Здраво драга, колку години имаш и дали дерматологот ти кажа од што ти се појавиле акните? Што ги предизвикало? Ако добро сфатив имаш сува кожа со акни или грешка сум? Поздрав.
Здраво девојки! Јас имам навика лоша понекогаш да ги стискам мозолчињата. Не ми излеваат многу, ама ептен ги надразнувам, и имам по некоја лузна на лицето од тоа. Дали знаете некоја добра крема, лосион или било што би ми помогнало со лузните и лицето? Не сакам да ги гледам на лицето :/
Малку внимателно со Скинорен особено летно време, затоа што не смееш на сонце ако се мачкаш со него ... јас го користев и цело лето со капа бев ...
Здраво на сите, ви предлагам една навистина многу лесна маска за подготовка, а доста функционална. Се надевам ќе ви се допадне. Поздрав Фантастична маска за кожа без акни Здраво драги мои, секогаш во потрага по нови рецепти за малите несакани акни на нашето лице, во денешнава статија би сакала да ви предложам една навистина фантастична и многу функционална маска против акни, црнки и митесери наменета за масна и комбинирана кожа. Се нанесува само на она место каде сте склони кон акни (на пример Т зоната). Избегнувајте ја доколку имате сува или многу сува кожа. Потребни состојки за оваа маска се: 2 до 2 ипол големи лажици зелена глина 2 големи лажици сода бикарбона 2 големи лажици деминерализирана вода 1 голема лажица мед 4 капки етерично масло од чајно дрво Во еден сад (внимавајте да не биде метален со оглед на тоа што користиме зелена глина) ставете најнапред една лажица зелена глина (и лажицата исто така не треба да биде метална). потоа додадете ја содата па медот и на крај двете лажици вода (полека додавајте ја водата, постепено затоа што содата ќе почне да реагира). Убаво промешајте ја смесата и додадете уште една или една ипол лажица глина додека да добиете убава смеса. На крај додадете го етеричното масло од чајно дрво и повторно убаво промешајте. Префрлете ја смесата во едно празно чисто кутивче и вашата домашна волшебна маска против акни е готова. Состојките кои ги употребивме како зелената глина, содата, медот и етеричното масло од чајно дрво се одлични против акни, и со редовна употреба доста ефикасно ги намалуваат веќе постоечките и ја спречуваат појавата на нови. Оваа маска пожелно е да ја користите два пати неделно само на оние места каде има потреба (не на цело лице). Се нанесува на убаво исчистено лице и се остава 20 до 25 минути. По истекот на времето нежно отстранете ја од лицето со помош на едно сунѓерче и млака вода. Маскава нема потреба од конзерванси затоа што има алкална ph вредност и трае до два месеци. Важно е да ја земате со чиста дрвена лажичка или шпатула, а не со влажни раце за да не ја расипете. Со редовна употреба навистина ќе забележите разлика. Се надевам дека и овој рецепт ви се допадна и дека ќе се обидете да го направите. Толку едноставно, а сепак функционално. Поздрав Вики
Нешто за црнки? Ама да е ефикасно оти до сеа ништо не ми помогнало. А и да ве прашам за тело што би можело да ми помогне, имам многу брунчиња на грбот и понекогаш ми излегуваат едни како поткожни големи и многу болат.
Имам 16 години. Не,не ми кажа од што се појавиле акните.Во државна болница бев,па само ми препорача што да користам. Инаку да,сува кожа имам со неколку акни.
Здраво, па добро на тие години нормално е да се појавува по некоја акна, хормоните си го прават своето. Инаку би ти препорачала да оддржуваш одлична хигиена со добар чистач на лице (гел или крем) благ да не ја суши кожата, и да користиш добра хидратантна крема. Немаш потреба од многу третмани, во овие години најважна е хигиената и хидратацијата на кожата. Исто така и некој добар тоник за лице. Ако сакаш ќе ти предложам нешто, кажи само до која цена. Поздрав.
Супер објаснета постапка, само дали е ОК за сува кожа, имам сува ама со Т зона,значи црнки на Т-зоната?
Може ако ја ставаш само на зоната каде имаш црнки, не на остатокот од лицето. Значи на пример ако имаш црнки на носот или брадата, стави само таму. Поздрав. Драга @LadyR за оваа проблематика треба да делуваш со два типа на состојки и тоа: антиоксиданси кои се од огромна важност кај лузничките и црвенилата пост акни или бубулички и со смирувачки состојки како маслото од невен, кантарион, шеа путер итн. Може да почнеш навечер да го правиш третманот со витамин Ц за кој имам говорено кај мене на блог, а потоа онаму каде имаш црвенила или лузничи да нанесеш малку масло од невен или шеа путер на благо навлажнета кожа. Целта на овие состојки е да ги смират пред сѐ црвенилата и да ја обноват регенерацијата на ткивото. Невенот и шеа путерот се одлични за таа работа. Пробај па кажи дали има резултати. Доволно е ова да го правиш еднаш дневно, најдобро навечер кога имаш повеќе време и да бидеш трпелива оти преку ноќ нема да видиш резултати. Поздрав.
Вчера разбрав дека аптеките редовно се снабдуваат со лосионите на Галафарм. Фирмата не е затворена, само опаковката на Хлораколот и Дермогалот се променети. Пофино, да речеме, изгледаат..
Јас се извинувам ако дадов грешна информација, уште средно кога бев фармација зборуваа дека Галафарм се затвори и не носеа во Фитофарм, исто и во Зегин кога барав некој производ нивни, мислам масло некое беше ми кажаа дека ги дотрошуваат залихите пошто не постои повеќе фабриката.. Како и да е тоа одамна беше, можеби во меѓувреме фабриката ја презедоа други газди па затоа се сменети амбалажите и имињата на некои од производите
Moжно е Ич не е проблем.Форум е да човек дознае нешто, размени искуства..така што, ако излезеше стварно да ги снема, ќе ти бев благодарна за препораките од претходно Поздрав до тебе.Уживај во остатоков од неделава
Јас сакам да ја замолам @Rose96 да ни ја пише нејзината секојдневна рутина за нега на лицето, ако сака. Имаш многу чисто и негувано лице.
Девојки кремата од Avenne Cleanance Expert е поранешна Cleanance K така? Знам дека е за лузни од акни и пожелно е да се става навечер. Требаше уште лани да почнам да ја користам али еве дуури сега ја земав па ќе видиме, се надевам ќе има резултати