Форумџика на годината

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. zmaj333

    zmaj333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Не, само преку дистрибутери, во Скопје во Велнес центарот можеш пробно да си направиш еден третман на сите нивни производи, па ако ти се допаѓа и да си купиш. Јас ги имам сите производи и кожата на лицето ми тотално променета на подобро откако ги користам.
     
    На MacaMarchy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Значи вака, еднаш неделно ќе направиш најнапред парење на лицето (не многу 5 мин. и не се доближувај многу до тенџерето за да не се изгореш). Во тенџерето може да ставиш 10 капки етерично масло од лаванда, суви цветови од камилица или рузмарин. Потоа ќе направиш благ пилинг од кокосово брашно со некое масло (бадемово, маслимово итн) или пак малку сода со масло, внимателно со благо движења, не стискај многу. Потоа ќе ставиш маска од зелена глина (секако претходно ќе ја продготвиш да ја нанесеш одма по пилингот) и тоа: една кафена лажичка зелена глина, една кафена лажичка какао, една кафена лажичка зелен чај или чај од камилица и една кафена лажичка мед. Стави ја само на оние делови каде имаш акни односно на Т зоната. Биди упорна и ќе видиш резултати. И јас постојано ја нанесувам затоа што имам Т зона и проширени пори кои за жал ги имаме сите, или повеќето од нас. Меѓутоа делува многу кај акните. Поздрав.
     
    На theowndemon, xxAngelxx, Ketchup и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Rirri

    Rirri Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    181
    @Biodevojka Каде можам да купам етерични масла и по која се цена отприлика?
     
  4. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, јас најнапред користев етерични масла на марката Флора ги купував од биокулт гтц на 2 спрат, ама во последно време немаат воопшто избор и се послабо ги носат. Цената им е од 350 па нагоре. Органски се и 100% чисти. Потоапочнав да испитувам и други марки со цел да видам дали се 100% и може да ти кажам дека етеричното масло од ЕСИ од чајно дрво е одлично, чисто иако не е органско кошта 190 денари во аптеки може да го најдеш. Инаку открив за среќа една нова марка која не е органска ама чисти се 100% маслата се вика МеиЛаб. Најголем избор од оваа марка има на штандот на Логона во т.ц. Капитол. Има рузмарин, лаванда, мента, еукалиптус, лимон, портокал и цената е од 170 па до 250 во зависност од маслото. Пристојни се како цена, повторувам не се органски ама се 100% чисти и сосема ок како производ. Поздрав.
     
    На 2036, LollySky и Rirri им се допаѓа ова.
  5. Rirri

    Rirri Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    181
    Ти благодарам на исцрпниот одговор. @Biodevojka
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DoktorkaOz

    DoktorkaOz Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    AVENE Cleanance Expert
     
  7. navyforever

    navyforever Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    Јас обично кога почнувам да кревам температура цело лице ми се нафрла, другарка една ми го препорача лосионот за лице од Сенсилис т.е Дермогалот. Имам и мрсна Т-зона. Исто и капаците ми се премногу мрсни. Дермогалот ми го спаси цело лице. Чисто ми е лицето, искачаат нели нормално бубулици за време на менстурален период.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Magenta

    Magenta Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2016
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Ако имате мрсно лице и проблем со акни и црнки ви го препорачувам Skinoren 490 ден во секоја аптека мене многу ми помогна :D
    Skinoren-krema.jpg
     
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.127
    Пол:
    Женски
    И јас сум презадоволна од Дермогал... оној на Галафарм го користам јас во комбинација со Хлоракол (исто на Галафарм..слична цена). Мада, во последно време тука кај мене, не го наоѓам вториов...па, Хлорадерм на Фитофарм ко замена ми го нудат, а пресилен ми е.
    И кај тебе ли има таков ефект, како да ти ја измазнува, ко стакленце/порцелан:D да ти ја прави кожата...да ти свети, но не како мрсна од крема -кожата?

    Јас,прво со хлораколот го чистам па, со дермогал.
     
  10. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Колку чини cicabio?
     
  11. navyforever

    navyforever Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    На пријателка моја таква и ја прави кожата мене не незнам можда многу ми е мрсна кожата.. Али коа ќе се исчистам суво е ко да сум стаила маска за лице и како тврдо да ми е лицето :D Aли многу ми помогна.. дефинитивно предобар а и убаво мириса :$
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Галафарм ја затворија уште пред 2-3 години, сега ги дотрошуваат залихите, затоа поретко се наоѓаат лосиониве, ама јас не би купила пошто сепак се произведени пред да се затворар, значи пред 3 години минимум може и повеќе. Јас го користам Хлорадерм на Фитофарм и мене ми е супер, истиот состав е со Хлоракол, двата содржат Хлорамфеникол кој не треба да се користи редовно, туку само по потреба бидејќи е антибиотик. Дермогалот содржи салицилна киселина па можеш да го замениш со било кој лосион со истиот состав, прашај во аптека ќе ти препорачаат, не би требало да има разлика во ефектот ако е ист составот. :)
     
