас сум задоволна од овој, го има во Еурофарм и ДМ, а верувам дека и во други аптеки. А и не е скап, околу 200 ден.
имам многу мрсно лице е сега сакам да си порачам некоја маска од орифлем дали мо и за помош кое од овие двете , а доколку вие знаесе некое друго што го имате користено со добри резултати кажете предлог фала многу
Значи, купив јас Зелена Глина од ДМ, и почнав редовно да ја користам... Ама, заклучив дека многу ми го суши лицето и нема некаква корист и ја оставив... Сега си викам ај втора шанса ќе и дадам, и еве три недели ја користам и многу добри резултати има Хахахахаха ај да не ја урочам, пу пу Ја препорачувам на оние со мрсно лице, склоно кон акни.
Па јас имам мрсна кожа, а после ова секогаш нанесувам крем, така што не знам како би реагирано на тебе ако го користиш самостојно. Бидејќи е против акни, можно е да е поаресивен од оние обичните само за чистење лице, но ја прави кожата мат што ми е мене голем плус.
Здраво ти препорачувам да ја користиш како маска само на оние делови каде ти е масно лицето или имаш црвки бубуљички итн. Ако имаш комбинирана кожа не ја нанесувај на сувите делови. Исто така при подготовката на маската стави и малку масло за да не биде многу агресивна на пример глина со зелен чај, малку мед и маслиново масло може да биде супер. Ако сакаш ќе ти дадам пропорции во зависност од видот на кожата. Поздрав.
@Biodevojka фала за советиве Имам комбинирана до мрсна кожа. Баш вечер ќе пробам да ја измешам со некое масло. Чисто ми е лицево моментално, само се плашам пак да не се нафрлам.
Ако имаш масна кожа пробај вака: - 1 кафена лажичка зелена глина; - 1 кафена лажичка мед; - 1 кафена лажичка цеден сок од портокал; - 2 коцки чоколадо(претходно стопено на пареа) или 1 кафена лажичка какао Види како ќе ти одговара па ако ти суши премногу (не би требало) тогаш пробај ја другава - 1 кафена лажичка зелена глина; - 1 кафена лажичка мед; - 1 кафена лажичка павлака (или маслиново масло); - 2 коцки чоколадо (претходно стопено на пареа) или 1 кафена лажичка какао Првата маска има и благ избелувачки ефект и богата е со витамин Ц. Поздрав.
@Biodevojka Аааа дефинитивно првава, поради чоколадово Ок, вечер пробувам и ќе пишам тука. Фала ти уште еднаш
Морам да го пофалам ова 3 во 1 многу е добра маскава само она ми помогна да се справам со акните и сега имам чисто лице благодарение на ова:
Во германија, незнам дали го има и кај нас..... Околу 100 денари наши пари е. Ама многу убава е маскава од првото ставање се гледа разлика.
Meне почна да ми се нафрла лицето од нечистотија на работа, значи ми се појавија како акни на лицето но не се акни , користам тоник од биотен но не помага некако , нешто ефикасно да ми препорачате ?
Ајде јас да ја пофалам ( и да не ја урочам уз пат ), маската за лице што ми ја препорача @Biodevojka Многу лесно се прави, ептеееен убаво мириса , за едно 10-15 минути се суши, има избелувачки ефект и ги суши активните акни.
Јас почнав да ги пијам таблетите Roaccutane Си го купив La Roche Possay Foaming гелот за лице. И ми стигна кремот Indoxyl за акни. И сега ако нема резултати си ја сечам главата дефинитивно! Хахахах..
Ауууу јас ги имам пиено како помала, коа влегов у пубертет. Помагаат и одмагаат, пошто на психа маваат. Пиј си валеријанче у меѓувреме.
Втората ја имам користено, и имам најмрнсно лице на светот.. многу е добра, задоволна сум. Го контролира мрсното лице.
Знам дека има НУС ефекти ама немам ништо резултати до сега имам испиено само 1 лента. Немам ни позитивни ни негативни резултати.