Oд Avene кремите се многу квалитетни, медицинска козметика баш за чувствителна кожа, со заштитен фактор 20. Ги има во Зегин, околу 1200-1300 денари. За масна кожа ти ја препорачувам Avene Legere кремата.
Дали кремите на Алверде имаат заштитен фактор? Ми треба некоја крема за мрсно лице што ќе содржи заштитен фактот, предлог?
Здраво, може ли да ми помогнете имав многу чисто лице и не знам што се случи сега во пределот на образите и надоле имам како некои црвени дамки и на челото постојано имам мозочиња, некоја крема така да ми препорачате??
Не сум правела маски, такви работи....ама сакам да прашам како треба, прво пареа на лице па маска или обратно?
Ме интересира дали некој го има користено кремот Имекс што е како пудра, дали кремовите за акни може да се нанесуваат навечер, зашто преку ден немам време а нити можам овој крем денски да го ставам, а негде имам читено дека крем навечер не е добро?
@mariahe Ваљда знаеш дека ова кремче се става само на акните не на цело лице и да се става навечер. Јас сите креми чуда за акни што сум ги користела пишувало наутро и навечер, или само навечер.
@M.laDy да знам дека само на акните се става...ама преку ден немам време да го мачкам па го ставам само навечер во период кога ќе се нафрли лицето...сакав да прашам нема врска зашто навечер го ставам
Што би било подобро тоник или мицеларна вода? Ми треба нешто што преку текот на денот ќе ја освежувам кожата а воедно ќе ги отсранам нечистотиите на лицето.. Јас ја имам на Оливал мицелрната вода, но наместо да го чисти, таа повеќе му дава дополнителен сјај на лицето и ми ја мрси кожата..Некоја мицеларна за мрсно-комбинирано лице која отпосле не е потребно одмивање? Нема да ја иритира кожата?
Јас не сум задоволна. Немаше некакво подобрување на лицето, исто и подлогата за пудра не ми се свиѓаше. Има некаква чудна портокалова боја која се нанесувше нерамномерно и лицето ми светнуваше одма.
Мене ми треба некој лосион или гел за многу мрсно лице значи нема што немам пробано.. посебно ми се мрси околу т-зоната. Го користам гелот од бел чај од планет спа ама не ми помага некако Нешто друго да ми препорачате ?
Ако лицето ти е склоно кон акни, моја ппрепорака ти ее да си земеш Gerovital plant гел за миење на лице. Мене ми помогна и тоа многу, мислам дека беше 210 или 230 ден. така нешто.
Дали сте ги користеле производите на Eveline pure control? Сакам да ги купам гелот за длабинско чистење, тоникот и кремата за лице.
Што би препорачале за секојдневно чистење на лицето(не од шминка, туку како вообичаена рутина)? Потребно ми е нешто што би дејствувало на вадење на нечистотијата и бактериите и освежување притоа? Ако има некој искуство со овие два производа, може да сподели, и ме интересира, дали овие креми/пилинзи предизвикуваат некаква иритација, црвенило итн?
Го користев второто и преубаво е! Многу е нежно и ја остава кожата многу мека. Има гранули, но не иритираат, туку како да се топат веднаш. Не е како класичен пилинг, повеќе е како крем за миење лице.
Јас го користам овој пилинг и задоволна сум. Пилинг е со ситни гранули. Имам сува и чуствителна кожа склона кон иритации, ама со овој пилинг немам проблем. Го користам еднаш неделно.
@Elence93 Јас ги порачав тоникот за лице, гелот и маска+пилинг и за сите пишуваше дека го намалува сјајот, ги чисти акните како и црнките. Читав добри рецензии на Интернет, па па останува да стигнат па да ги пробам. Исто така одговара за мрсна кожа, додека сува, комбинирана дополнително ги суши.
Пробај да користиш пена за чистење на лице Mousse nettoyante од Авен (за чистење на лице) и Fluide Matifiant Hydratant (за нега). Има премногу задоволи кој го користат овој третман со ваков проблем како твојот.