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.127
    Пол:
    Женски
    Еј, ти благодарам. Не знаев :) ќе си останев без лосиони. Овој на Фитофарм не ни можам да го користам редовно,ми ја иритира кожата..оној на Галафарм еднаш дневно па го користев:^):D
    Ти благодарам за информацијата. Ќе си барам други. Нај ме нервира кога ќе си најдам нешто и треба замена да барам :) Пред тоа на Lóreal мислам, имаше еден гел за чистење на лице,исто со салицилна киселина и имаше исто таков ефект, ми се свиѓаше,како и дермогалот. Престанаа да го увезуваат. Од тогаш и немам купено друг гел за лице:|
     
    На agirl17 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    487
    Може ли некој да објасни која е разликата меѓу термална и мицелрна вода и што е подобро
    Јас имам мрсно-мобинирано лице, чуствително, склоно е кон нафлрување, црвенило(посебно во зима) и црнки...
    Преку лето го користам кремот со заштитен фактор на авене и е нешто најдобро, но ми треба нешто што преку ден ќе ми ја освежува кожата и чисти... И ако знаете некој крем за преку ден, како подлога за пудра кога е ладно времето? Сум користила производи Дове, Нивеа, Гарниер, но ништо од ова не ми помага само ми влошила ситуацијата и сфатив дека ми треба само медецинска козметика..
    Ми ја предложија на Mixa мицелрната, дали некој ја има користено?
     
  15. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, разликата помеѓу мицеларна и термална вода е во тоа што мицеларната вода во својот состав има сурфактанти и служи за отстранување на шминката од лицето. Иако е производ кој не се одмива, јас сепак препорачувам одмивање во случај на остатоци од шминка, прљавштина од преку ден што се насобрала, а и токму затоа што содржи благи сурфактанти. Термалната вода е едноставно вода извадена од некој термален извор и може да се употребува наместо тоник или секој пат кога ќе посакаш да ја освежиш кожата (особено летно време). Може да ја користиш и како фиксатор на шминка. До која цена сакаш да биде кремот за да знам што да ти предложам? Како мицеларна вода ти ја предлагам онаа на Оливал, која кошта само 380 или 350 ден (не ми текнува точно) за пола литар пакување. Не е органска ама одлично е формулирана и може да кажам дека е една од најпристапните производи со добра формула. Јас моментално ја користам. Доколку имаш масна кожа, подобро е шминката да ја вадиш со мицеларна вода. Други мицеларни води што сум пробала се поскапи накај 1000 денари, ако ти одговара како цена ќе ти пишам. Поздрав.
     
  16. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    487
    Ти благодарам, можеш да ми предложиш и до 1000ден зашто навистина ми е мн.важно лицето и сакам тоа што ќе го земам да биде навистина ефективно, до сега сум гледала да поминам поефтино но за џабе зашто на крај пак не ми се погоди. Имам масна-комбинирана кожа да, имам 17ипол год, и склона е кон акни, црвенило, и многу е чуствителна...чекам да ми пишеш поздрав :)
     
  17. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво еве ти разни производи и цени па одбери си сама.

    1. Масло од јојоба: ова е едно од најдобрите масла за комбинирана и масна кожа кое постои. Има ефект анти акни и како структура е најблиску до нашата кожа. Цена 315 денари во биокосмос т.ц. Буњаковец. 100% чисто и органско Моментално пишувам статија за ова масло ќе биде готова за два дена ако не ти се брза.
    2. Крем Оливал за комбинирана кожа ја немам пробано ама има убав состав. Не е органска ама убаво е формулирана и би требало да е доста хидратантна. Ја има во Тесори ди Маре т.ц. Рамстор.
    3. Масло за лице за масна кожа Др. Хаушка околу 1100 денари го имам пробано и многу ми се допадна. Ја балансира кожата. Го има во аптеки.
    4. Крем за масна кожа Гамард го немам пробано и не знам каков ефект има ама како состав е добар и хидратантен. Цена 980 ден. го има во аптеки.

    Се надевам доста избор ти дадов. Поздрав.
     
  18. DailyGlamorous

    DailyGlamorous Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    8
    Девојки,последните два месеци лицето ми е катастрофа.Ептен многу црнки и акни ми се појавиа.Шминка многу ретко користам,два-три пати месечно значи не е од тоа.Имам премногу сува кожа,користев крем на нивеа,бекутан,биотен и афродита и ниеден не ми одговараше. Сега сум во потрага по нов,па ако знаете некој убав за ептен сува кожа пишете ми.
    Планирав да купам некој лосион,ама тоа уште толку ќе ми ја исуши кожата и сега се мислам што да правам.
    Бев на лекар,ми препорачаа Еуцерин ама не сакам уште сега да ги користам. Па ете,ако некоја знае да ми препорача добар лосион,крем за лице или нешто како да ги снема акниве зошто долго време чекав сами од себе да се повлечат.
     
  19. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Дали ти го препорача дерматолог или сама си го купи?
     
  20. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    1.969
    Каде да најдам тестер? Јас сакам да го купам, ама не ми се даваат пати џабе, ако го имам истиов ефект