Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. young.lady

    young.lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Кожата на образите,брадата ми се лупи од effaclar duo plus.Го користам 4-5 дена.Дали треба така или?:(
     
  2. navyforever

    navyforever Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    Дечки незнам каде да пишам па тука да прашам за помош. Имам црнки околу устата болат страшно и ми искачаат бубулици на тоа место. Помош некој?
     
  3. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Не би требало така во никој случај, веројатно ти е изиритирана кожата. Пробај да не го ставаш неколку дена за да видиш дали ќе ти се смири лицето. И јас не го поднесувам ама среќа го пробав од тестер.
     
  4. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Здраво :)
    Лицево ми се лупи т.е поточно ми иде како да ми пука кожата и малку чудничко изгледа.
    Најчесто на образите и пределот околу очите и горните капаци.
    Ве молам препорачајте ми некоја крема за ова,благодарна однапред :)
     
  5. Beti82

    Beti82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Која крема е подобра, AVENE Cleanance Expert или BIODERMA sebium global?
     
  6. anonymousgirl03

    anonymousgirl03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2013
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Според мене avene е подобра :)
     
  7. zmaj333

    zmaj333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Јас момнтално користам Хербалајф козметика за лице од гел за миење на лице до серум, дневен, ноќен, за околу очи.Ексфолијаѕорот и маската се врв.Тоатално ја прочистиваат кожата Производите се топ. Кожата ја прават мека, мазна и со преубав тен.
     
  8. VlaeKompanija

    VlaeKompanija Активен член

    Се зачлени на:
    21 април 2015
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    devojki kje moze nekoj da mk kaze za sto se koristi ova
     

    Прикачени фајлови:

  9. MsLastovica

    MsLastovica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2015
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    69
    Пол:
    Женски
    Лосион е за комбинирана и мрсна кожа
     
  10. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво најверојатно кожата ти е многу сува штом се луши. Треба да користиш некои многу хранлива а истовремено и хидратантни креми. Ова е моја претспоставка секако не сум те видела, Имаш сува кожа така? До која цена сакаш производи? Поздрав.

    Здраво јас лично не би ти препорачала алкохол. Тој има такво влијание што ги денатуразлизира протините и многу ја суши кожата. Ако имаш чувствителна кожа може да биде многу агресивен. За акни има и други многу подобри решенија, не е само алкохолот. Ова секако е мое мислење. Поздрав.
     
    Последна измена: 13 март 2016
    На Anna-Banana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. young.lady

    young.lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka може ли да ми препорачаш нешто за миење на лице ама да не биде од дм?Имам мрсно лице,со лузни од акни на образите каде што највеќе ми се суши кожата од некои производи и имам по некоја акна.
     
  12. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга ајде да почнам од најевтиното. Има едно млеко за чистење лице од Оливал околу 210 ден. го купив на попуст (инаку редовна цена околу 350 така нешто) за сите видови на кожа е и не суши, не е органско ама формулата е убава. После го имаш гелот на Др. Хаушка како пилинг гел е со гранули од бадем кој е за сите видови на кожа, органско и нежно измива околу 675 беше ако не се лажам. Овој мене лично ми е многу убав затоа што не суши воопшто а чисти и прави благ пилинг на кожата. Кај мене на блог има и рецензија за како да се користи. Овие два ги имам пробано. Од она што немам пробано може да разгледам ама не би знаела да ти го кажам ефектот на самата кожа, само за состојките би можела да ти кажам. Дај ми ден два па доколку сакаш ќе ти предложам и нешто друго. Поздрав.
     
    На Mama25 и LollySky им се допаѓа ова.
  13. MacaMarchy

    MacaMarchy Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2016
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки,
    Епа вака, имам црнки на лицето и имам пробано на неколку начини да ги отстранам ама не ми успеа. Така да ако има некој, начин на кој ќе можам да ги отстранам ќе му бидам благодарна. :worried::mm:
     
  14. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    @MacaMarchy Третмани на козметичар со стискање, подобро од тоа за чистење нема :) А средство некое кое би ти помогнало не знам, бар мене не ми успеа со ништо.

