Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Јас да си кажам дека почна да ми се чисти лицето кооонечно. Погоре во постовите спомнав дека правам хемиски пилинзи, досега имам направено два. Највероватно ќе оам на уште еден а потоа на третмани со дерма ролер заради лузните. Кошта стварно оваа работа но стварно има ефект.
     
    На afrodita26 и xxAngelxx им се допаѓа ова.
  2. mula

    mula Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2016
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    2.443
    Пол:
    Женски
    Јас го чистам со овесни трици секое утро и вечер. Земам од тоа триците во рака и околу една минута ги потопувам низ млаз млака вода и после ги нанесувам на лице, па си го мијам лицето. На почетокот (околу една недела ) лицето ми беше ептен суво, ама така треба да биде. Да не се грижите ако пробате.
    Не користам никакви креми- користам само маслиново и кокосово масло.
    Ете така штедливо и мрзливо си добивам комплименти за чисто лице.
     
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  3. VlaeKompanija

    VlaeKompanija Активен член

    Се зачлени на:
    21 април 2015
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    kade mozam da kupam zelena glina za lice?
     
  4. secretboy

    secretboy Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2016
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    KADE MOZI DA SE KUPAT ORGANSKI KISELINI- ZNajte onie sho se upotrebuvat za tretmani na lice ( hemiski piling)
     
  5. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Во аптека или поголеми маркети.
     
  6. VlaeKompanija

    VlaeKompanija Активен член

    Се зачлени на:
    21 април 2015
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    preporaka nekoja?
     
  7. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.278
    Допаѓања:
    7.759
    @Biodevojka мислиш на маст од невен? Купив на балеа и многу е мрсна. Би било најдобро навечер да го правам ова со витамин ц и после маст од невен, зарем не? :) Кога никој не би ме гледел мрска во лицето :D
     
  8. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Јас од Vitalia користам, околу 200 денари е, ама големо е пакувањето. Не знам дали има од други производители.
     
    На blueberry93 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, не знам што содржи таа маст од невен. Јас говорев за масло од невен кое е чисто. Евентуално ако можеш сликни декларација. Инаку навечер е најдобро ама не претерувај со количината. Многу малку е доволно.
     
  10. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга не те заборавив, ајде пробај масло од јојоба и нанеси мала количина на лицето наутро и навечер на убаво чисто лице. Кожата треба да биде благо навлажнета за маслото полесно да се впие и да има подобар ефект. Цената му е 315 денари и ќе го најдеш во биокосмос т.ц. Буњаковец. Ми рекоа дека кога препорачувам најдобро е да ставам и слики па еве ти слика од маслото
    [​IMG]
    За чистење на лицето ти го препорачувам гелот од алверде со лековита кал
    [​IMG]
    цената не ми текнува точно ама беше некаде околу 170/180 денари. Така да ќе платиш до 500/600 денари за двете заедно како што побара. Поздрав.
     
    На DailyGlamorous му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Додека сме веќе на тема чиста кожа, можеби најдобро ќе биде овде да ја ставам статијата за маслото од јојоба, со оглед на тоа што има одличен ефект како средство против акни и успешно ја чисти масната кожа и го редулира производството на себум. Поздрав.

    Масло од јојоба: вистински дар од природата

    [​IMG]

    Маслото од јојоба претставува едно од најдобрите состојки за нега на кожата, косата и ноктите. Неговите корисни својства биле добро познати уште одамна, од времето на старите племиња во Северна Америка. Според хемиската структура маслото од јојоба всушност претставува “восок“, меѓутоа се нарекува масло затоа што за разлика од останатите природни восоци, јојобата е течна на собна температура и се добива од семките на билката Simmondsiachinensis на сличен начин како и другите растителни масла.

    Маслото од јојоба е едно од најотпорните масла на оксидација, може да издржи до девет ипол часа на температура од 130С° без никаква промена во структурата. Богато е со витамини како Е, Б2 и Б3 и претставува одлична состојка за ублажување на било каков проблем со кожата. Во продолжение на оваа статија ќе разгледаме на кој начин и во кои случаи може да го користиме маслото од јојоба.

    ДАР ОД ПРИРОДАТА ЗА КОЖАТА

    [​IMG]

    Маслото од јојоба е едно од ретките масла кое има огромен позитивен ефект во третманите против акни, со оглед на тоа што го регулира производството на себум и ги чисти порите кај масната кожа. Себумот претставува масен микс кој е производ на лојните жлезди во самата кожа. Тој претставува дел од хидролипидниот филм на кожата кој има за цел да ја заштити кожата од надворешните влијанија.

    Структурата на маслото од јојоба е многу слична на оваа на себумот и благодарение на ова кожата одлично го апсорбира ова масло, а притоа не настанува никаква алтерација на основните својства на хидролипидниот филм. Маслото од јојоба од една страна и помага на кожата да ја задржи водата присутна во самата кожа, меѓутоа од друга страна и дозволува да дише и не доаѓа до запушување на порите. Затоа ова масло масивно се користи во добро формулираните органски креми за масна кожа.

    Како што веќе напоменав, кожата одлично го апсорбира ова масло и не свети. Истовремено маслото од јојоба има својство да ја чисти масната кожа, со оглед на тоа што го регулира производството на себум. Ова масло е одлично и во комбинација со зелена глина. Во 2012 година беа објавени резултати од едно испитување на ефектот на маслото од јојоба во комбинација со зелената глина (како маска) на 194 пациенти. Забележано е намалување на 54% на акните кај пациентите по 6 недели третман. Повеќе може да прочитате овде http://www.karger.com/Article/Abstract/338076

    [​IMG]

    Маслото од јојоба исто така го забавува стареењето на кожата благодарение на големото антиоксидантно дејство. Кожата делува покомпактна, посјајна и позатегната. Одлично е како средство за нега на кожата околу очите со оглед на тоа што ја затега кожата и помага во измазнувањето на брчките. Нанесете ја на благо навлажнета кожа по тоникот или помешајте ја со малку алое вера гел за уште подобар ефект.

    Ова масло може слободно да го користат и мажите пред и после бричењето со оглед на тоа што ја заштитува кожата и ја оддржува хидратацијата. Пред бричењето нанесете поголема количина и убаво втријте ја во кожата, додека после бричењето доволни се неколку капки на благо навлажнето лице. Ја оддржува кожата перфектно мека, хидрирана и сјајна.

    За време на летниот период, за да го зголемите хидратантното дејство на кремите за сончање пред да ја нанесете заштитната крема нанесете малку масло од јојоба под неа. Добро нешто е што ова масло може да го нанесувате и зимно и летно време како заштита на кожата со оглед на тоа што не масти и лицето не свети.

    ПРЕКРАСНА И ЗДРАВА КОСА

    [​IMG]

    Маслото од јојоба е одлично и како третман за косата, особено доколку е сува и безживотна. Ја заштитува косата, го враќа нејзиниот сјај и има голем хранлив ефект. Јас би ви препорачала да го користите наместо силиконски капки за коса на сува коса само на врвовите, или по должината на косата по миењето и пред сушењето на косата. Доколку сакате рецепт за домапни природни силиконски капки прочитајте ја оваа статија http://biodevojka.blogspot.mk/2015/10/blog-post_25.html

    [​IMG]

    Доколку имате проблем со масна коса и себореичен дерматит, во тој случај маслото од јојоба може да биде од огромна корист. Сѐ што треба да направите е да нанесете малку масло од јојоба само на коренот на косата со блага масажа, и да го оставите околу 30 мин. Потоа измијте ја косата со благ добро формулиран шампон. На овој начин го спречува и опаѓањето на косата, секако доколку не постојат други хормонски проблеми за оваа појава.

    СРЕДСТВО ПРОТИВ СТРИИ

    Маслото од јојоба е одлично средство во спречување на стриите на кожата. Доколку редовно се аплицира на местата каде најчесто се појавуваат стрии како стомакот и градите, помага во намалувањето на веќе постоечките и секако ја спречува појавата на новите. Ја оддржува кожата еластична и хидрирана.

    ЗДРАВИ И ЈАКИ НОКТИ

    [​IMG]

    Маслото од јојоба има огромно позитивно дејство во негата на ноктите со оглед на тоа што ги зајакнува и ги прави поиздржливи. Исто така, доколку редовно се користи, ја омекнува и кожичката околу ноктите.

    Се надевам дека информациите кои ги прочитавте без доволни да ве убедат во безбројте корисни својства на ова масло за секој вид на кожа и коса. Се надевам дека ќе му дадете можност и ќе се уверите во неговите бенефиции.

    Вики
     
    Последна измена: 29 март 2016
    На Lux, Mama25, kjukli и 6 други им се допаѓа ова.
  12. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.278
    Допаѓања:
    7.759
    petrolatum, helianthus annuus seed oil, panthenol, glycine soya oil, lanolin, parfum, calendula officinalis flower extract, juglans regia shell extract, beta-carotene, daucus carota sativa root extract, tocopherol :)
     
  13. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    На прва позиција има петролатум што значи дека комплетно е на база на нафтени деривати. Јас би ти препорачала чисто масло од невен. Поздрав.
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DailyGlamorous

    DailyGlamorous Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    8
    Ти благодарам Biodevojka,обавезно ќе ги пробам.
     
  15. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.881
    Допаѓања:
    5.217
    Пол:
    Женски
    Дали го има ова кај нас? Ова е индиска маска, во прав е.
    [​IMG]
     
  16. Nella404

    Nella404 Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Ова не сум го сретнала никаде, го имаш користено?
     
  17. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.881
    Допаѓања:
    5.217
    Пол:
    Женски
    Не, ја видов на јутуб, девојката многу ја фалеше, а после најдов на нет и други што имаа позитивни искуства.
     
    На Nella404 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга ја побарав на интернет затоа што ме интересираше составот и ова го најдов
    Ingredients
    CALCIUM BENTONITE (green clay)
    Значи има само зелена глина. Можеби е подобар квалитет од онаа која ја имаме овде ама сепак само за зелена глина станува збор. Поздрав.
     
    На Elence93 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. afrodita26

    afrodita26 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.565
    Пол:
    Женски
    Мислaм декa ги немa вo прoдaжбa сепaк aкo нaјдиш пиши.Имaм кoристенo тoник и крем зa лице сo oвoшни киселини oд lipo кoзметикa.
     
  20. Beti82

    Beti82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Ova go ima na iherb.com mozes od tamu da si go naracas.
     
    На Elence93 му/ѝ се допаѓа ова.