    Мојата потрага по козметики за чистење на акните и лузните заврши во раце на професионалец. Од толку години пробување креми чуда, природни работи, лицето ми се направи со лузни и дупки ко никогаш да не било третирано. Последно користев Pro Activ искористив две колекции кои патем се намачив дур да стигнат до мене, бидејќи ги нема во Македонија. Се разочарав што не ми помогнаа и почнав со третмани во дерма бела. Досега имам направено еден длабок ТЦА третман, со лупење на кожата и еден класичен со стегање. Кошта многу но за ваков случај како мојов морав да се решам на ваков начин. :)
     
    На MacaMarchy и buttercup5 им се допаѓа ова.
  15. buttercup5

    buttercup5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    1.240
    Пол:
    Женски
    20160314_130527.jpg
    Се извинувам што се уфрлувам, јас ја користам пената на Логона од нане и хамамeлис и можам да кажам дека сум задоволна. Убаво ја вади шминката иако мислев дека ќе треба пола да ја трошам на едно миење. 695 денари е за 100 ml и ја земав од Зегин, а дерматологот и кожниот лекар ми потврдија дека е супер производ. Го сликнав и составот да го ѕирне @Biodevojka
     
  16. Arja

    Arja Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    За црнки да пробаш со оние лентите за Т зона (брада, нос и чело), мислам дека ги имам гледано во Веро. Инаку за мазно лице многу ми помогна Здраве, 52 денари мислам дека го земав во Зегин, мало плаво кутивче, се нанесува пред спиење иако јас го користам и два пати дневно кога можам ( пр. за викенди и сл. кога не излегувам преку ден затоа што е мрсна кремата и тешко се впива).

    Поздрав.
     
    На MacaMarchy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka каде ги купуваш производите на Оливал?
     
  18. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, во т.ц. Рамстор има продавничка на Тесори ди Маре и од таму ги земам. Порано имаше една и во Сити Мол ама ја затворија, а и онака Рамстор ми е поблиску. Обично секој петок даваа попуст на оливал на 50% ( не знам дали е уште така) па искористив да земам многу работи. Од оливал она што тврдам дека е добро е мицеларната вода, млекото за чистење, маската за лице, пилингот за лице и регенеративната крема за комбинирана кожа. Тоникот не ми се допаѓа затоа што не е комплетно природен има ПЕГ, а ноќниот крем има ланолин и затоа не го препорачувам. Поздрав.

    Здраво драга јас лично не препорачувам стискање затоа што кожата страда и се инфицира и здравиот дел околу. Порано и јас се стискав не е дека сум паднала од Марс, ама во Италија научив дека не треба воопшто да се прави стискање на лицето (ниеден козметичар во Рим не се нафаќаше да ме стиска без да потпишам изјава дека сама на сопствен ризик го правам тоа). Јас она што би ти препорачала е маски од зелена глина еднаш неделно на местата каде имаш акни. На овој начин со текот на времето (секако не веднаш) ќе успееш да ги исчистиш за тоа ти гарантирам. јас редовно ги правам. Кажи ми каква кожа имаш и каде имаш црнки за да ти предложам некоја верзија на маска со зелена глина (ги имам повеќе :))
    Поздрав.

    Производов е органски, со сурфактанти кои не се агресивни и екстракти специјално наменети за масна кожа. Комплетно е чист од аспект на декларација. Е сега, станува збор за типичен германски производ конзервиран со методот алкохол и етерични масла. Не знам колкав е процентот на алкохол, ама ако не ти прави проблем слободно користи го.
     
    Последна измена: 14 март 2016
    На MacaMarchy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. zmaj333

    zmaj333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Јас би ти препорачала да ги земеш од Хербалајф пилингот од јагодичести плодови и маската од глина и нане, точно тоа им е намената да ја чистат кожата на лицето, и лицето го прават преубаво!!! Пилингот ги чисти мртвите клетки и моментално ја измазнува кожата а маската длабински ги чисти порите!
     
    На MacaMarchy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MacaMarchy

    MacaMarchy Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2016
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka Кожата ми е малку масна али не се познава ни малку ниту пак ми е сува, така да претпоставувам дека е нормален тип кожа. Црнки имам на брадата, носот, образите и многу малку на челото.

    @zmaj333 Имам користено Eucerin и Neutrogena и не ми помогна нешто многу е досега не сум пробала Хербалајф ќе пробам па ќе видам дали ќе има резултати. Единствено нешто што ми помага е сапунот на Dove со јасмин и кокосово масло, и не ми се појавуват нови црнки бидејќи кожата ми е чиста.
    Само каде да го најдам ова од Хербалајф има во дм или во аптека?